Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
27.10.2011, 15:36
МАНУ: Македонскиот јазик е непобитен историски факт




Македонската академија на науките и уметностите реагира на изоставувањето на придавката „македонски“ во Извештајот за напредокот на Македонија од Европската комисија.

Со чинот на премолчувањето на името на македонскиот јазик, одделни институции на ЕУ како да се разминуваат со начелата на културните стратегии и политики на Обединетите нации и на УНЕСКО за заштита на малите и загрозените јазици и за јазична и културна разноликост. Таквата практика отстапува и од официјалната културна политика на ЕУ, заснована врз начелото на почитување на јазичните и културните различности на државите членки и на државите кандидати за членство во ЕУ, реагира МАНУ чие претседателството денеска одржа вонредниот состанок.

- Практиката на игнорирање на атрибуциите на македонскиот идентитет не е во согласност со официјалните документи на ОН, во кои, во графите за идентификација на Република Македонија се запишани македонскиот јазик и македонскиот народ, а со Резолуцијата од 1993 година е предвидено да се водат разговори меѓу Реупублика Македонија и Република Грција во врска со употребата на името на Република Македонија во меѓун��родните организации, но предмет на тие разговори не е името на македонскиот јазик и на македонскиот народ, посочува МАНУ.

Според академиците, јазикот е инхерентен и неповредлив дел од културно наследство на секој народ, конститутивен чинител на секој национален идентитет, како и темелен облик на колективната културна меморија која ги надминува границите на народот кој го употребува тој јазик и е составен дел од европското и светското духовно наследство.

Претседателството на МАНУ очекува од сите инстанции на ЕУ да ги почитуваат научните факти кои не треба да бидат предмет на политизација и на дневно-политичка интерпретација. Воедно се надева дека во иднина македонскиот јазик, заедно со сите други атрибути на македонскиот национален и културен идентитет, ќе биде уважуван како реален факт и дека нема да се повторат обидите за негово супституирање со општи и менливи поими кои ја релативизираат идентификацијата на македонската јазична посебност и култура.

- Иако е историчен и подложен на развој, јазично-културниот идентитет претставува трансисториски факт. Тој ја востановува колективната меморија и колективната свест и совест на живите народи, без кои е незамислив културниот опстанок и развој на современата цивилизација и на демократскиот слободен и креативен ум, истакнува МАНУ.

Претседателството на Академијата, како што наведува, не сака да поверува дека меѓународната научна и интелектуална јавност не ги познава основните факти во врска со македонскиот јазик.

- Македонскиот јазик е основен именител на македонскиот културен, етнички и национален идентитет, па следствено со него е определен и уставниот и државниот идентитет на Република Македонија, вклучително и идентификацијата на македонската држава во меѓународната комуникација. Македонскиот јазик е непобитен културен и историски факт, недвосмислено дефиниран од европската и од светската лингвистичка наука како јазик со индоевропско потекло, автономен член на словенските јазици и со посебна лингвистичка индивидуалност во рамки на групата на јужнословенските јазици, стои во писмената реакција.

Како признат словенски јазик, македонскиот е прикажан во сите споредбени граматики на словенските јазици објавени по Втората светска војна. Според доминантната научна теорија за потеклото на старословенскиот јазик, воведена од видни светски лингвисти, македонскиот јазик кој се говорел на просторите на Македонија на коишто живееле македонските Словени, посебно во солунскиот регион, ја сочинува основата на првиот словенски писмен јазик – старословенскиот.

Историјата на современиот македонски јазик познава повеќе развојни фази од функционален системски карактер, впишани во битието на современиот македонски јазик: преминот од постарата орална практика и традиција на говорење македонски кон пишаната традиција кога се кодифицира старословенскиот јазик и писмо, односно црковнословенскиот врз говорите на македонските Словени од Солунско, од страна на браќата Кирил и Методиј во девети век, а подоцна формирањето на македонската редакција на црковнословенскиот, паралелно со другите средновековни јазични редакции на црковнословенскиот јазик, потоа нововековните граматички проекти на Ѓорѓија Пулевски од 19 век и на Крсте Петков Мисирков од 1903/1905 година, и конечно, Законот на Собранието на Федерална Република Македонија за кодификација на современиот македонски јазик од 1945 година. Освен тоа, треба да се истакне дека македонскиот јазик беше еден од трите официјални јазици на некогашната СФРЈ, што вклучуваше и негова меѓународна употреба.

- Македонскиот јазик, дури и во долги периоди без институционална поддршка, успева да опстане како особен јазичен комуникациски, семиотички и творечки ентитет, па и да биде основа на едно импресивно јазично и книжевно творештво, било во склоп на усната народна традиција и фолклор, било во склоп на специфичните средновековни и нововековни уметнички и пишани традиции и практики. Како основа на старословенскиот и црковнословенскиот јазик и писменост, јазикот на македонските Словени е еден од првите официјално признати четири светски и европски јазици на коишто се преведувале Светото писмо и се ширела христијанската писменост и култура, покрај хебрејскиот, старогрчкиот и латинскиот. Со ваквата културна стратегија се промовираше идејата за рамноправност на јазиците на глобален, историски план, а старословенскиот/ црковнословенскиот јазик стана чинител на европскиот културен развиток, пишува МАНУ.

Македонскиот јазик во современата лингвистика се класифицира и како членка на балканскиот лингвистички сојуз со оглед на фактот дека во ареалната, просторна констелација и комуникација меѓу јазиците и народите што нив ги зборувале и ги зборуваат, доаѓа и до заемно обострано влијание. Како словенски јазик со балканска историска димензија, македонскиот јазик е предмет на компаративни лингвистички истражувања во Европа и во светот.

Историскиот развој на македонскиот во палеославистички и прото-славистички контекст е исто така предмет на компаративни истражувања во специјалистичките научни кругови во светот.

- Македонскиот современ јазик е впишан и опишан и во двата референтни лингвистички атласа, Општословенскиот лингвистички атлас (ОЛА), проект на Меѓународниот комитет на славистите, и Лингвистичкиот атлас на европските јазици (АЛЕ, или Атлас Лингуарум Еуропае), проект кој е под покровителство на УНЕСКО. Во едниот проект учествуваат 13 академии на науките на 13 европски држави со словенска јазична и културна традиција, а во другиот, сите европски држави; и во двата проекта учествуваат бројни членки на ЕУ. Во рамки на УНЕСКО, односно неговата меѓународна канцеларија која се грижи за заштита на нематеријалното јазично културно наследство, е регистриран и Истражувачкиот центар за ареална лингвистика при МАНУ, нагласува Академијата.

Истражувачкиот центар за ареална лингвистика при МАНУ веќе неколку години работи врз Дигиталниот архив на македонскиот јазик, во кој се дигитализираат ретките книги поврзани со македонскиот јазик. - Меѓународниот славистички комитет, во својот пет годишен мандат кога имаше седиште во Р. Македонија, при МАНУ, го организираше Светскиот славистички конгрес во Охрид 2008 година. Во работата на Конгресот учествуваа 750 истакнати слависти од сите делови на светот, со свои прилози кои беа изложени, меѓу другото, и на македонски јазик.

Македонистичкиот опус на првиот претседател на МАНУ, Блаже Конески, беше и останува високо ценет во светската славистичка научна јавност.

Статијата е прочитана 718 пати.

Испрати коментар



Распуштен Хрватскиот сабор, избори најверојатно на 4 декември
Саркози - Грција не беше подготвена за еврото
И Бугарите праќаат писма до Филе
Просечната бруто-плата 30.715, а нетото 20.912 денари
Седум жртви во поројните дождови во Италија
Ладни радијатори - жешка цена, парното пак поскапува
За 30 денари добила 125.000 евра
Малолетник силувал 84-годишна старица во Штип
Малолетник силувал 84-годишна старица во Штип
Одбраната на Брејвик ќе бара намалена казна
Меркел - Се уште не е совладана кризата на еврото
Ахмети се сретна со потпретседателот на Собранието на БиХ, Тихиќ
Обама - Договорот на еврозоната ги смири светските пазари
Момче извадено живо 108 часа по земјотресот во Турција
Усвоени заклучоците по Извештајот на ЕК за Македонија
Апелација ј�� укина пресудата за „Пензискиот столб“
Попоски - Нема да има отстапки кон Атина
Зоран Јолевски доби уште еден мандат
Претседателот Иванов се сретна со принцот Алберт Втори од Монако
Пратениците расправаат за Извештајот на ЕК
КФОР - Делумното отворање на барикадите е позитивен, но недоволен чекор
Мијатовиќ - Има подготвеност за подобрување на состојбата во медиумите
Ставрески - Оценката на „Фич“ сигнал за странските инвеститори
Тепачка во италијанскиот парламент
Парична помош од Градот Скопје за настраданите во Турција
Грчките медиуми за Самитот на ЕУ - Избегнат национален банкрот
Потпишан договор за соработка меѓу македонското и руското МВР
Црвенковски - Не сум вечен, но останувам на чело на СДСМ
Четири чекори за излез од кризата на еврозоната
Иванов - Спортот има моќ да сплотува
На 30 октомври почнува зимското сметање на времето
Путин бесен поради објавените снимки на Гадафи
Пораст на цената на нафтата по самитот во Брисел
Европа и прости половина долг на Грција
На жена во Хрватска по грешка и извадиле здрав бубрег
Предлог-законот за минимална плата влегува во владина процедура



КОНЕЧНО, 27.10.2011 17:32:05
Конечно да се јави МАНУ!Овој текст треба под хитно да се испрати и до владата на ВМРО,до Институтот за Национална Историја,до Миленко Неделковски,Томиќ од Гласот на народот на МТВ,јади Бурек,сите телевизии во Македонија и сите печатени медиуми.Од нив,па до сите Македонци во Македонија и светот,да се разбере дека ние сме Македонци,но сме потомци на Словените,на Македонските словени,дека нашиот јазик е македонски јазик,јазик кој е дел од словенските јазици, коЈ потекнува од нашите предци-македонските словени.Само на овој начин можеме да се обединеме и да го одбраниме нашето име МАКЕДОНИЈА!
Мене, 27.10.2011 20:23:22
Античките Македонци не биле слoвeни.Няма како современиот македонски јазик, бидејќи е гарантирано словенски да потекнува од античкиот македонски. Словените доаѓаат на Балканот многу подоцна.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

„Утрински весник“ можете да го купите во електронска форма

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 14°C

Ведро

Сабота
Делумно облачно
Макс: 18°C, Мин: 1°C

Недела
Сончево
Макс: 17°C, Мин: 1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен Магазин |