27.10.2011, 14:06 Кастелаци го спаси Интер од пораз
Тој му одбрани пенал на Денис, по што средбата заврши нерешено 1:1.
Резервниот голман на Интер, Кастелаци, ја спаси својата екипа од пораз против Аталанта, во Бергамо, во италијанското фудбалско првенство. Тој му одбрани пенал на Денис, по што средбата заврши нерешено 1:1. Интер поведе со голот на Снајдер, а израмни Денис.
Тренерот Клаудио Раниери беше лут поради досудениот пенал против неговата екипа, што е петти по ред во осум натпревари на Интер.
- Пеналот? Се навикнавме во Интер на нив. Се надеваме дека наскоро ќе заврши сето тоа...Пет пенали на осум средби, и ниеден не беше чист - коментираше Раниери.
На врвот на табелата во Серијата А по 9. коло дојде до промена, откако Удинезе загуби на гостувањето кај Наполи, а Јувентус ја совлада Фиорентина. Сега Јувентус има еден бод повеќе од Удинезе и Лацио, кој синоќа не успеа да се пробие на лидерското место, бидејќи одигра нерешено со Катанија.
Колото вечерва во 20.45 часот ќе го затворат Палермо и Лече.
Резултати од 9. коло: Аталанта - Интер 1-1, Милан - Парма 4-1, Чезена - Калјари 1-1, Киево - Болоња 0-1, Џенова - Рома 2-1, Новара - Сиена 1-1, Лацио - Катанија 1-1 Наполи - Удинезе 2-0 и Јувентус - Фиорентина 2-1.
Табела: Јувентус 16 бода, Удинезе 15, Лацио 15, Наполи 14, Милан 14...
|