Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
26.10.2011, 15:50
Предлог-законот за минимална плата влегува во владина процедура

Предлог-законот за минимална плата е усогласен од страна на трите социјални партнери и уште денеска ќе биде потпишан од министерот за труд и социјална политика и доставен до Владата.

Во текстот на Предлог-законот се содржани одредби со кои се утврдува правото на минимална плата, нејзината висина, органите надлежни за утврдување и објавување на минималната плата, како и инспекцискиот надзор. Дефиниран е поимот минимална плата, кој треба да биде износ на најниско месечно ниво на плата која работодавачот е должен да му ја исплати на работникот за извршена работа за полно работно време.

Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски по денешната седница на Економско-социјален совет изјави дека во износот на минимална плата не се вклучени додатоците на плата кои дополнително ќе треба да му се исплатат на работникот.

- Минималната плата ќе се утврдува во процент и тоа во износ од 39,6 проценти од просечната плата остварена во бруто износ во претходната година. Ова значи дека минималната плата ќе ја следи динамиката на плати во земјата и истата ќе биде позната на крајот на годината за наредната година. Поради поголема транспарентност и достапност на податокот, таа ќе се објавува во Службен вес��ик на Република Македонија, рече Ристовски.

Тој додаде дека минимална плата за 2012 година веќе е договорена и ќе изнесува 8.050 денари во нето износ, односно 39,6 проценти од просечната плата за 2011 година.

За дејностите со пониски плати утврдена е динамика на усогласување во период од три години со цел да не се предизвикаат потешкотии во работењето на овие дејности.

- Предлог варијантата е и тука да се оди во проценти. Планот е да биде три години по една третина зголемувањето во соодветниот процент за да во 2015 година се добие утврдениот износ за сите гранки идентично, појасни Ристовски.

Во Предлог-законот утврдени се и прекршочни одредби и глоби кои ќе се движат од 6.000 до 7.000 евра во денарска противвредност за работадавачот доколку не ја исплати минималната плата и глоба во износ од 3.000 до 4.000 евра за директорот.








Статијата е прочитана 435 пати.

Испрати коментар



Распуштен Хрватскиот сабор, избори најверојатно на 4 декември
Саркози - Грција не беше подготвена за еврото
И Бугарите праќаат писма до Филе
Просечната бруто-плата 30.715, а нетото 20.912 денари
Седум жртви во поројните дождови во Италија
Ладни радијатори - жешка цена, парното пак поскапува
За 30 денари добила 125.000 евра
Малолетник силувал 84-годишна старица во Штип
Малолетник силувал 84-годишна старица во Штип
Одбраната на Брејвик ќе бара намалена казна
Меркел - Се уште не е совладана кризата на еврото
Ахмети се сретна со потпретседателот на Собранието на БиХ, Тихиќ
Обама - Договорот на еврозоната ги смири светските пазари
Момче извадено живо 108 часа по земјотресот во Турција
Усвоени заклучоците по Извештајот на ЕК за Македонија
Апелација ја укина пресудата за „Пензискиот столб“
Попоски - Нема да има отстапки кон Атина
Зоран Јолевски доби уште еден мандат
МАНУ - Македонскиот јазик е непобитен историски факт
Претседателот Иванов се сретна со принцот Алберт Втори од Монако
Пратениците расправаат за Извештајот на ЕК
КФОР - Делумното отворање на барикадите е позитивен, но недоволен чекор
Мијатовиќ - Има подготвеност за подобрување на состојбата во медиумите
Ставрески - Оценката на „Фич“ сигнал за странските инвеститори
Тепачка во италијанскиот парламент
Парична помош од Градот Скопје за настраданите во Турција
Грчките медиуми за Самитот на ЕУ - Избегнат национален банкрот
Потпишан договор за соработка меѓу македонското и руското МВР
Црвенковски - Не сум вечен, но останувам на чело на СДСМ
Четири чекори за излез од кризата на еврозоната
Иванов - Спортот има моќ да сплотува
На 30 октомври почнува зимското сметање на времето
Путин бесен поради објавените снимки на Гадафи
Пораст на цената на нафтата по самитот во Брисел
Европа и прости половина долг на Грција
На жена во Хрватска по грешка и извадиле здрав бубрег



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

„Утрински весник“ можете да го купите во електронска форма

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 14°C

Ведро

Сабота
Делумно облачно
Макс: 18°C, Мин: 1°C

Недела
Сончево
Макс: 17°C, Мин: 1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен Магазин |