13.11.2011, 12:15 Бебе загина во сообраќајка во скопско
Во тешка сообраќајна несреќа која се случила вчера околу 17:30 часот животот го загуби девојче родено годинава од селото Буковиќ.
Несреќата се случила на регионалниот пат Скопје – Тетово во атарот на скопското село Арнакија при судир на „Голф“, управуван од 23-годишниот И.А. и „Опел Калибра“ управуван од 25-годишниот Р.Х.
Во несреќата со повреди се здобило девојчето, при што со Брза помош починато било донесено во Градската општа болница „8-ми Септември“.
Со повреди се здобиле возачот на „Голфот“ и двајца сопатници на возраст од 21 и 24 години кои по добиената лекарска помош се пуштени на домашно лекување.
И сопатниците од „Опел Калибрата“, меѓу кои и едногодишно момче, завршиле со повреди.
По укажаната лекарска помош во Клиничкиот центар,момчето е пуштено, а на понатамошно лекување задржана е 25-годишната С.Х.
Увид на лице место извршиле Јавен обвинител, Истражен судија и увидна екипа од ПС за БПС-Скопје.
По наредба на Истражен судија телото на починатото девојче е предадено за обдукција.
|