27.10.2011, 13:24 Парична помош од Скопје за Турција
Советот на Град Скопје на денешната седница одобри парична помош за настраданите во катастрофалниот земјотрес што на 23 октомври го погоди градот Ван, во југоисточна Турција.
- Градот Скопје, како Град на солидарноста, одвои 1,5 милиони денари (25.000 евра) парична помош за настраданите и за санирање на штетите од земјотресот во градот Ван. Градот Скопје досега несебично помогна за санирање на штетите од налетот на цунами брановите во Индонезија, по земјотресот во Сечуан, Кина, земјотресот на Хаити, за санирање на штетите од поплавите во Скадар, Албанија и по земјотресот во Јапонија, соопшти Градот.
|