28.10.2011, 14:35 Мајкл Џексон бил полн со ботокс и аналгетици
Медицинскиот извештај открива дека Џексон за три дена во мај во 2009 година земал 900 милиграма демерол.
Мајкл Џексон за време на смртта имал во организмот големи колични ботокс и лекови против болки, рече др. Роберт Волдман, еден од сведоците на одбраната на судењето на лекарот Конрад Мареј, обвинет за убиство на пејачот.
Адвокатот на Мареј тврди дека Џексон земал лекови деморол од еден дерматолог со кој Мареј бил во судир околу начинот како да се реши проблемот со спиењето на поп ѕвездата, јавија американските медиуми.
Медицинскиот извештај открива дека Џексон за три дена во мај во 2009 година земал 900 милиграма демерол. Пејачот во текот на повеќе месеци вбризгувал ботокс и рестилан за третман на брчките и преголемото потење.
Др. Волдман на судот изјави дека постоела можност кај Џексон да се развие зависност од демерол, но дека тоа не може со сигурност да се потврди.
Обвинетиот Мареј на кој му се суди за убиство со премисла, синоќа се расплака во судницата во текот на сведочењето на неколку негови поранешни пациенти, кои сведочеа во негова корист.
Судењето полека се приближува кон крајот, а доколку биде прогласен за виновен, Мареј може да биде осуден на затворска казна во траење од најмногу три години.
|