27.10.2011, 12:36 Црвенковски: Не сум вечен, но останувам на чело на СДСМ
Црвенковски во интервју за „Дојче Веле“ на македонски јазик ја критикува севкупната политика на сегашната влада, оценувајќи дека земјата „продолжува да се движи во погрешен правец“
Не сум вечен, но останувам на чело на партијата до следниот конгрес, вели во интервју за Дојче веле на македонски јазик претседателот на опозицискиот СДСМ Бранко Црвенковски.
Тој тврди дека внатре во партијата се практикува демократија. Црвенковски во интервјуто ја критикува севкупната политика на сегашната влада, оценувајќи дека земјата „продолжува да се движи во погрешен правец“.
„Прво на планот на евроатланските интеграции, всушност кога ќе ги спомнеме како термин евроатланските интеграции ние зборуваме за иднината на земјата. Ние никогаш не сме биле подалеку од остварувањето на тие цели и посакувана иднина за најголемиот дел од граѓаните на Република Македонија. Влеговме по извештајот на Европската комисија изјавите, интервјуата на премиерот Груевски, во фаза на конфронтација со меѓународната заедница, пред сe со Европската унија, но би рекол и со Вашингтон.
Втора работа е на планот на економските политики, продолжува популизмот на оваа власт, продолжува политиката на погрешни приоритети. Македонија има лимитирани финансиски ресурси, но, и тие ги троши на погрешен начин, најчесто на непродуктивни проекти.
Трета работа е на планот на демократијата, уназадувањето станува сe повидливо. Не се почитуваат законите подеднакво за сите, правната држава е руинирана, слободата на јавно изразување е на најниски можни гранки во споредба со кој било период досега. Значи Македонија оди во погрешен правец и за жал она што морам да го констатирам, состојбите денес нечинат, но, ќе стануваат уште полоши“, вели Црвенковски.
Прашан за демократскиот капацитет на СДСМ како партија, Црвенковски со став:
„Јас ви тврдам дека и по начинот на дејствување и по статутарните одредби СДСМ е една од најдемократските партии во Македонија, во однос на ВМРО ДПМНЕ неспоредливо подемократска партија. Ќе ви дадам за пример неколку илустрации. Нашиот статус вели, и тој се почитува, дека ако за која било одлука една третина од членовите на органот не дадат поддршка, таа одлука не е донесена, ќе се разгледува повторно. Листите за кандидати на пратеници во себе содржеа само имиња предложени од страна на општинските организации, од базата. Централното раководство ја испочитува нивната волја. Во СДСМ има внатрешна демократија и тврдам дека тоа не е клучниот проблем, клучниот проблем е тоа што нема демократија во државата. Денес се соочуваме со еден недемократски режим и проблемот на оваа земја и на овој народ е како да се смени тоа, или преку притисок власта да ја корегира политиката или на крајот сите да заклучиме дека е неопходно да се смени самата власт“, вели Црвенковски.
Во врска со евентуални планови за негово повлекување од лидерското место во партијата, Црвенковски со одговор дека токму по неговото враќање дошло до консолидирање на СДСМ.
„Се разбира дека не сум вечен, ниту имам намера да останам вечно на оваа позиција. На конгресот во Битола веднаш по изборите на тајно гласање беше изгласана доверба не само за мене, туку и за органите на партијата, и ние ќе продолжиме да ја вршиме таа работа сe до следниот конгрес во мај 2013. Што се однесува до тезата во вашето прашање сакам да ве потсетам дека пет години јас не бев во партијата, бев претседател на државата, и тогаш власта, односно ВМРО ДПМНЕ наоѓаше милион причини да го критикува СДСМ и тоа беше период во кој се врзаа неколку последователни порази. Токму поради тие порази се вратив во партијата. На изборите во 2008 партијата освои 220 илјади гласа, на 5 јуни годинава СДСМ освои 370 илјади гласови. Тоа е сериозен напредок. Некој ќе рече недоволен, се согласувам не победивме. Меѓутоа за две години успеавме да ја кренеме партијата и да дојдеме до еден навистина завиден резултат кој говори дека курсот е во ред и дека треба да се продолжи со процесот на јакнење и консолидирање на партијата и подготовка за следните изборни соочувања“, вели Црвенковски во интервју за Дојче Веле на македонски јазик.
|
|
Статијата е прочитана 4201 пати.
|
Испрати коментар
|
|
bale, 27.10.2011 13:23:09 | na 5.06.2011,na predvremenite izbori sdsm ne dobi 370000 gasa,tuku mnogu pomalku,epten pomalku.glasovi dobija partijata na ramkovski,na miletic,na canovski na drugarot TITO, a mal del(kusur) dobi SDSM. |
| od ostrijot, 27.10.2011 13:56:41 | ah bre brane netrebase toa dago kazes sega
vmroovcite pak treska kegi trese. |
| milan, 27.10.2011 14:19:56 | G-dine Crvenkovski jas ne sum clen na niedna partija ama gi podrzuvam potpolno vasite stavovi.Se nadevam deka i clenstvoto na SDSM kompletno ve podrzuva./ako e Buckovski vo rakovodstvoto da se odstrani ubeden sum deka celokupnoto clenstvo bi go podrzalo ovoa moe razmisluvanje/.Najlosa varijanta za R.M. pak da dojdete vo pozicija da ja spasuvate drzavata so nekakvi dogovori-bidejki vo toj pravec se dvizi politikata na segasnata vlast. |
| marijana, 27.10.2011 14:25:23 | bravo be branko ama jas da sum kako tebe ne se mesam so ovaa elita |
| тутулу, 27.10.2011 15:19:27 | Е бале, бале ,тутулу -бале ! Сигурно си студент на вечерните факултети со 98,8% запишани студенти , штом толку прецизно даде анализа на изборите, или пак си новопечен професор, магистер или доктор од истите вечерни училишта ширум државата!Смешно е, ако не е жално. |
| intelekt, 27.10.2011 15:28:44 | aj da ne bides vecen,i aj nemoj da bides na celo!vidovme sto napravi koga bese na vlast!!! |
| ФЕЛИКС, 27.10.2011 17:54:04 | Нормално ништо не се кажа за лошата проценка за повикување на предвремени избори,оти бевте фатени во блефирањето,за потоа изместено се правеа акробатики за покирање на стореното.Внатрешна демократија е кога вие назначувавте лидери на партијата во ваше одсаство.Дури ни вашите најзагрижени бранители не веруваат да ,,јас сум бил одсатен и блага врска немам кој тоа станал лидер,,Спасов ви ја почуствува внатрешната демократија како и сега Бучковски.За малку курбан ќе отидеше и г-ѓа Шеќеринска да под притисок токму ваш се откаже од Демократскиот центар,инаку преставен како невладин демократски проект.Да не зборуваме за сегашниве ваши младинци кој демократски ги суреди вашиот потпреседател а вие нормално пак немате,,блага врска со тоа.Нема доволно простор за опис и попис на вашите ,,демократски,,дострели внатрепартиски. |
| od mene, 27.10.2011 18:29:37 | Toj covek navistina ne e svesen deka ne samo sto mu nanesuva neprocenliva steta na SDSM tuku e vece neprduktiven iza cela Makedonija. Nekoj od SDSM treba vo licer da mu kaze deka e lanski sneg. Toj swo skopskata tajfa okolu sebe go dovede SDSM vo marginalna skopska lokalna partija. SDSM ne razbira deka vo rakovodstvot na partijata treba dve tretini da se aktivisti i dolgogodisni clenovi na partijata od nadvor od Skopje a samo edna tretina od Skopje, a ne kako sega skopski mangupcinja i karieristi. Cao Crvenkovski, cao, zar ne sfacas! |
| Od Prijatel br-1, 27.10.2011 19:39:33 | I taka nemas drug izbor ostani i do unistigi najubavo koga samite se unistuvate............... |
| Makedonec, 27.10.2011 19:50:43 | vlast so vakva opozicija ne treba da se plasi za svojata idnina-alooo sinii cuknete se vo glava |
| Mate Parlov, 27.10.2011 19:53:26 | Brane, ne mozam za mnogu raboti da ti prostam (verovatno i ti samiot ne mozes da si prostis), ama da si strav i trepet za vmro-vcite, toa e nepobiten fakt. Zatoa, seuste ne odi! Doadja vistinskiot moment za vistinski nokaut-udar. Samo nemoj povtorno da imas milost za onie sto te predadoa i sotrea, na celo so Latas i Mirka. |
| aleks, 27.10.2011 20:14:58 | ovoj pobele kutriot decata sto se rodija koga toj bese na vlast sega se polnoletni neznam koj normalen covek moze da ocekuva deka ovoj ke vodi drzava ne deka ovie na vlast se nesto posposobni. |
| Trajan, 27.10.2011 21:45:46 | BLAZESIMU NA GRUEVSKI.Teshko na SDSM. |
| jovan, 27.10.2011 22:46:08 | vo vrska so izjavata na g-din crvenkovski da bide na celo sdsm do 2013god.na tv sitel od strana na nivniot urednik dragan pavlovic imase komentar za vremeto sto go pominal branko crvenkovski kako prv covek vo sdsm so doza na ironija.ako nekoj treba da se podsmeva na ovaa tema mislam deka sitel imaat najmalku pravo.sto ne kazat kolku vreme nivniot gazda e na celo na spm i dali voopsto kaj niv postoi izbor na pretsedatel.po se izgleda ima namera da go sobori rekordot na gadafi. |
| pk canada, 28.10.2011 00:03:09 | do felix,
dobro bre imas ti nekoja popametna rabota?
za sve imas mislenje, kako ilija dimoski si.
Ama ako, toj e eden od VASITE.
dOSTA SE ZANIMAVATE SO bRANKO, DAJ MAJKATA VIDETE, KAZETE NESTO ZA GRUJO, I ZA amnestijata, dosta so toa BRANKO, BRANKO, BRANKO, kako decinja koga ce recitiraat pesnicki.
Za demokratijata, so kolku glasovi bese izbran Grujo za pretsedatel?Samo Chuk Noris ne glasal za nego.
A za tie sto velat deka Branko najpovece ukral, ajde bre apsete govece ednas. |
| mene, 28.10.2011 00:15:07 | Ako ne e sposoben Branko,sto toa be Felikse se macis da go ocrnis covekot? Ako e do greskata so privatizacijata,sto ne ja vrativte postapkata na pocetok,ami gi likvidiravte firmite?! Ili tie sto nekogas dzapaa (ovoj zbor mi e od vasa G-gja Mazneva),sega se prijatelcinja na Grujo?!! Mu finansiraat izbori,pogresni politiki,sakajki da si go zastitat debeliot bogat gaz! Si mislam deka ti Feliks ne si od ovie bogati upravnici i kvazigazdi sto go pomagaat Grujo,ti si od onie na koi Grujo im oblekol konduri,kosulce,so minimum intelekt i maksimum nagon da go branat idiotot na vlast. Uf ve zalam,toa e najlosa varijanta na edna vrska-korist,ama so zadovolstvo ke go pocekam denot koga poveceto od vas ke svatat sto ni se slucuva,dotogas,mojot um e sloboden i demokratski,barem toa mi se moze :). |
| Pero Micevski Melburn, 28.10.2011 01:02:49 | E brane brane nesreko edna ti mozes samo da si ostanes lider na tvojata banda izrodi vecni opozicioneri . |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 14°C
Ведро
|
Сабота
Делумно облачно
Макс: 18°C, Мин: 1°C
|
Недела
Сончево
Макс: 17°C, Мин: 1°C
|
|
|
|
|
|