27.10.2011, 15:56 Апелација ја укина пресудата за „Пензискиот столб“
Поради тоа што првостепената пресуда била противречна и нејасна, повисокиот суд решил целиот случај да го врати од почеток.
Скопска Апелација ја укина пресудата за случајот со нелегалното обезбедување на пензиски стаж и на право на пензија, познат под оперативно име „Пензиски столб“. Во него десет лица беа обвинети за злоупотреба на службената положба и овластување.
Одлуката на повисокиот суд била изречена неодамна и со неа е предвидено првостепената пресуда да се врати на повторно одлучување, бидејќи пресудата била противречна, нејасна и неразбирлива. Ваквата одлука, наводно, дошла и поради тоа што Вишото јавно обвинителство застанало зад жалбите на осудените кои, пак, побарале укинување на пресудата бидејќи одлуката што ја донел за нив скопскиот кривичен суд била поднесена врз основа на неутврдена фактичка состојба.
Скандалот за кој беа осудени десеттемина обвинети на затворски казни во времетраење од две до четири години беше обелоденет на почетокот на јули минатата година. На аферата и' претходеше јавно обвинување од еден поранешен опозиционен пратеник дека тогашниот министер за правда, освен плата, примал и пензија. Тој дел од приказната заврши така што министерот јавно призна дека пензијата ја примал поради грешката на Фондот за пензиско и за инвалидско осигурување, и дека тој ги вратил парите што му биле дадени. Само малку подоцна пред истражен судија беа спроведени десет лица меѓу кои и таткото на актуелниот градоначалник на скопската Општина Чаир, Иџет Меџити.
Во судското решение, испишано на повеќе од 30 страници, десетмина осомничени беа осомничени во 38 точки дека ја злоупотребиле својата службена положба и овластување, но дека со начинот на кој што работеле тие им овозможиле на голем број граѓани да дојдат до пензии и дека Фондот за ПИОМ бил оштетен за близу 215.000 евра.
Меѓу осомничените, а подоцна и обвинети па и осудени лица, се најдоа референтка за прибирање, утврдување и обработка на пријави со податоци за плати и за пензиски стаж, референтка задолжена за пријави и за одјави за осигуреници и обврзници за уплата на придонесот, како и архивар.
По отворањето на аферата, МВР информираше дека запишувањето на лажниот пензиски стаж се вршел во изнајмена канцеларија на улицата „Цицо Поповиќ“ во Скопје, а дека за услугата се наплатувало меѓу 1.500 и 4.000 евра. (Љ.С.)
|
|
Статијата е прочитана 1426 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Macedonia, 27.10.2011 18:13:36 | Повторно неписмените донеле пресуда која лесно може да падне на повисок суд.
До кога ќе имаве вакви случаи????
Додека им се дава на „недоветни“ да одлучуваат.
За жал сега ги има премногу. |
| Кадавер, 27.10.2011 19:26:08 | ова одлука е многу смешна, бидејки делото е очигледно, но по се изгледа пак има притисоци, бадијала е сменет министерот за правда, пак иста песна... дури и да се смени власта, и било која друга не е спремна да раскрсти со корупцијата. Точно е дека и во другите држави од окружението е слична ситуацијата, па во Грција беше обвинет братот на министерката Бакојани, па се се заташка. Хрватска има силно обвинителство - Дорх и Ускок, но сепак на крај се завршува во фиоките на Право (Криво)судството а кое не само што е под притисок, туку и е независно во смисол да не одговара за своите одлуки што и да реши. Ако таму е така, а тие се веќе влезени во ЕУ, што да очекуваме кај нас ?? |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 14°C
Ведро
|
Сабота
Делумно облачно
Макс: 18°C, Мин: 1°C
|
Недела
Сончево
Макс: 17°C, Мин: 1°C
|
|
|
|
|
|