Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
27.10.2011, 15:16

(ФОТОГАЛЕРИЈА) „Универзална сала“ со песна го прослави 45. роденден




Оперскиот пејач Борис Трајанов, шоуменот Игор Џамбазов, триото „Тавитјан“, Есма Реџепова-Теодосиевска, хорот „Златно славејче“, Драган Мијалковски, Каролина Гочева, Калиопи, Виолета Томовска, Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“, гостинката Тереза Кесовија... придонесоа за убавата славеничка атмосфера.

Фото: Петр Стојановски

Создадена како резултат на хуманоста на повеќе од 20 земји по катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година, центарот за организирање приредби „Универзална сала - Скопје“ завчера го прослави 45. роденден. Прославата се одржа под мотото „Универзална тогаш, сега и засекогаш“, а на неа покрај прикажувањето на специјално подготвениот документарен филм (од архивата на МТВ), во чест на големиот јубилеј, настапија и повеќе музички имиња, кои во изминатите години настапувале на сцената на „Универзална сала“.



Оперскиот пејач Борис Трајанов, шоуменот Игор Џамбазов, триото „Тавитјан“, Есма Реџепова-Теодосиевска, хорот „Златно славејче“, Драган Мијалковски, Каролина Гочева, Калиопи, Виолета Томовска, Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“, гостинката Тереза Кесовија... придонесоа за убавата славеничка атмосфера. Во холот на „Универзална сала“ беше подготвена и изложба на стари фотографии и пропагандни материјали од настаните што се одржале во изминатите 45 години, која ќе трае и наредната недела.



„Универзалната сала“ има капацитет од 1.568 седишта, а официјално функционира од 1 јануари 1966 година. Бројките говорат дека во изминатите години во неа се одиграле повеќе од 300 театарски претстави, проследени од 250.000 публика, 17 мјузикли и 60 оперски претстави проследени од околу 75.000 љубители на музиката. Одржани се повеќе од 170 џез-концерти, 74 балетски претстави, 35 концерти на етномузика, над 150 концерти од областа на сериозната музика, околу 100 хуманитарни претстави, над 600 концерти и од забавната и од народната музика, како и 970 претстави и концерти за деца.

Четириесет и пет години по пуштањето во употреба, „Универзална сала“ изгледа потполно исто и се' уште чека на почетокот на долгонајавуваната реконструкција.




Статијата е прочитана 1243 пати.

Испрати коментар



Мајкл Џексон бил полн со ботокс и аналгетици
Несекојдневно звучно патување со култниот „Метрополис“
„Лебедово езеро“ ги отвора „Есенските музички свечености“
Заврши снимањето на „Трето полувреме“
Нови простори за современиот танц
Со „Метрополис“ на Фриц Ланг вечерва назад во иднината
Мики Манојловиќ ќе игра во „Бучно“ на Анета Лешниковска
Силвестер Сталоне обвинет за крадење на сценарио
Премиера на „4.48 Психоза“ во режија на Ѓорѓи Јолевски
Почнува „Локомоушн“ - фестивал за современ танц и перформанс
Мадс Микелсен добитник на наградата на Европската филмска академија
„Метрополис“ на Фриц Ланг во МОБ
Пет Метини направи вистинско шоу
Линдзи Лохан позираше гола за „Плејбој“
(ФОТОГАЛЕРИЈА) Витоуш разочара, Лојд воодушеви



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

„Утрински весник“ можете да го купите во електронска форма

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 3°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 18°C, Мин: 1°C

Недела
Сончево
Макс: 17°C, Мин: 1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен Магазин |