27.10.2011, 13:42 Шок за Ефес во трилерот во Истанбул
Пораз од Шарлроа со 80:79 во Евролига, девет коша и осум додавања на Илиевски.
Иако Спиру Шарлроа имаше двоцифрена предност рано во натпреварот, Анадолу Ефес успеа да се врати, но не успеа да го комплетира пресвртот во неизвесната завршница во Истанбул (79:80). Десет секунди до крајот Турците при резултат 76:78 има напад за водство, но македонскиот репрезентативец Владо Илиевски не реализира удар за три поена. Илиевски одигра фантастично и беше еден од најзаслужните што неговиот тим доби шанса за победа. Во самата завршница оствари два важни скока, погоди слободни фрлања и неколку пати асистираше. На паркетот помина повеќе од 26 минути и заврши со девет коша и дури осум асистенции, на кои додаде и три скока и една украдена топка.
На средината на третата четвртина ја заработи четвртата лична грешка, но не направи петта до крајот. И покрај тоа што не беше најефикасен кај својот тим, беше најдобар на паркетот, разигрувајќи ја екипата.
По победата над Партизан во Белград, ова е прв пораз за Ефес, но и натаму тимот од Турција ги задржува високите амбиции за пласман на самиот врв. Во третото коло од Евролигата на 3 ноември Ефес му гостува на Емпорио Армани.
На др��гите три синоќешни дуели од 2.коло постигнати се следниве резултати: Каха Лаборал - Канту 86:69 („А“ група), Загреб - Панатинаикос 62:81 и ЦСКА Москва - Бросе Баскет 94:74 („Б“ група). Во вторникот Уникаха - Жалгирис 85:78 („Б“ група).
Колото ќе биде комплетирано денеска со натпреварите: Нанси - Билбао, Олимпијакос - Фенербахче Улкер („А“ група), Макаби - Партизан, Реал Мадрид - Армани („Ц“ група), Монтепаски - Олимпија, Галатасарај - Уникс и Барселона - Проком („Д“ група).
|