Хороскоп
Овен
Ден кога можете да очекувате максимален успех. Сепак на работното место можни се мали недоразбирања. Бидете многу внимателни во сообраќајот и избегнувајте да консумирате алкохол. Здравјето ви е нестабилно.
Бик
Овие дена лесно ќе се впуштите во нова авантура. Во секој случај љубовниот живот нема да ви биде ниту малку досаден. Финансиската ситуација е помалку проблематична бидејќи имате големи трошоци. Дури до крајот на неделата тоа ќе се поправи. Внимателно во сообраќајот.
Близнаци
Поминувате многу време дома. Односот со партнерот би можел да се разниша, па затоа водете сметка што ќе изговорите, за подоцна да не се каете. Здравјето ви е одлично, но и финансиската состојба ви се поправа.
Рак
Партнерот се наоѓа во некое чудно расположение, па не сте сигурни за што се работи, а вие сте склони кон авантури. На работното место ќе имате недоразбирања со колегите од спротивниот пол. Здравствената состојба ви е одлична, иако е пожелно да се бавите со некој спорт.
Лав
Денес сте прилично сентиментално расположени, но и финансиите ви се добри. Што се однесува до наклонетоста на партнерот ќе имате извесен успех доколку не очекувате премногу. Полека ви се средуваат и семејните проблеми. Здравјето ви е добро.
Девица
Денес ќе бидете особено осетливи на емотивен план што може да резултира со пад на имунитетот. Односот со партнерот не ви е најдобар, па треба да размислите за некои работи. Ќе ви се пружи исклучителна прилика да отпатувате во текот на наредниот викенд.
Терезија
Ќе чуете добри вести од некој пријател, а тоа се однесува на пари. Ќе влезете во еден деловен потфат кој ќе ви донесе голема заработувачка. Во љубовта ќе доминира страста, со повремени изливи на нежност. Здравјето ќе ви биде променливо, но наскоро ќе ви се поправи.
Скорпија
Пред вас е поволен ден. Финансиската ситуација ви се подарува. Ве очекува патување, како и поволни вести од странство. Не очекувајте премногу од љубовниот живот. Партнерот не се чувствува најдобро, па затоа се можни сексуални проблеми. Здравјето ви е солидно.
Стрелец
Многу очекувате од партнерот и тоа може да биде причина за разочарување оваа недела. Посебно критичен ден бидејќи ќе го фатите партнерот во лага. На работното место ве очекува помал успех. Кога станува збор за финансиите потпрете се на партнерот. Здравјето ви е без промени.
Јарец
Оваа недела ве очекуваат многу обврски. Материјалната ситуација се поправа, но ќе имате и големи расходи. На љубовен план состојбата е комплицирана, па ќе имате расправии со саканата личност. Повеќе внимание посветете на здравјето.
Водолија
Премногу сте врзани кон партнерот, но тој е груб со вас. Тоа ќе дојде до израз наредните неколку дена. Страстите ќе ви бидат нагласени и ве очекуваат бурни сексуални искуства. На деловен план ве очекува извесен успех. Не е лошо да посетите лекар.
Риби
Пред вас е ден во кој ќе морате многу да работите, но од тоа ќе имате корист. Кариерата ќе ви се одвива во позитивен правец. Љубовниот живот ви запаѓа во мала криза, па затоа не очекувајте премногу на тој план. Бидете особено внимателни во сообраќајот, бидејќи се можни повреди.
|