Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
25.10.2011, 11:11

Гадафи погребан на тајна локација во либиската пустина




Поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи денеска пред изгрејсонце беше погребан на тајно место во либиската пустина, јави арапската телевизија „Ал Џазира“

Претставник на Преодниот национален совет вчера соопшти дека Гадафи ќе биде погребан денеска со скромна церемонија, во присуство на исламски духовници. - Тоа ќе се случи на тајна локација во пустината, рече претставникот на ПНС.

Тој додаде дека погребот ќе биде извршен, бидејќи телото веќе се распаѓа. - Не е постигнат договор неговото племе да ги земе посмртните останки, додаде претставникот на ПНС.

Телевизијата „Ал Џезира“ истакнува дека телото на Гадафи неколку дена стоеше во Мисрата, додека новите либиски власти размислуваа што да прават со него.

Синоќа телата на Моамер Гадафи, на неговиот син Мутасим и на поранешниот командант на вооружените сили, биле изнесени од ладилникот во Мисрата и пренесени на непознатото место, соопштија британските медиуми. Либиски извор во Мисрата потврди дека телата се изнесени, но одби да открие какви и да било детали за тоа.

Според претставникот на ПНС, другиот син на Гадафи, Сеиф ��л Ислам, е во пустински регион, што се граничи со Нигер и Алжир, и се подготвува да избега од Либија со фалсификуван пасош.

- Тој е во триаголникот на границата на Либија со Алжир и Нигер, во регионот Гат. Се здобил со фалсификуван либиски пасош, рече претставникот на ПНС.

Тој додаде дека во подготовката за бегството на Сеиф ал Ислам учествувал и поранешниот шеф на разузнавањето на соборениот режим Абдула ас Сенуси.

- На југ се фатени сателитски телефонски комуникации. Абдула ас Сенуси е во граничниот регион, за да го организира бегството. Извор од разузнавањето на соседна земја, исто така, ни даде информација за тоа, рече претставникот на ПНС.

Тој кажа дека ќе биде тешко да се следи движењето на Сеиф ал Ислам и да му се попречи напуштањето на Либија.


Статијата е прочитана 2390 пати.

Испрати коментар



Акцијата „Ден на дрвото“ во третата недела од ноември
Светска банка ќе ни гарантира за 100 милиони евра
Собранието расправа за Извештајот на ЕК за Македонија
ВМРО-ДПМНЕ со критики за начинот на владеење на СДСМ
Казни за 14 здравствени установи и нивните директори
Се бара сослушување на осомничениот педофил од ОБСЕ
Проститутките во Бугарија годишно заработуваат 215 милиони евра
ЕУ во Авганистан останува и по 2014 година
ОН - До 2100 во светот ќе има десет, а можеби и 15 милијарди луѓе
Претставничката на ОБСЕ за слобода на медиуми во Македонија
Реџепи - Косово подготвува акција на северот на Косово
Реакција на МНР за дезинформации за средбата Попоски - Филе
Јанкуловска во посета на Москва
Прилепчанец загина откако со автомобилот паднал во река
Три жртви во невремето во северна Италија
Обама - Смртта на Гадафи е силна порака до диктаторите
Филе ги игнорира реакциите од Македонија
„Топлификација“ побара поскапување на парното
Место сведочење, писмен исказ од заштитниот сведок
СДСМ обвинува за применување селективна правда
Владата ќе испрати 100 илјади евра помош во Турција
Стотина загинати во експлозија на цистерна во Сирт
Од урнатините извадено бебе старо 14 дена
„Фич“ - Банкротот на Грција е неизбежен
Арифи - Извештајот на Европската Комисија е позитивен
Попоски до Филе - Бришењето на придавката „македонски“ да не се повтори!
Бензините и дизелот поскапуваат за еден денар
Тетовец се задушил во својот стан
Нов штрајк на вработенте во јавниот превоз во Атина
Најмалку 366 загинати и 1.301 повредени во земјотресот во Турција
Ламерс - Расте притисокот врз Македонија за НАТО
Министерот Попоски во посета на Европскиот парламент
Македонските институции во одбрана на идентитетот
Лидерите на ЕУ согласни да ја спасуваат Грција
Босанскиот претседател во посета на Македонија
Земјотрес од четири степени во Битола
Околу илјада жртви во катастрофален земјотрес во Турција
Лидерите на ЕУ ќе кројат план за спас на еврото
Уапсен и најстариот син на Гадафи, Саиф ал-Ислам
Македонија го одбележува Денот на револуционерна борба



Vancho, 25.10.2011 23:02:46
Kako i vo staro vreme koga se javi Bunt noviot Car pobije sve zivo od prethodnoto carstvo.Vo ovoj sluchaj Nato je so Krvavi Race so nivnata lazna demo-Kratija koi sve shto ne im se pokloni na noviot svetski poredok tova gi cheka.A da ne zboruvame da razlog je i crnoto zlato na libija koja ke pomogne na i onaka propadnatata EU Ekonomija koja je na stakleni noze i za zal ke Propadne.Moze unapred da se smejam zashto shto seesh tova i ke Pozneesh.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 17°C

Претежно облачно

Среда
Претежно облачно
Макс: 18°C, Мин: 6°C

Четврток
Делумно облачно
Макс: 16°C, Мин: 5°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |