26.10.2011, 15:54 На жена во Хрватска по грешка и извадиле здрав бубрег
Во болница во хрватскиот град Дубровник на една жена, која имала болки во половината, по грешка и извадиле здрав бубрег, објавија локалните медиуми.
До грешката најверојатно дошло затоа што во болницата имало уште една пациентка со исто име и презиме, која имала тумор на бубрегот.
Персоналот случајно ја заменил документацијата, па на жената која требало да оди на операција на пршлените на рбетниот столб и бил остранет здрав бубрег.
Случката ја потврди и хрватското Министерство за здравство, а ресорниот министер Дарко Милиновиќ изрази жалење поради случајот и и се извини на несреќната жена, на изајви дека нема да ја смени директорката на дубровничката болница.
Случајот им е предаден на Хрватската лекарска комора и на Јавното обвинителство, кое ќе одлучи за евентуална понатамошна постапка.
|