Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
27.10.2011, 14:51
Пратениците расправаат за Извештајот на ЕК




Собранието на денешната седница продолжи со разгледување на Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2011 година.

Како да се убеди Европскиот совет во декември да даде датум за преговори за влез на Република Македонија во Европската унија, смета пратеничката Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ, треба да им биде приоритет на пратениците во следниот период.

Според пратеникот Малиша Станковиќ од Социјалистичката партија на Македонија, 90 отсто од сите забелешки во изминатите две години, во овогодинешниот извештај ги нема.

- Тоа значи дека некој во минатите години работел, а не седел со скрстени раце, но сепак треба да упатиме порака дека извештајот не беше доволно коректен, додаде Станковиќ.

Пратеникот од ДПА Беким Фазлиу побара присуство на владин претставник на денешната седница, или, како што посочи, присуство на вицепремиерот за европски интеграции Теута Арифи за да каже како да се надминат проблемите наведени во Извештајот од ЕК.

Талат Џафери од ДУИ рече дека вицепремиерката Арифи поради здравствени причини не можела да присуствува на седницата и навремено ги информирала пратениците за тоа, �� пратеникот Фазлиу политички ја злоупотребувал собраниската говорница.

- Ние ги поздравуваме позитивните работи искажани во Извештајот, но бараме одговорност од властите затоа што има работи во кои уназадуваме и сме полоши во однос на минатите години, рече пратеникот Стојко Пауновски од СДСМ.

Неговата сопартијка Светлана Мазгалоска-Вучетиќ, извештајот го оцени како негативен, ставајќи акцент на загрижувачката состојба со медиумите.

- Има реформи во судството, јавната администрација и борбата со корупцијата, но сето тоа е повеќе теоретски, а помалку на терен. Реформите се повеќе партизирани од реализирани, додаде Мазгалоска-Вучетиќ од СДСМ.

Косана Николиќ-Мазнева од ВМРО-ДПМНЕ рече дека била шокирана кога го видела извештајот, поради тоа што никаде не била наведена придавката „македонски“ и смета оти се врши силен притисок само врз едната страна, односно Република Македонија.

- Од тие причини се запрашав дали треба да се поддржи еден ваков извештај. Генерално, ако се направи анализа на сите три извештаи од изминатите години и од годинава ќе се заклучи дека се исклучително позитивни, а тоа значи дека реформите на Владата успешно се реализираат, истакна Николиќ-Мазнева.

Пратениците од опозицијата пред обраќањето на Николиќ-Мазнева ја напуштија собраниската седница, поради, како што велат, ниската комуникација со неа во изминатиот период и навреди од нејзина страна кон пратениците од СДСМ.

По едночасовната редовна попладневна пауза, дискусијата во Парламентот за Извештајот на ЕК ќе продолжи.

























Статијата е прочитана 286 пати.

Испрати коментар



Распуштен Хрватскиот сабор, избори најверојатно на 4 декември
Саркози - Грција не беше подготвена за еврото
И Бугарите праќаат писма до Филе
Просечната бруто-плата 30.715, а нетото 20.912 денари
Седум жртви во поројните дождови во Италија
Ладни радијатори - жешка цена, парното пак поскапува
За 30 денари добила 125.000 евра
Малолетник силувал 84-годишна старица во Штип
Малолетник силувал 84-годишна старица во Штип
Одбраната на Брејвик ќе бара намалена казна
Меркел - Се уште не е совладана кризата на еврото
Ахмети се сретна со потпретседателот на Собранието на БиХ, Тихиќ
Обама - Договорот на еврозоната ги смири светските пазари
Момче извадено живо 108 часа по земјотресот во Турција
Усвоени заклучоците по Извештајот на ЕК за Македонија
Апелација ја укина пресудата за „Пензискиот столб“
Попоски - Нема да има отстапки кон Атина
Зоран Јолевски доби уште еден мандат
МАНУ - Македонскиот јазик е непобитен историски факт
Претседателот Иванов се сретна со принцот Алберт Втори од Монако
КФОР - Делумното отворање на барикадите е позитивен, но недоволен чекор
Мијатовиќ - Има подготвеност за подобрување на состојбата во медиумите
Ставрески - Оценката на „Фич“ сигнал за странските инвеститори
Тепачка во италијанскиот парламент
Парична помош од Градот Скопје за настраданите во Турција
Грчките медиуми за Самитот на ЕУ - Избегнат национален банкрот
Потпишан договор за соработка меѓу македонското и руското МВР
Црвенковски - Не сум вечен, но останувам на чело на СДСМ
Четири чекори за излез од кризата на еврозоната
Иванов - Спортот има моќ да сплотува
На 30 октомври почнува зимското сметање на времето
Путин бесен поради објавените снимки на Гадафи
Пораст на цената на нафтата по самитот во Брисел
Европа и прости половина долг на Грција
На жена во Хрватска по грешка и извадиле здрав бубрег
Предлог-законот за минимална плата влегува во владина процедура



MNR, 27.10.2011 15:25:11
Ni treba strategija na doblizhuvanjeto kon Nevrzanite drzhavi-chlenki na ON. Tie se potrebni za glasnjeto vo OON pri vospostavuvanjeto ustavnoto ime vo Generalnoto sobranie na ON. Stavovite na akademik prof. Igor Janev gi prifati i Kiro Gligorov i izleze so stav za rezolucijata za imeto vo ON (objaveno vo Utrinski vesnik 2006. godina pod naslov Vreme e za rezolucijata za imeto vo OON-Rezolucijata za imeto treba dobro da se obraboti).

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

„Утрински весник“ можете да го купите во електронска форма

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 3°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 18°C, Мин: 1°C

Недела
Сончево
Макс: 17°C, Мин: 1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен Магазин |