09.10.2011, 22:27 Мислења
Тешко на Грците, блазе на Македонците
Слободан Најдовски
Нема место за споредба со стандардот и со квалитетот на живеење кај нас и со оние на Грците, ние сме далеку посиромашни
Изминатата недела, македонската Влада преку првиот финансиер на двапати ја прокоментира финансиската состојба во Грција. Првиот пат многу децидно беше соопштено дека на Грција во скоро време и' претстои банкрот. Ваквата вест соопштена од високо државно ниво значи палење на црвеното светло за домашните бизнисмени, посебно за оние чии коминтенти се од соседната држава. Можеби и затоа само после неколку дена констатацијата беше ублажена со формулација дека банкрот ќе има, ама ќе биде контролиран.
Информирањето за економските состојби кај нашиот јужен сосед е добро бидејќи Грција е еден од нашите поголеми економски партнери, без разлика на спорот со името кој ја оптоварува можноста за уште поголема соработка. Од ваквите информации, соопштени од високи функционери, стопанствениците треба да ги предвидат своите активности во економската соработка со своите партнери од Грција. Истовремено, овие информации можат да послужат за внимателност доколку дојде до несакани последици во меѓусебните економски односи, како резултат на финансиската состојба во Грција. Но изнесените информации требаше да бидат проследени и со одредени мерки и укажувања од надлежните институции до македонските стопанственици. Само во тој случај ќе може да се разбере суштината на пораките. Тоа би било така ако информациите беа наменети за оние кои во овој момент се најзаинтересирани, односно менаџерите на домашните компании.
Но, впечаток е дека информациите многу повеќе се насочени за политичка употреба и манипулација на домашен терен. Многу ме потсетува на разговори на поединци, од типот дека на Грците им се враќа заради неправедната политика кон нас и ќе видат во каква криза и сиромаштија ќе западнат, а без да погледнат дека џебот им е празен. Од пласираната информација, каква е состојбата во Грција треба да следува заклучок и препорака за споредба со која политиката на нашата влада влева сигурност и дека македонските граѓани треба да бидат среќни што имаат ваква влада. Демек тешко на Грците што ги чека и во каква состојба се наоѓаат, а блазе си на Македонците, благодарение на Владата.
Не е спорно дека економската состојба во Грција има последици по стандардот на грчките граѓани, но да се алудира дека се во полоша состојба од нас во најмала мера е несериозно.
Нема потреба за некоја посебна економска анализа, иако таа ќе даде многу попрецизни податоци, за да се осознае почетната слика. Доволно е да се погледне во продавниците во регионите кои гравитираат кон јужниот сосед. Само ако се погледнат кошниците кои ги полнат во поголемите маркети и пред касите за наплата и тие да се споредат со оние на нашите потрошувачи ќе се забележи разликата во нивото на животниот стандард.
Проблемот на мнозинството грчки граѓани не е да се борат за гола егзистенција туку како да се откажат од многу бенефиции кои ги имаа во минатото. Нивните протести се против намалувањата на примања кои беа екстра приход за висок животен стандард. Тие протестираат што им се укинува четиринаесетта или тринаесетта плата. Тие се против укинување на испратнина за во пензија која за наши услови е како купување стан со заминувањето во пензија.
За да се има уште попрецизна слика за тоа доволно е да се погледне кои се мерките што грчката влада со закон за плати, кои според одредени медиумски информации, ги предлага за намалување на издатокот на државната администрација. Од таму ќе се види дека најниската плата во администрацијата ќе биде на ниво од седумстотини и осумдесет евра наместо досегашните седумстотини и единаесет а највисоката ќе биде две илјади и двеста евра. Анализирајќи го законот се гледа дека административците во Грција ќе добиваат бонус за Божик во висина од петстотини евра, а за Велигден и годишен одмор по двеста и педесет евра. Тука се и додатоците за деца како и посебен додаток од сто евра за работа во пограничен реон. Покрај овие надоместоци останува и можноста за дополнителни бонуси.
Нема место за споредба со стандардот и квалитетот на живеење кај нас каде што стапката на сиромаштија е над триесет проценти а шеесет проценти од населението со своите месечни примања, целосно или делумно не ги задоволува основните потреби за живот. Само како куриозитет, во Грција се протестира против најмалата плата во администрација од седумстотини и осумдесет евра. Наспроти тоа, нашата Влада ги убедува работниците дека треба да експлодираат од среќа за постигнатиот договор за минимална плата од сто и триесет евра кои ќе ги добијат по три години. Сегашните примања на шеесет илјади вработени се под сто евра или половина од цената на основната потрошувачка кошница или на годишно ниво нашите вработени примаат плата колку надоместоците за Божик, Велигден и годишен одмор на Грците.
Неспорно е дека Грција се соочува со финансиски проблеми и тамошните граѓани ќе ја платата цената на погрешната фискална политика на нивните влади во минатото. Но, далеку од тоа дека ќе дојдат во таква состојба што ние ќе сме подобри како резултат на, наводната, успешна економска политика на Владата. Како и Грците денес, така и македонските граѓани во иднина ќе го платат данокот на сегашната нереална политика кога е во прашање државниот буџет, односно неговото финансирање, ама цената ќе биде повисока. Затоа споредбите на секој план во економска смисла на стандардот и квалитетот на живот на граѓаните од двете држави е скоро бесмислена ако суштински не се промени економската политика кај нас.
Нашата Влада треба да ја следи состојбата кај јужниот сосед. Доколку оцени за потребно треба навремено да реагира за да немаме или да ги намалиме евентуалните штети. Но, наместо да слушнеме кои мерки ги презема Владата, по се' изгледа стратегијата е како да се манипулираат нашите граѓани и да седат мадро опоменувајќи ги дека од лошо има полошо. Значи целта е едноставна, при што се настојува да се избегне расправата за стандардот кај нас, да се избегне разговорот за сиромаштијата на нашите граѓани.
Дали пренагласеноста на пораката за состојбата во Грција треба да се сфати како мелем на рана за крајно неразбирливите и неаргументирани пречки кои ни ги прави Грција на патот за нашата евро-атланска интеграција? Прашање е дали и пораката е во ст илот на познатата поговорка ,,Да му цркне козата на соседот”? Арно ама, тоа значи дека соседот има коза, а ние?
(Авторот e поранешен пратеник)
|
|
Статијата е прочитана 2231 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 10.10.2011 01:03:36 | Se slozuvam deka kvalitetot na ziveenje na nasiot prosecen graganin i grckiot e vo korist na Grcite. No onie 800 evra plata,pa i onie 2000evra plata za Grcija, cenite i trosocite koj se tamu, se bukvalno nisto. Ogromen broj Grci (kako i na zapad) ziveat vo stanovi/kuki na kredit (kaj nas vo divogradbi, i tuka sme vo prednost), skolarini, doktori... se ogin skapi, pa taka da plata od 800 evra tamu e isto kako 150 tuka. Kako i da e, Grcite ne gi ceka nisto dobro slednite 50godini, no i ostatokot od Evropa so standardot zabrzano ke odi dole. Nasiot problem e sto sme i nie del od Evropa i zavisime od site okolu nas. Sega za sega spadnavme na najnizok mozen standard, pa natamosnoto tonenje e posporo od Grckoto i Evropskoto. No neznaci deka nema da propadneme i ispod ova. Kako sme trgnale so zadolzuvanjeto, nekoj debelo ke zaglavi. Grcite gi zaglavija germancite, niv im dolzat, nie dolzime pretezno doma, na bankite i firmite. Pa valjda jasno ti e koj ke nastrada najmnogu. |
| mene, 10.10.2011 01:43:07 | daj boze da sme kako grcite, 1000evra plata i 16% nevraboteni, da si rabotime za domasni nasi firmi i domasni banki da stedime ane za cuzdi profiti i stranski banki da gi polnime so depoziti...prerodbenicite ke im gi pratime, Stavrevski znae kako da pozajmuva,ke gi dounisti. |
| goran, 10.10.2011 06:11:24 | vo grcija prosecnata plata e 1000e, ama i kilogram patlidzani e 4e. kafeto cini 5-6 e, mesoto 10e. koga ke sporedis plata-kosnicka, neznam dali imaat podobar zivot. a i toa sto go imaa i seuste imaat e posledica na pozajmuvanjata. e sega koga ke go platat cehot i so nikakva ekonomija nema da im cvetaat ruzi. ke bidat beter od nas. a sto mislis, zosto pazaruvaat kaj nas? se sitis na nasiot standard, a sto ti doprinese za nasiot standard za da bide pogolem? ili rabotis samo za sebe da si ja smestis zadnicata tvoja na ubava fotelja i da se obezbedis sebesi? sledniot pat sporedi gi platite i cenite za da znaeme kolkava e kupovnata mok na taa plata, a ne samo kolku iznesuva vo evra,ok?
|
| Zagor, 10.10.2011 08:11:38 | arno pratenikot e od s.Kravari,pred kukja si ima natpis na grcki za da mu funkcionira biznisot.ete toje primer kako poveke moze da se zaraboti,so toa sto ke mu se umilkuvas na helenite so znaenje na 4 zbora,i kazuvajki si deka si od Skopje. |
| ФЕЛИКС, 10.10.2011 11:37:50 | Не е лошо авторот да ја знае еврејската поговорка за имањето и покасното немање.Од бенефити првокласни дури и за ЕУ членките сега имате страотно симнување во реалноста а поткрепено со улично насилие.Сите велат во ЕУ да соседот е на праг на четвртиот банкрот.Од овие причини нема потреба авторот да изигрува нивен адвокат и да влече паралели со нашето секојдневие.Никој и не се споредува со соседот за квалитетот на живеење.но имаме право да си правиме наситка на нивните маки оти соседот не ние баш голем пријател со негирањето на името. |
| Nikogo, 10.10.2011 12:02:46 | Do onie koi komentiraat za kupovnata mok na taa plata: dovolna za da se zivee pristojno. Moze li da razberete deka Makedonija skoro nisto ne proizveduva tuku uvezuva? Znaci se sto se proizveduva vo EU e poevtino vo samata EU otkolku vo Mk. Litar mleko vo EU e od 50 centi do 1.20 evra (za secij geb), kilogram meso kolku i vo Mk, cenata ne elektronikata e oista, na kozmetikata poevtina...mozebi piperkite i patliganite se poskapi da, ama se drugo e POEFTINO otkolku vo Mk. Ako tolku ve interesira eve znaete da koristite internet najdete gi cenite ke vidite. Mesto da porabotite da go izdignete standardot na sopstveniot narod vie kritikuvate kako na drugite im bilo poloso-gluposti. |
| melbourne, 10.10.2011 14:08:18 | abe goran kade zivees i dali znaes kolku se 1000evra?ama domatite bile 4evra,lele majko,teski miliardi evra dava EVROPA na taa Grcija,a Makedonia se zadolzuva so uste 64 MILIONI evra,dali uste ke zboruvate deka na grcite ke im bidelo mnogu loso.Znaete sto e bankrot,?toa znaci site pari sto im gi dal NEKOJ nema da gi vratat.Znaci tie pak ke uzivaat,aloooooo. |
| odlicen tekst, 10.10.2011 15:48:18 | bravo za avtorot na tekstov navistina sekoja recenica e na mesto a ako ne mu se dopaga na nekoj toj sigurno spaga vo onie sto se sitat na tugi nesreki a ne gledat deka nie ziveeme vo prokleta nesreka veke 20 godini |
| wd40, 10.10.2011 16:08:37 | Sto be kukate pa podobro se zivee vo Mkd otkolku Grcija......beda bile i ke bidat.....a za onie koj mislat deka ne e taka aj mrs vo Grcija.... |
| ja, 10.10.2011 17:50:09 | Навистина е чудно коментаторите да му пишуваат на новинарот дака плата и потрошувачка кошница не е исто! Треба сам да знае штом веќе пишува во јавен медиум. А Грците ке си го решаваат проблемот, си имаат пријатели и сојузници и во ЕУ и во светот. За некоја године ке се видиме кај сме ние, |
| pero, 10.10.2011 17:57:14 | Za najtup komentar go proglasuvame ... cekajte ....cekajte... na Feliks! Od nacionalisti nisto ne bivalo nikogas i nema ni da bide! |
| Od sl 500, 10.10.2011 18:36:16 | Da ne musum vo kozata na grcistata sto po 2ili3pat se palat na ulica so benzin cel svet po niv da psue pa nema od tova pogolemo ponizuvanje i da si zigosan kako parazit ne fala................... |
| respekt, 11.10.2011 03:46:36 | Не можам да ги разберам коментарите кои без контра-аргументи го напагаат авторот на колумната. Ова е трибина, дајте изнесете ги вашите аргументи, па нека ценат читателите. Каков е тој ,,аргумент,, ,,ако не ти чини овде, оди таму да живеаш,, А бе човек, не е грев да НЕ ЗНАЕШ, грев е што НЕ САКАШ да знаеш. Едно да им кажам на тие ШТО НЕ ЗНААТ. Во Грција се живее со доста ПОВИСОК СТАНДАРД од нашиот.Тоа е ФАКТ, иако јас не сакам, ни името да им го спомнам, Е, сега друга работа е (ако тоа нешто ви значи )дека за лошиот стандард во Македонија, не е виновна само оваа Влада, туку сите сносат дел од одговорноста. |
| sase, 11.10.2011 12:19:36 | letovo bev vo grcija na odmor 15 dena i normalno pazarev po nivite marketi. Od moe iskustvo mozam da potvrdam deka vo prosek cenite se 3-4 pati pogolemi od ovde , megutoa i platite im se 3-4 pati pogolemi. Taka sto mozam da zaklucam deka i tamu i tuka za obicniot covek e katastrofa. Za nivnata katastrofa se vinovni nivnite vlasti, megutoa za nasata se vinovni samo nasite. Pritoa treba da se napomene deka za nasata beda se vinovni site politicari od 90 navamu. Ne treba da se amnestira nitu eden. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 1°C
Претежно облачно
|
Понеделник
Сончево
Макс: 9°C, Мин: -4°C
|
Вторник
Делумно облачно
Макс: 9°C, Мин: -5°C
|
|
|
|
|
|