(ВИДЕО) Марко Симончели загина во страотна несреќа на „Сепанг“
Италијанскиот моторциклист Марко Симончели загина во големата несреќа која се случи на Гран При трката на Малезија.
Во вториот круг на патеката Сепанг, Марко Симончели ја загуби контролата на својот мотор по што во него удрија Валентино Роси и Колин Едвардс.
По несреќата, возачот на Хонда остана да лежи на патеката без кацига на главата. Медицинскиот тим брзо реагираше и тој веднаш беше префрлен во медицинскиот центар, но наскоро пристигна веста дека тој починал.
Само по половина час од префрлањето на Италијанецот во медицинскиот центар беше потврдена веста дека Марко Симончели загина на 24 годишна возраст.