Стотина загинати во експлозија на цистерна во Сирт
Над сто лица загинаа во експлозија на цистерна со гориво во либискиот град Сирт во понеделникот вечерта, соопшти командант од Преодниот национален совет.
„Се случи моќна експлозија и огромен пожар. Над сто лица беа убиени и педесетина се ранети. Десетици тела се целосно јагленосани“, изјави командантот Мохамед Лејт од ПНС.