15.11.2011, 15:22 Саша Ефтимова наградена за кореографија во Лоѓ
Саша Ефтимова е наградена со гран-при за кореографија на балетската претстава „Испуштање душа“ на одржаниот петти по ред, Меѓународен натпревар за кореографија во Лоџ, Полска, во конкуренција на 14 натпреварувачи од цела Европа.
Освен Ефтимова, претставата ја одиграле и нејзините колеги од Македонската опера и балет, Биби Басмаџиева, Бобан Ковачевски, Трајче Стојковски и Игор Веланоски, но поради повреда на ногата, не настапила балерината Мими Поп Алексова.
„Настапивме на многу сериозен натпревар, а особено ми е драго што најголемата отценка за мојата награда ја даде членот на жирито, претседателот на ЦИД УНЕСКО, Гркот Алкис Рафтис. Тој, меѓу другото, рече дека иако Македонија е мала земја, а на тамошната сцена се изведоа претстави од многу поголеми земји, му било чудно, но истовремено и многу драго што токму од малата земја излегол таков кореограф“, изјави вчера Саша Ефтимова, патувајќи од Полска кон Скопје. (К.Б.)
|