Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
27.10.2011, 14:48

Мијатовиќ: Има подготвеност за подобрување на состојбата во медиумите




„Крајно време е сопствениците на медиумите и новинарите да разберат дека и служат на јавноста, а не на политичарите и на бизнис интересите“

Правната регулатива, реформи во јавниот дифузен сервис и Советот за радиодифузија, сопственоста на медимите и нејзината транспарентност, како и концентрацијата на медиуми, декриминализацијата на клеветата и поголемо единство меѓу новинарите.

Ова се прашањата во фокусот на разговорите кои ги водеше Дуња Мијатовиќ, претставник на ОБСЕ за слобода на медиумите на средбите со премиерот Никола Груевски, вицепремиерот Tеута Арифи, шефот на дипломатијата Никола Попоски и претседателите на ЗНМ, на Синдикатот на новинари и медиумки работници и на Советот за радиодифузија, Насер Селмани, Тамара Чаусидис и Зоран Стефановски.

Мијатовиќ потенцирајќи дека на сите средби била изразена подготвеност за соработка за подобрување на состојбата во медиумите и новинарите, подвлече оти е оптимист дека ќе се подобрува ситуацијата во посочените сфери.

- Крајно време е сопствениците на медиумите и новинарите да разберат дек�� и служат на јавноста, а не на политичарите и на бизнис интересите. Време е да го вратите дигнитетот на вашата професија. Новинарите не треба да се делат по основ на нивните политички интереси, затоа што поларизацијата е деструктивна за општеството, е пораката што ја упати Мијатовиќ на денешната прес - конференција.

Политичарите, апелира, не треба да им кажуваат како да си ја вршат работата, но и да се потсетуваат дека медиумите не се нивна сопственост. Треба, рече таа, политичарите да покажат поглема толеранција за новинарските прашања.

- Тука сум да помогнам, во рамки на надлежностите од мојот мандат. Но, нема да се воздржувам јасно и гласно да укажам на проблемите и да критикувам ако видам дека нема каков било позитивен исчекор, истакна Мијатовиќ.

На новинарско прашање дали ОБСЕ има механизам да изврши притисок доколку нема евидентни промени во состојбите со медиумите и новинарството, таа потенцира дека располага со демократски инструменти за реакција, а нејзината најсилна алатка, подвлече, како претставник на организацијата во која се 56 земји, е нејзиниот „глас“. Смета дека е неприфатлива каква било репресија за медиумската слобода во општествата.

Таа ја поздрави иницијативата на вицепремиерот Арифи за соработка со медиумите и нивни претставници, за што, информираше, во рамки на акциониот план, ќе работат и претставници на ОБСЕ. Најави дека наскоро од нејзината канцеларија ќе биде испратена до сите заинтересирани правна анализа на кривичниот законик и на останатите документи поврзани со декриминализација на клевета, заедно со препораки.





Статијата е прочитана 458 пати.

Испрати коментар



Распуштен Хрватскиот сабор, избори најверојатно на 4 декември
Саркози - Грција не беше подготвена за еврото
И Бугарите праќаат писма до Филе
Просечната бруто-плата 30.715, а нетото 20.912 денари
Седум жртви во поројните дождови во Италија
Ладни радијатори - жешка цена, парното пак поскапува
За 30 денари добила 125.000 евра
Малолетник силувал 84-годишна старица во Штип
Малолетник силувал 84-годишна старица во Штип
Одбраната на Брејвик ќе бара намалена казна
Меркел - Се уште не е совладана кризата на еврото
Ахмети се сретна со потпретседателот на Собранието на БиХ, Тихиќ
Обама - Договорот на еврозоната ги смири светските пазари
Момче извадено живо 108 часа по земјотресот во Турција
Усвоени заклучоците по Извештајот на ЕК за Македонија
Апелација ја укина пресудата за „Пензискиот столб“
Попоски - Нема да има отстапки кон Атина
Зоран Јолевски доби уште еден мандат
МАНУ - Македонскиот јазик е непобитен историски факт
Претседателот Иванов се сретна со принцот Алберт Втори од Монако
Пратениците расправаат за Извештајот на ЕК
КФОР - Делумното отворање на барикадите е позитивен, но недоволен чекор
Ставрески - Оценката на „Фич“ сигнал за странските инвеститори
Тепачка во италијанскиот парламент
Парична помош од Градот Скопје за настраданите во Турција
Грчките медиуми за Самитот на ЕУ - Избегнат национален банкрот
Потпишан договор за соработка меѓу македонското и руското МВР
Црвенковски - Не сум вечен, но останувам на чело на СДСМ
Четири чекори за излез од кризата на еврозоната
Иванов - Спортот има моќ да сплотува
На 30 октомври почнува зимското сметање на времето
Путин бесен поради објавените снимки на Гадафи
Пораст на цената на нафтата по самитот во Брисел
Европа и прости половина долг на Грција
На жена во Хрватска по грешка и извадиле здрав бубрег
Предлог-законот за минимална плата влегува во владина процедура



koco amsterdam, 27.10.2011 18:34:24
Da se snimi edno CD od govorot na gospogata i da im se podeli na site politicari vo MK, da se napravi kampanja da go slusaat dva pati na den, nautro i navecer, da im bide dnevna doza za demokratija mozebi ke svatat konecno deka novinarite ne se nivni slugi i potrckovci tuku deka se servis na graganite i treba da ja prenesat vistinata, a ne da gi zabosotat politickite malverzacii i da gi pretvorat niv od predavnici i aramii vo heroi .

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

„Утрински весник“ можете да го купите во електронска форма

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 3°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 18°C, Мин: 1°C

Недела
Сончево
Макс: 17°C, Мин: 1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен Магазин |