Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
25.10.2011, 14:15

Пет Метини направи вистинско шоу




Со концертот на гитарската џез-ѕвезда, Пет Метини, се затвори годинашното, јубилејно издание на „Скопскиот џез-фестивал“

Тина Иванова

Триесеттиот јубилеен „Скопски џез-фестивал“ почна брилијантно, а така и заврши. Големата, една од најголемите ѕвезди всушност, во современата историја на џез-музиката, американскиот гитарист и композитор Пет Метини, дојде во Скопје. Беше долгопобаруван од овдешните познавачи и љубители на џезот, но уште повеќе од пошироката публика, да го видат и слушнат ова големо име на нашата сцена. И очекувано, заедно со врвните современи џезери од средната генерација уметници, Лери Гренадие на контрабас и Бил Стјуарт на тапани, Пет Метини воодушеви пред преполна Универзална завчера, затворајќи го годинашното издание на фестивалот кој во петте официјални и двете предфестивалски вечери донесе извонредни џез-артисти и состави. Ова, може да се каже, беше едно од најдобрите фестивалски изданија во последните негови 10 години. Во Скопје ги видовме џез-големците Вејн Шортер, Чарлс Лојд, Мирослав Витоуш, Нилс Петер Молваер, Виџеј Ајер, Роско Мичел..., и еве, завчера и Пет Метини. Дел од нив, веќе одамна го заслужија култниот статус на светската џез-сцена.

Пет Метини направи перфектно шоу. Тој донесе енергија и флуид што силно се рефлектираа кај публиката и постигна извонредна комуникација со неа, што на ретко кој музичар му успева. Но, кај Метини токму во тоа е вештината. Да ја привлече публиката таа да навлезе во неговото „сценарио“ до тој степен за да се почувствува како да е на сцената заедно со него и со неговата музичка дружина. Едноставно, заедно да дишат. Како што и самиот кажа, бидејќи првпат е во Скопје, се потрудил да направи листа на композиции кои на некој начин ќе го опфатат досегашното негово творечко искуство. Значи, се потруди да не „извози“ низ повеќе расположенија, низ повеќе музички интереси по кои е препознатлив, миксајќи ги енергичните теми со балади, или пост-боп, фјужн, латино џез, па и авангардата, редејќи всушност, цела лепеза од мелодии и разновидни стилови што практично, е дел од неговиот имиџ по кој светот го препознава. А, светот го препознава, тоа го покажа и во Скопје, и по неговата невидена мајсторија на свирење на гитара, таква каква што претставија и Гренадие и Стјуард, двајцата врвни инструменталисти кои се инспирација, кои навистина поттикнуваат и возбудуваат. Особено Гренадие кој буквално везеше на својот контрабас. Пет Метини својата креативност на сцената, не ја покажува во импровизацијата толку, колку што таа е насочена кон истакнувањето на техничките капацитети негови, а со тоа и на самиот инструмент. Но, токму тоа ја интригира публиката која бендот го наградуваше со аплаузи и овации на секое нивно земање на здив. Особено во миговите кога тројцата се истакнуваа и како солисти.

Пет Метини во Скопје го донесе инструментот-робот наречен „Оркестрион“ кој тој самиот го конструирал, а кој е составен од неколку инструменти, како пијано, маримба, вибрафон, разни удиралки. Огромен е и ја заземаше скоро цела површина на сцената. Тоа, всушност, го претставуваше на некој начин вториот сегмент од концертот, кој беше помирен, по релаксиран. Метини овој инструмент го движеше со својата гитара, тој е мошне интересен како конструкција, како иновација, но и како спој на современите тенденции со акустиката. Навистина наликуваше на некаков робот како што веќе го нарекоа.

Пет Метини со Гренадие и Стјуарт беше вистинскиот избор за завршница на јубилејното издание на „Скопскиот џез-фестивал“. Овие тројца музички магови донесоа многу возбуда, но и врвен професионализам што ретко го гледаме на нашата концертна сцена. Нивната „свирка“ беше поинаква димензија, беше перфекција, и нема да се заборави уште долго.







Статијата е прочитана 391 пати.

Испрати коментар



Мики Манојловиќ ќе игра во „Бучно“ на Анета Лешниковска
Силвестер Сталоне обвинет за крадење на сценарио
Премиера на „4.48 Психоза“ во режија на Ѓорѓи Јолевски
Почнува „Локомоушн“ - фестивал за современ танц и перформанс
Мадс Микелсен добитник на наградата на Европската филмска академија
„Метрополис“ на Фриц Ланг во МОБ
Линдзи Лохан позираше гола за „Плејбој“
(ФОТОГАЛЕРИЈА) Витоуш разочара, Лојд воодушеви
„Златна Камера 300“ за Фред Келеман
Од сабота до сабота
Филмот е најмоќното невидливо оружје
Спомен куќата на Тоше меѓу трите најдобри светски објекти на интернет
(ФОТОГАЛЕРИЈА) Брилијантна увертира за јубилејот
Таблетот „Самсунг Галакси Таб 10.1“ во понудата на Вип
Легендата Чарлс Лојд, Мирослав Витоуш и „Фајр“ на Скопски Џез-Фестивал
На „Браќа Манаки“ по 2.500 гледачи дневно
Вејн Шортер вечерва го отвора „Скопски џез-фестивал“
Карла Бруни роди девојче
Бугарски медиуми - „Трето полувреме“ ја извртува вистината
3Д киносала во Скопје
ДНК со „Дада“ на Ем-Ти-Ви
(ВИДЕО) Претставени „Андроид“ 4.0 и Galaxy Nexus
Стоби на листата World Monuments Fund за 2012 година
„Панкот не е мртов“ награден на Фестивал во Копер
Неновски, Гилевски и Манев добитници на државната награда „23 Октомври“
Нови европски имиња вечерва на „Скопски џез-фестивал“
Сузан Сарандон го нарече папата нацист
(ВИДЕО) HTC го претстави новиот смартфон Sensation XL
Полскиот режисер Лех Мајевски воодушевен од „Браќа Манаки“
Ван Гог не се убил, туку е случајно убиен?
„Сетстат“ и Васил Хаџиманов Трио вечерва на Скопски џез-фестивал
Четири години од трагичната смрт на Тоше
Единаесетто издание на Недела на италијанскиот јазик во светот
Мики Манојловиќ добитник на „Златна камера 300” на „Браќа Манаки“
„Панкот не е мртов“ дефинитивно ќе се бори за „Оскар“
Тридецениски јубилеј со вонсериска програма
Мајкл Џексон самиот не ја проголтал смртоносната доза пропофол
„Унгарска есен“ утре и задутре во Скопје
Документарецот „Меџик Хил“ на фестивал во Милано
Писмо од Ајнштајн продадено за 14.000 долари
Завршува фестивалот на класична музика „Интерфест-Битола 2011“
Македонски режисер сними филм во Холивуд
Денеска почнува 7. фестивал на новиот германски филм
Гоце Мојсоски на „Менхант“ во Сеул
Биографската книга за Стив Џобс на водечката позиција на „Амазон“
Пол Макартни се жени по третпат
Ќерката на Били Боб Тортон осудена на 20 години затвор
Награда за македонскиот сатиричар Васил Толевски
Фрик фестивал по трет пат
Ларс Фон Трир повеќе нема да зборува јавно
Томас Транстромер добитник на Нобеловата награда за книжевност
Фестивалот „Браќа Манаки“ се отвора со „Крвта што проштава“
Нема случајност, туку ло�� однос кон филмот
Трајче Кацаров е добитникот на наградата „Григор Прличев“
ФОТОГАЛЕРИЈА - На снимањето на „Трето полувреме“
Продолжуваме да го одиме патот на сонцето
Кандидатурата за Оскар на „Панкот...“ ќе биде прифатена
Две меѓународни награди за проектот „Amazing Macedonia“
„Епл“ го претстави најновиот iPhone 4S
Поемата „Ако“ ја освои наградата „Григор Прличев“
(ЕКСКЛУЗИВНО) Сите детали за утрешниот концерт за Тоше
„Мајки” и Манчевски на филмскиот фестивал во Варшава
„Дијалог“ ќе им подари книги на десет библиотеки
Википедија на македонски јазик надмина 50.000 статии
Премиера на новиот проект на Драган Даутовски
Да го направиме одново ѕвезденото небо за Тоше
Култното германско дуо „Маус он Марс“ вечерва на „Десонанз“
„Панкот не е мртов“ денеска премиерно во Лондон
Фестивал на занаетчиите во Старата скопска чаршија
Густав Малер за старт на сезоната на Филхармонија
„Маус он Марс“ главни ѕвезди на „Десонанз“
Весна Јакимовска на Мис на светот во Лондон
„Амазон“ го претстави својот таблет Kindle Fire
„Ромео и Јулија“ најдобра на 36. МОТ
Наградата на „Екс понто“ ни отвори многу перспективи
Полански ја прими наградата за животно дело
Македонски стрип меѓу најдобрите на Салонот во Белград
„Епл“ на 4. октомври ќе го претстави iPhone 5
ФОТО - Катарина во сета своја раскошна убавина
МОТ завршува со две претстави и концерт на „Биоскопија“
„Гугл“ денеска го слави 13. роденден
Цела недела дизајн во Скопје
Литванската „Ромео и Јулија“ вечерва на МОТ
Маја Лазаревска на „Мис бикини интернационал“ во Кина
Почина Серџо Бонели - авторот на Загор, Мистер Но и Дилан Дог



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 17°C

Претежно облачно

Среда
Претежно облачно
Макс: 18°C, Мин: 6°C

Четврток
Делумно облачно
Макс: 16°C, Мин: 5°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |