Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
28.10.2011, 14:09

Несекојдневно звучно патување со култниот „Метрополис“




„Метрополис“ на Фриц Ланг беше прикажан со жива музичка изведба од Македонската филхармонија и диригентот Хелмут Имиг, што и Скопје стана дел од европската и светска премиера на едно од најзначајните филмски остварувања.

Фото: Киро Попов

По премиерата во Њујорк, Берлин, Франкфурт и Загреб, култното научнофантастично филмско остварување на германскиот визионер Фриц Ланг, „Метрополис“, целосно реставриран во неговата оригинална верзија од 1927 година, дојде и во Скопје. И македонската публика, претежно љубителите на филмот и на музиката, беа сведоци на едно несекојдневно доживување. Завчера во Македонската опера и балет, футуристичкото дело на Ланг беше изведено со жива музичка придружба од страна на оркестарот на Македонската филхармонија, практика што кај нас за првпат се реализира. Аудио-визуелниот настан се одвиваше под диригентство на маестро Хелмут Имиг од Германија, човекот кој застанал зад пултот при изведбата и на оригиналната партитура на авторот на музиката, Голфрид Хуперц, како и на реставрираната на Франк Штробел.

Одлична беше идејата Светскиот ден за заштита на аудиовизуелното наследство, 27 Октомври, да се одбележи токму со прикажување на големиот германски класик, немиот филм „Метропилс“, кој е влезен во историјата на филмската уметност како едно од најзначајните остварувања во оваа сфера воопшто. Но, уште поважно е што музиката одеше во живо, што е иновација и прогрес, но и фаќање на чекор со европските и светските тенденции не само за развојот на Македонската филхармонија како институција, туку и за целокупната културна мапа на нашите простори.

Филмот „Метрополис“ им е познат особено на љубителите на филмот, и тој завчера пред полната сала на МОБ беше прикажан во оригиналната, 145 минутна верзија, што е сосема ретка и ексклузивна можност. Оркестарот на Филхармонијата и пријде на музиката мошне темелно, па звучеше, и особено продукциски, одлично. Благодарение и на исклучителниот диригент Хелмут Имиг, бевме сведоци на извонредно дво и пол часовно патување со експресионистичките слики на Ланг. Особено, што нималку не е лесна музичката партитура за изведба, таа е комплексна, полна со драматични пресеци, и е мошне долга. Но, музичарите на Македонската филхармонија успешно се справија, вложија огромен напор, стекнувајќи ретко исксуство кое се надеваме, ќе го продолжат и во иднина.

Само да потсетиме, филмот на Ланг во 2001 година беше реставриран, а целосно комплетиран во 2008, кога беше пронајден и последниот 30 минутен дел во архивата на Буенос Аирес. Тогаш во Германија, филмот се прикажа со жива оркестарска изведба и предизвика огромно интересирање и сензација.


Статијата е прочитана 448 пати.

Испрати коментар



Мајкл Џексон бил полн со ботокс и аналгетици
„Лебедово езеро“ ги отвора „Есенските музички свечености“
(ФОТОГАЛЕРИЈА) „Универзална сала“ со песна го прослави 45. роденден
Заврши снимањето на „Трето полувреме“
Нови простори за современиот танц
Со „Метрополис“ на Фриц Ланг вечерва назад во иднината
Мики Манојловиќ ќе игра во „Бучно“ на Анета Лешниковска
Силвестер Сталоне обвинет за крадење на сценарио
Премиера на „4.48 Психоза“ во режија на Ѓорѓи Јолевски
Почнува „Локомоушн“ - фестивал за современ танц и перформанс
Мадс Микелсен добитник на наградата на Европската филмска академија
„Метрополис“ на Фриц Ланг во МОБ
Пет Метини направи вистинско шоу
Линдзи Лохан позираше гола за „Плејбој“
(ФОТОГАЛЕРИЈА) Витоуш разочара, Лојд воодушеви

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

„Утрински весник“ можете да го купите во електронска форма

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 3°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 18°C, Мин: 1°C

Недела
Сончево
Макс: 17°C, Мин: 1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен Магазин |