28.10.2011, 14:59 Просечната нето-плата 20.912 денари
Просечната месечна бруто плата во август годинава изнесува 30.715 денари, што е за 1,7 проценти повисока од исплатената во август лани. Просечната месечна нето-плата е 20.912 денари каде, пак, зголемувањето во однос на септември лани е за 1,8 проценти.
Според подтоците на Државниот завод за статистика, порастот се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена плата по вработен во секторите други услужни дејности, стручни, научни и технички дејности, уметност, забава и рекреација и рударство и вадење на камен. Во последниот сектор е забележан и најголем пораст на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец. Според податоците од Статистика, во август годинава, 3,1 отсто од вработените во Македонија не примиле плата.
|