25.10.2011, 15:30 Владата ќе испрати 100 илјади евра помош во Турција
Владата на Република Македонија на денешната седница донесе одлука да се испрати парична помош во износ од 100.000 евра, како финансиска поддршка за настраданите и санирање на големите штети предизвикани од тешкиот земјотрес во Република Турција.
Владата, на седницата го задолжила министерот без ресор, Хади Незир, да ги продолжи контактите со Амбасадата на Република Турција во Република Македонија со цел да се види потребата за дополнителен вид техничка помош што Република Македонија би можела да ја испрати во турската провинција Ван каде што се случи катастрофалниот земјотрес.
Со оваа одлука Република Македонија уште еднаш ја покажува својата солидарност со земјите кои се соочуваат со тешки природни катастрофи.
|