Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
26.10.2011, 14:01
Здравствени менаџери казнети со 15 отсто помала плата




Парично се казнети директори на установи кои еднаш веќе беа казнети од ФЗО поради наплаќање поголема партиципација

Јасмина Јовановска


Директори на 14 здравствени установи се парично казни со по 15 отсто од плата. Вака одлучи министерот за здравство, Никола Тодоров останувајќи на зборот дека кога ќе казни Фондот, ќе следуваат и санкции од Министерството и ќе ја персонализира одговорноста за пропустите во работењето. Паричните казни за менаџерите се дополнителна санкција за здравствените установи што беа веќе казнети од Фондот за здравствено осигурување зашто наплаќале поголема партиципација на пациенти. Кај санкционираните здравствени установи, Фондот утврди дека не се водело евиденција за наплатената партиципација или, пак, не се издавале потврди за наплатената партиципација.

Ова се први парични казни за директорите, иако вакви најави имаше и од претходниот министер за здравство.

Со по 15 отсто од плата во следните три месеци ќе бидат казнети директорите на оние здравствените установи кои од Фондот заработија казни со 75.000 денари. Ако се знае дека во менаџерите земаат по околу 1.000 евра плата, значи дека по околу 150 евра помала плата во наредните три месеци ќе им биде исплатена на менаџерите на 11 здравствени установи: Здравствена станица „Железара“, Клиника за гастроентерохепатологија, Општа болница-Дебар, Клиничката болница-Тетово, Заводот за нефрологија-Струга, Клиниката за нефрологија, Општата болница-Куманово, Клиничка болница-Штип, Општата болница-Струмица, Општата болница-Гевгелија и Здравствен дом-Кочани. Овие менаџери имаат и условна казна од два месеца по кој период ќе следи повторна контрола дали ги средиле недостатоците.

Со казна од само еден месец, 15 отсто помала плата и два месеца условно поминаа менаџерите на три клиники и тоа за урологија, за уво, нос и грло, за гинекологија и за акушерство. Овие клиники како установи од Фондот беа казнети со 35.000 денари.

Поголемиот број од менаџерите што ги контакриравме вчера беа затекнати од паричните казни од нивниот шеф. Тие не сакаат да коментираат додека не добијат црно на бело од Министерството за здравство.

„Не сум добил никакво известување дека сум казнет од Министерството. Кога ќе добијам тогаш ќе коментирам“, ни изјави директорот на Клиниката за гастроенетерохепатологија, д-р Ненад Јоксимовиќ и не сакаше да открие со колку ќе биде оштетен од казната.

И другите директори не сакаат да коментираат додека не добијат писмени извстувања дека се казнети. Меѓу нив имаше и такви што велат дека ако грешеле, нека бидат казнети.


Статијата е прочитана 1861 пати.

Испрати коментар



Ставрески - Оценката на „Фич“ сигнал за странските инвеститори
Тепачка во италијанскиот парламент
Парична помош од Градот Скопје за настраданите во Турција
Грчките медиуми за Самитот на ЕУ - Избегнат национален банкрот
Потпишан договор за соработка меѓу македонското и руското МВР
Црвенковски - Не сум вечен, но останувам на чело на СДСМ
Четири чекори за излез од кризата на еврозоната
Иванов - Спортот има моќ да сплотува
На 30 октомври почнува зимското сметање на времето
Путин бесен поради објавените снимки на Гадафи
Пораст на цената на нафтата по самитот во Брисел
Европа и прости половина долг на Грција
На жена во Хрватска по грешка и извадиле здрав бубрег
Предлог-законот за минимална плата влегува во владина процедура
МПЦ до Филе - Брисел застана против фактите
Акцијата „Ден на дрвото“ во третата недела од ноември
Светска банка ќе ни гарантира за 100 милиони евра
Собранието расправа за Извештајот на ЕК за Македонија
ВМРО-ДПМНЕ со критики за начинот на владеење на СДСМ



Трајко, 26.10.2011 14:50:41
А кој ќе ги казни оние во Министерството за Здравство што ги избрале тие директори што работеле несовесно?
hari, 26.10.2011 18:09:56
Vo pravo e Branko koga veli deka detevo sto izigrava minister moze da vleze vo operaciona sala i da operira, no taka mu treba na glup narod kako nasiot, vakvi moroni za ministri od koi samo kamcev ima interes. Toa go baravte.
„Утрински весник“ можете да го купите во електронска форма
Со овој револуционерен чекор на македонскиот медиумски пазар, Утрински весник и другите два дневни весника во сопственос...

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  

 


Site Meter


Нај��ови вести
Време
Скопје, 17°C

Делумно облачно

Четврток
Делумно облачно
Макс: 16°C, Мин: 2°C

Петок
Сончево
Макс: 17°C, Мин: 1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |