Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
27.10.2011, 13:35

Нови простори за современиот танц




Пет минути интервју: Искра Шукарова - ум. директор на фестивал „Локомоушн“

Јасминка Павловска

Здраво Искра! Какво ти е темпото деновиве додека трае четвртото издание на фестивалот за модерен танц „Локомоушн“?

- Темпото деновиве, всушност откако се вратив од Њујорк на почетокот на месецов, е мошне, мошне динамично. Веднаш се нафатив со последните подготовки за четвртото издание на „Локомоушн“, што започна на 24. октомври, со француската претстава „Алеж“. Фестивалот трае до утре, 29. октомври и ова е недела иако исполнета со работа, во која доминира задоволството од дружењето со гостите на „Локомоушн“, но и со публиката. Имаме таков формат на фестивалот што дозволува близок контакт на изведувачите и публиката.

Темпото ми е дополнително забрзано, зашто додека трае „Локомоушн“ работам и на обновата на претставата „Болеро“, која на 5. и 6. ноември, повторно ќе ја изведеме во МОБ, со Александра Мијалкова во главната улога.

Каков е тоа нов формат на „Локомоушн“ годинава?

- „Локомоушн“ всушност е во постојано испитување и поместување на бариерите меѓу изведувачите во модерниот танц и публиката. Изнаоѓаме нови форми на комуникација меѓу изведувачот и публиката. Инсистираме на повеќе дружење на еден неформален начин - преку директни разговори, дискусии, презентации, перформанси, претстави.... Програмата трае од 9 часот наутро, до 22 часот навечер со најразлични содржини.

Колку за тоа „неформален формат“ придонесува и специјално подготвената храна за учесниците на „Локомоушн“?

- Ха, ха... Да, годинава имаме и т.н. „лаунџ рум“, каде што имаме специјално подготвена, вегетаријанска храна, во МКЦ, каде што се случува програмата од 26. до 29. октомври. Имаме два оброка во текот на денот, што ги подготвува готвач од Шведска, кој и самиот е уметник. За финале на „Локомоушн“, во сабота, од 21.30 имаме забава токму во МКЦ.

Од што најмногу сте уморни кога ќе заврши фестивалот на модерен танц?

- Се' што ме заморувало, веднаш го заборавам по успешно завршената работа. Важно е да биде остварена добра комуникација, па и некоја грешка во организацијата е дел од работата и соработката. Задоволна сум што успеваме да реализираме отворена комуникација. Тоа што го работиме со центарот „Локомотива“ и она што го работиме на ФМУ со студентите за современа танцова педагогија, верувам дека е иднината на современата танцива сцена во Македонија. Всушност со колешката Билјана Тануровска - Ќулавковски веќе десетина години работиме ентузијастички на отворање на нови простори, кои им недостасуваат и на сцената воопшто, но и на изведувачите. Посебно задоволство е што и студентите земаат учество на овој фестивал.


Статијата е прочитана 540 пати.

Испрати коментар



Мајкл Џексон бил полн со ботокс и аналгетици
Несекојдневно звучно патување со култниот „Метрополис“
„Лебедово езеро“ ги отвора „Есенските музички свечености“
(ФОТОГАЛЕРИЈА) „Универзална сала“ со песна го прослави 45. роденден
Заврши снимањето на „Трето полувреме“
Со „Метрополис“ на Фриц Ланг вечерва назад во иднината
Мики Манојловиќ ќе игра во „Бучно“ на Анета Лешниковска
Силвестер Сталоне обвинет за крадење на сценарио
Премиера на „4.48 Психоза“ во режија на Ѓорѓи Јолевски
Почнува „Локомоушн“ - фестивал за современ танц и перформанс
Мадс Микелсен добитник на наградата на Европската филмска академија
„Метрополис“ на Фриц Ланг во МОБ
Пет Метини направи вистинско шоу
Линдзи Лохан позираше гола за „Плејбој“
(ФОТОГАЛЕРИЈА) Витоуш разочара, Лојд воодушеви

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

„Утрински весник“ можете да го купите во електронска форма

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 14°C

Ведро

Сабота
Делумно облачно
Макс: 18°C, Мин: 1°C

Недела
Сончево
Макс: 17°C, Мин: 1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен Магазин |