Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
27.10.2011, 14:40
Ставрески: Оценката на „Фич“ сигнал за странските инвеститори




Според вицепремиерот и министер за финансии, оценката е потврда на добрите макроекономски политики на земјата.

Најновата оценка на агенцијата „Фич“ за кредитниот рејтинг на Македонија како стабилен и со добри перспективи за во иднина за вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески е потврда на добрите макроекономски политики на земјата, но и силен сигнал за странските инвеститори.

- Новиот рејтинг на Македонија е за поздравување и можам да кажам дека ова е уште една потврда дека макроекономските основи и политики на Македонија се здрави и различни од оние во соседните земји и во Грција и во другите европски земји, кои имаат реални проблеми, изјави министерот Ставрески.

Тој додаде дека главните причини за потврда на кредитниот рејтинг на Македонија од страна на „Фич“ како стабилен, се здравата фискална политика, задржувањето на ниско ниво на буџетски дефицит и ниско ниво на државен долг. Потоа здравиот банкарски сектор, односно стабилноста на банкарскиот сектор и перспективите на Македонија, односно економскиот раст на Македонија, кој, како што истакна, и во вакви околности е солиден и за во иднина го предивдуваат да биде стабилен.

Според министерот, ова е уште еден силен сигнал кон странските инвеститори дека Македонија е земја во која имаат доверба и во која и во иднина може да сметаат дека ќе има здрави економски политики.

- Потврдата на кредитниот рејтинг доаѓа во време кога оваа агенција го намали рејтингот на преку 10 европски земји, меѓу кои Шпанија, Португалија, Словенија, Хрватска, Ирска и други и тоа е уште еден показател дека тие прават разлика меѓу Македонија и политиките во Македонија и другите земји и мислам дека и инвеститорите ќе знаат да направат разлика, односно да продолжат да имаат доверба во нашата земја, истакна Ставрески.

Меѓународната агенција за кредитен рејтинг „Фич“ вчера ја потврди фискалната стабилност на Македонија со тоа што и го задржа кредитниот рејтинг ББ+ и одреди дека има позитивен проспект во однос и на странските, и на домашната валута.












Статијата е прочитана 484 пати.

Испрати коментар



Распуштен Хрватскиот сабор, избори најверојатно на 4 декември
Саркози - Грција не беше подготвена за еврото
И Бугарите праќаат писма до Филе
Просечната бруто-плата 30.715, а нетото 20.912 денари
Седум жртви во поројните дождови во Италија
Ладни радијатори - жешка цена, парното пак поскапува
За 30 денари добила 125.000 евра
Малолетник силувал 84-годишна старица во Штип
Малолетник силувал 84-годишна старица во Штип
Одбраната на Брејвик ќе бара намалена казна
Меркел - Се уште не е совладана кризата на еврото
Ахмети се сретна со потпретседателот на Собранието на БиХ, Тихиќ
Обама - Договорот на еврозоната ги смири светските пазари
Момче извадено живо 108 часа по земјотресот во Турција
Усвоени заклучоците по Извештајот на ЕК за Македонија
Апелација ја укина пресудата за „Пензискиот столб“
Попоски - Нема да има отстапки кон Атина
Зоран Јолевски доби уште еден мандат
МАНУ - Македонскиот јазик е непобитен историски факт
Претседателот Иванов се сретна со принцот Алберт Втори од Монако
Пратениците расправаат за Извештајот на ЕК
КФОР - Делумното отворање на барикадите е позитивен, но недоволен чекор
Мијатовиќ - Има подготвеност за подобрување на состојбата во медиумите
Тепачка во италијанскиот парламент
Парична помош од Градот Скопје за настраданите во Турција
Грчките медиуми за Самито�� на ЕУ - Избегнат национален банкрот
Потпишан договор за соработка меѓу македонското и руското МВР
Црвенковски - Не сум вечен, но останувам на чело на СДСМ
Четири чекори за излез од кризата на еврозоната
Иванов - Спортот има моќ да сплотува
На 30 октомври почнува зимското сметање на времето
Путин бесен поради објавените снимки на Гадафи
Пораст на цената на нафтата по самитот во Брисел
Европа и прости половина долг на Грција
На жена во Хрватска по грешка и извадиле здрав бубрег
Предлог-законот за минимална плата влегува во владина процедура



Фич, 27.10.2011 15:33:44
Дали Фич беше таа агенција која прогнозираше дека Грција нема да добие никаква отстапка и помош од ЕУ?
Odgovor, 27.10.2011 19:35:16
Znae li voopsto nekoj kolku sme dolzni. Vladata go ovoj podatok uporno krie ili go kazuva na nacin koj ne moze i tie da go razberat, nesto slichno kako i cenite na uslugite na mobilnite operatori. Gospodine Stavrevski kazete ni ednostavno,jasno, precizno i tocno vo cent, ne postotok: Kolku sme dolzni? I cii se tie dolgovi, drzavni, privatni ili na treta strana, odnosno koj ce gi vraca-placa.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

„Утрински весник“ можете да го купите во електронска форма

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 14°C

Ведро

Сабота
Делумно облачно
Макс: 18°C, Мин: 1°C

Недела
Сончево
Макс: 17°C, Мин: 1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен Магазин |