26.10.2011, 15:05 Акцијата „Ден на дрвото“ во третата недела од ноември
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска одржа работен состанок со претставниците на Координативното тело на традиционалната акцијата за пошумување „Ден на дрвото“
- Есенската акција за пошумување во рамки на годинашната кампања ќе се изведе во третата недела од ноември, за што наскоро ќе се дефинираат и локациите каде ќе се пошумува, соопшти МЗШВ.
Во есенската акција ќе се пошумуваат и површини во населените места, како и покрај патиштата и автопатите, за што веќе се обезбедени садници за пошумување на површина од околу 400 километри.
И оваа година, граѓанската акција за пошумување „Ден на дрвото“ ќе се реализира во партнерство со Владата на Република Македонија, односно Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Јавното претпријатие „Македонски шуми“.
На состанокот, присутните се согласиле непосредно по завршувањето на есенската акција за пошумување да почнат подготовките и за акцијата која треба да се реализира на пролет, а која според идејата промовирана неодамна, треба да прерасне во балканска акција за пошумување.
|