28.10.2011, 11:23 Мекејлеб непогрешлив во триумфот на Монтепаски
Олимпијакос го победи Фенербахче со 81-74, а за домашните нашиот Перо Антиќ за речиси 25 минути игра постигна 5 поени
Натурализираниот Македонец Лестер Бо Мекејлеб не промаши ниеден шут, а погоди седум удари за два и еден за три и беше најефикасен во својот тим Монтепаски Сиена со 17 поени во победата против Олимпија од 79-57 во 2. коло од групата Д во кошаркарската Евролига.
Мекејлеб оствари и уште три асистенции и три скока за својот тим, кој ги остави гостите на само 4 поени во првата четвртина (26-4), по што практично беше решен натпреварот.
Кшиштоф Лавринович во италијанскиот тим имаше 12 поени и 8 скока, а кај гостите само Дејвис Бертанс имаше двоцифрен ефект – 12 поени.
Во оваа група, Барселона очекувано лесно го победи Проком 88-61, а Галатасарај, чиј тренер е нашинецот Октај Махмути, загуби дома од Уникс 64-68.
Во групата А, Олимпијакос го победи Фенербахче со 81-74, а за домашните нашиот Перо Антиќ за речиси 25 минути игра постигна 5 поени со слаб процент на реализација (1/9 за два, 0/3 за три), но имаше 12 скока и 3 блокади. Во втората средба од оваа група, Нанси го победи Билбао 87-73.
Во другите средби, во групата Ц, Макаби го побед�� Партизан 70-66, а Реал во Мадрид беше подобар од Армани 85-78.
|