26.10.2011, 13:06 Јувентус нов лидер по победата над Фиорентина
Во првиот натпревар од 9. коло на италијанската Серија А, фудбалерите на Јувентус на свој терен ја совладаа Фиорентина со 2:1 и се искачија на првото место на табелата.
Ова е трета победа на Јуве пред своите навивачи, а домаќините поведоа веќе во 13. минута преку Бонучи, кој брзо реагираше на одбиената топка на гостинскиот голман Боруч.
Фиорентина успеа да изедначи во 58.минута по извонредниот погодок на Јоветиќ, но осум минути подоцна Матри постигна погодок за триумф на "старата дама" .
Јувентус се искачи на врвот со 16 бода, пред Удинезе кој има бод помалку, но и натпревар помалку.
Останатите средби се играат во среда и четврток.
|