25.10.2011, 13:15 Линдзи Лохан позираше гола за „Плејбој“
Според пишувањето на американските медиуми, Линдзи Лохан изминатиов викенд позирала гола за насловната страница на магазинот „Плејбој“
Освен што морала да го одработи својот долг кон општеството, во саботата, преку корисна работа во мртовечница, Линдзи со радост им позирала на фотографите на магазинот со кој преговарала со месеци.
Имено, тие првично и' понудиле 750.000 долари, но Линдзи барала еден милион. Иако никој не го добил она што го сакал, се нашле на спогодбена цифра, која се' уште не е поврдена, но е многу близу еден милион. Се' уште е непознато дали Линдзи ќе излезе на насловната страница на изданието за ноември, или за декември.
Во меѓувреме Линдзи ја отпуштила и својата менаџерка Лу Тејлор, тврдејќи дека не се грижела доволно за неа. Имено Лу работела од Тенеси, а Линдзи престојува во Лос Анџелес. Всушност причината е што Линдзи смета дека Лу Тејлор не работи доволно на нејзините афери, а загрижена е и з асвоите финансии. Актерката сака да вработи некој што ќе и' посветува повеќе внимание.
|