28.10.2011, 13:19 Малолетник силувал 84-годишна старица во Штип
Старицата вчера била сама во куќата на улица „Иво Лола Рибар“ каде живеела заедно со синот и неговото семејство, кога четиринаесетгодишниот насилник тропнал на вратата.
Малолетник од Штип вчера попладне претепал и силувал 84-годишна старица, соопштува СВР Штип.
Старицата вчера била сама во куќата на улица „Иво Лола Рибар“ каде живеела заедно со синот и неговото семејство, кога четиринаесетгодишниот насилник тропнал на вратата.
Држејќи го нивното куче во раце, веднаш влегол во куќата, почнал да ја удира старицата со тупаници на главата, ја налегнал на креветот и ја силувал.
Старицата се обидувала да го оттргне удирајќи го со дрвен бастун во главата и телото. По извесно време насилникот ја оставил бабата и почнал да ја пребарува куќата, по што избегал.
По кратко време од нападот, синот пристигнал дома и го пријавил случајот во полиција. Со расекотини на усните, отоци на капаците на очите, крварење од обвивката на очите и модрици, бабата е пренесена и задржана на лекување во Клиничкиот центар во Штип.
Малолетникот е приведен и против него ќе следува соодветна пријава. Насилникот и е претходно познат на полицијата како извршител на тешки кражби.
|