28.10.2011, 11:38 Меркел: Се уште не е совладана кризата на еврото
„Верувам дека ќе мора да направиме уште многу чекори, рече Меркел на маргините на синоќешниот состанок со генералниот секретар на НАТO“, Андерес Фог Расмунсен.
Германскиот канцелар Ангела Меркел смета дека и по самитот на Европската унија во Брисел се уште не е совладана кризата на еврото и дека престојат уште многу чекори во тој правец.
„Верувам дека ќе мора да направиме уште многу чекори, рече Меркел на маргините на синоќешниот состанок со генералниот секретар на НАТO“, Андерес Фог Расмунсен, пренесуваат денеска германските медиуми.
Таа изјави дека шефовите на држави и влади на земјите од ЕУ во Брисел се договорија за следните чекори и нагласи дека во центарот треба да биде потесната соработка во областа на финансиите и стопанската политика, бидејќи во минатото „недоволно цврсто се постапуваше со еврогрешниците“.
Ова, како што пренесуваат денеска германските медиуми, Меркел го изјави мислејќи на Италија.
|
|
Статијата е прочитана 597 пати.
|
Испрати коментар
|
|
PARIS, 28.10.2011 14:38:30 | G-go Merkel. Prvo : Podatocite na Grckiot dolg seuste ne se tocno preneseni, vladee mislenje deka se uste pogolemi od objavenite.Da se napravit vistinska kontrola na dolgovite VO CELIOT SVET napraveni od Grcija. Vtoro : Da mu se zabranit NAKNADNO ZADOLZUVANJE NA GRCIJA niz celiot svet kako i vo Kina , koe e sprotivno na bankrotirani drzavi i regulativi vo EU kako i strateski opredelbi. Tretto: Da se ispravi greskata za Grcija i da se stavit nadvor od Evrozonata ,kako moze nikoj da ne odgovarat za namalenite penzii vo Germanija ,nevrabotenosta ,siromastijata ,.., dali vie ke odgovarate ?? |
| до Парис, 28.10.2011 15:48:11 | Баш сега Меркел изјави дека го чека твојот коментар за да знае и таа и целата ЕУ како да постапува понатака со Грција! |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 3°C
Ведро
|
Сабота
Ведро
Макс: 18°C, Мин: 1°C
|
Недела
Сончево
Макс: 17°C, Мин: 1°C
|
|
|
|
|
|