Стрелец на победоносниот гол против Гранада беше Чави од слободен удар од дваесетина метри во 33. минута
Екипата на Барселона се врати на првото место на табелата во Примера Дивизија, откако синоќа во првиот натпревар од 10. коло ја совлада Гранада на гостински терен со 1:0. Стрелец на единствениот гол беше Чави од слободен удар од дваесетина метри во 33. минута. Домашните натпреварот го завршија со девет играчи откако беа исклучени Хаиме Ромеро и Дани Бенитез.
Во вториот натпревар одигран синоќа, Севиља и Сантандер одиграа нерешено 2:2.