Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
27.10.2011, 12:06
(ВИДЕО) Леванте го задржа врвот, Реал незапирилив




И по 9. коло хитот во шпанската Примера, екипата на Леванте ја задржа првата позиција на табелата со победата од 3:2 над Реал Сосиедад.

Фудбалерите на Леванте пред ова коло беа во серија од шест победи, а лошо започна мечот за нив откако Естрада погоди за водство од 1:0 на гостите од Сосиедад.

По десет минути игра во вториот дел изедначи Нано, а за целосен пресврт се погрижи Валдо во 61. минута. Мартинез во 86. минута најави прекинување на успешниот низ на домаќините и изедначи на 2:2, но јунак на Леванте беше Суарез, кој во третата минута од судиското продолжение постигна погодок од слободен удар за нова победа и останување на првото место со 23 бода.

Реал Мадрид уште во првото полувреме го реши победникот во дуелот со Виљареал (3:0) со погодоците на Бензема, Кака и Ди Марија.

Рајо Ваљекано му го нанесе вториот пораз по ред на тимот на Малага, совладувајќи го со 2:0. Домашните фудбалери поведоа уште во 6. минута со голот на Ботелјо, а Малага остана со фудбалер помалку по исклучувањето на Елисеу во 34.минута, што им ја олесни задачата на домаќините кои со погодокот на Тамудо во 71.минута ги освоија трите бода.

Жорди Алба постигна гол во 82.минута за минимална победа на Валенсија на гостувањето против Сарагоса.

Резултати од 9. коло: Сарагоса - Валенсија 0:1, Гетафе - Осасуна 2:2, Леванте - Реал Сосиедад 3:2, Рајо Ваљекано - Малага 2:0, Мајорка - Спортинг 1:2, Реал Мадрид - Виљареал 3:0, Гранада - Барселона 0:1, Севилја - Расинг 2:2. Вечерва играат: Еспањол - Бетис (20 ч), Атлетик Билбао - Атлетико Мадрид (22 ч).

Табела: Леванте 23 бода, Реал 22, Барселона 21, Валенсија 18, Севилја 17, Малага 13 итн.


Статијата е прочитана 789 пати.

Испрати коментар



Мирисот на лалињата ги дразни ватерполистите
Индија дебитира во Формула 1
Пеле - Секако дека Меси е најдобар, никој не му е блиску
Му се гледа крајот на локаутот во НБА
Одложено судењето на Иво Санадер за 3 ноември
Мекејлеб непогрешлив во новиот триумф на Монтепаски
Вожњачки број 1 за 2011 година
Кастелаци го спаси Интер од уште еден пораз
Шок за Ефес во трилерот во Истанбул
Металург го освои и „Борик“
Ф1-трка во Њу Џерси од 2013 година
Сити го казни Тевез со милион фунти
Вардар про остави впечаток, но и бодови
Јувентус нов лидер по победата над Фиорентина
(ВИДЕО) Барселона се врати на врвот во Примера
Работнички потпиша со Јане Петровски
Ловќен лесен залак за Металург
Туре - Гвардиола ме избрка од Барселона
Фени во трилер завршница поразен од Хапоел
Мурињо го казни Касилјас за доцнење
(ВИДЕО) Леванте нов лидер во шпанската Примера
Ракометарките убедливо поразени во Анталија
(ВИДЕО) Сити го награди Јунајтед со шестка
МЗТ Скопје подобар од Работнички во градското дерби
(ВИДЕО) Марко Симончели загина во страотна несреќа на „Сепанг“
Ставрев - Да и судиш на Барселона е како убав сон
Масловар нов селектор на македонската ватерполо репрезентација
Илиевски со победа ја почна Евролигата во кошарка
Металург на крилјата на публиката до втора победа во ЛШ
Исток Пуц ја изгуби битката со ракот
Тричковски и Апоел непоразени и кај Порто

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

„Утрински весник“ можете да го купите во електронска форма

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 3°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 18°C, Мин: 1°C

Недела
Сончево
Макс: 17°C, Мин: 1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен Магазин |