Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
28.10.2011, 09:14
Усвоени заклучоците по Извештајот на ЕК за Македонија




Собранието на Република Македонија вечерва едногласно ги усвои заклучоците за Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2011 година.

Во нив, меѓу другото, се посочува дека оценките и коментарите содржани во Извештајот се одраз на реалните состојби во Република Македонија за постигнатите резултати во процесот на нејзиното интегрирање во ЕУ. Надлежните органи се задолжуваат да ги анализираат забелешките, а Владата да изготви план за реализација на препораките содржани во Извештајот.

Во точка девет од заклучоците со жалење се констатира отсуството на придавката „македонски“ во Извештајот на ЕК.

- Собранието ја повикува Европската комисија согласно принципот на почитување на европските различности без одлагање да ја преиспита неупотребата на придавката македонски во контекст на јазиците и културните особености во Република Македонија, а согласно официјалната терминологија на Обединетите нации, стои во документот.

Вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи, која им се обрати на пратениците во попладневниот дел од седницата, истакна дека Извештајот на ЕК е ре��лен и го покажува вкупниот ангажман во текот на годината. Извештајот, рече Арифи, е позитивен во оние делови каде сме постигнале напредок, но има и забелешки во оние сегменти каде треба повеќе да работиме.

Таа посочи дека како позитивно е нотирано исполнувањето на политичките критериуми, последните парламентарни избори во државата и политичкиот дијалог, а реформите во судството, јавната администрација и слободата на изразување се области на кои треба серозно да им се пристапи.

- Тоа се трите точки кои треба да ги третираме сериозно и да ги направиме реформите што се потребни за да ги постигнеме бараните европски стандарди, нагласи Арифи, додавајќи дека ќе бидат изготвени два акциони плана во кои ќе бидат дадени натамошните насоки за реализирање на реформите во овие области.

Во однос на барањето на ДПА на седницата да присуствува вицепремиерот за европски прашања, Арифи рече дека коректно го известила Парламентот оти поради здравствен проблем не може да присуствува на седницата.

- Никогаш не бегам од доаѓањето во Парламентот. Јас сум еден од претставниците на Владата која цели недели поминува во дебати во комисиите. Не сум оставила ниту еден медиум без одговор и сум присуствувала на сите комисии каде сум била поканета. Денес на коректен начин го информирав Парламентот дека имам здравствен проблем, нагласи Арифи.

Опозицијата обвини дека државата тапка во место и оти нема никаков напредок на полето на евроинтеграциите, додека парламентарното мнозинство оцени дека во најголем дел од Извештајот е нотиран напредок, а единвтената причина поради која Македонија нема датум за преговори е спорот со името.

Правејќи споредба со 2005 година Маринела Тушева од СДСМ рече дека тогаш државата во повеќе сегменти била подобра од Хрватска, а сега е далеку зад неа и оти во тогашниот извештај била спомената придавката „македонски“ за разлика од најновиот извештај каде оваа придавка е изоставена.

Според нејзиниот сопартиец Андреј Петров, политичките критеруми се голем проблем за интегративните процеси на земјата, a Горан Мисовски од НСДП обвини дека овогодишниот извештај е негативен поради политиката што ја води Владата.

Весна Бендевска обвини дека Владата и премиерот имаат план да ја оддалечат Македонија од евроинтегративните процеси, на што реплицираше Александар Спасеновски, кој рече дека со дискусиите на опозицијата се рушат шансите во декември да биде потврдена препораката за почеток на преговори.

- Она што загрижува со вашата дискусија е дека Вие на еден позитивен извештај, кој содржи препорака за почеток на преговори, се обидувате да го релативизирате. Она што го правите во овој момент сериозно ги нарушува шансите на македонската држава препораката која по трет пат ја дава ЕК да биде потврдена од страна на Советот на ЕУ. Наместо да се борите во декември препораката да биде потврдена, Вие свесно го рушите значењето на извештајот, нагласи Спасеновски.

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема што да крие и од што да се срами во однос на евроинтеграциите бидејќи е првата Влада која обезбедила не само позитивен извештај туку и препорака за почеток на преговорите за членство.





Статијата е прочитана 360 пати.

Испрати коментар



Распуштен Хрватскиот сабор, избори најверојатно на 4 декември
Саркози - Грција не беше подготвена за еврото
И Бугарите праќаат писма до Филе
Просечната бруто-плата 30.715, а нетото 20.912 денари
Седум жртви во поројните дождови во Италија
Ладни радијатори - жешка цена, парното пак поскапува
За 30 денари добила 125.000 евра
Малолетник силувал 84-годишна старица во Штип
Малолетник силувал 84-годишна старица во Штип
Одбраната на Брејвик ќе бара намалена казна
Меркел - Се уште не е совладана кризата на еврото
Ахмети се сретна со потпретседателот на Собранието на БиХ, Тихиќ
Обама - Договорот на еврозоната ги смири светските пазари
Момче извадено живо 108 часа по земјотресот во Турција
Апелација ја укина пресудата за „Пензискиот столб“
Попоски - Нема да има отстапки кон Атина
Зоран Јолевски доби уште еден мандат
МАНУ - Македонскиот јазик е непобитен историски факт
Претседателот Иванов се сретна со принцот Алберт Втори од Монако
Пратениците расправаат за Извештајот на ЕК
КФОР - Делумното отворање на барикадите е позитивен, но недоволен чекор
Мијатовиќ - Има подготвеност за подобрување на состојбата во медиумите
Ставрески - Оценката на „Фич“ сигнал за странските инвеститори
Тепачка во италијанскиот парламент
Парична помош од Градот Скопје за настраданите во Турција
Грчките медиуми за Самитот на ЕУ - Избегнат национален банкрот
Потпишан договор за соработка меѓу македонското и руското МВР
Црвенковски - Не сум вечен, но останувам на чело на СДСМ
Четири чекори за излез од кризата на еврозоната
Иванов - Спортот има моќ да сплотува
На 30 октомври почнува зимското сметање на времето
Путин бесен поради објавените снимки на Гадафи
Пораст на цената на нафтата по самитот во Брисел
Европа и прости половина долг на Грција
На жена во Хрватска по грешка и извадиле здрав бубрег
Предлог-законот за минимална плата влегува во владина процедура



seit od torbesija, 28.10.2011 09:52:08
alo ovaj Milosevic ili e bolen ili nozete mu smrdat ,kakvo obezbeduvanje na pregovori za pristap koga izvestajot e negativen i toa go potvrduva Arifi koja e prva po toa prasanje ,znaci mu davaat potvrda na nivnoto javno lazenje. znaci vladeenje so inaet ovie od VMRO crnoto go pravat belo zalosno
ФЕЛИКС, 28.10.2011 11:09:27
Значи компромис политички на дело,за кое и пишував кога се случи добивањето на извештајот и на негирањето во него за се што носи предзнак,,македонско,,.Значи усогласување да премиерот неоправдано ги критикувал забелешките на ЕК а правилно реагирал за негаторството.Околу негаторството е добро што на реагирањето се придружи опозицијата,најпосле свати да сепак со ваквото нешто се нарушени интересите на сопствената земја по сите основи,државни,национални, идентитетски и јазични.
bezanec, 28.10.2011 21:44:36
До Спасеновски и Милошевски! А бре вмровци свесните дека лажите а на лагата и се кратки нозете. Доста го лажавте народот,препораката е дадена за време на СДСМ.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

„Утрински весник“ можете да го купите во електронска форма

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 3°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 18°C, Мин: 1°C

Недела
Сончево
Макс: 17°C, Мин: 1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економ��ја | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен Магазин |