25.10.2011, 16:12 Мадс Микелсен добитник на наградата на Европската филмска академија
Данскиот актер Мадс Микелсен, најпознат по улогата во филмот „Казино Ројал“, добитник е на наградата за целокупна кариера која ја доделува Европската филмска академија.
На актерот, кој го играше негативецот Ле Шифра во филмот за тајниот агент 007, признанието му е доделено „за еденствен придонес во филмот“.
- Што друго да се каже кога сте почестени со награда од ваков калибар освен дека сум длабоко благодарен, рече 45-годишниот актер, додавајќи дека наградата ќе ја прифати со „голема и широка насмевка“.
Микелсен ја започна актерската кариера во 1996 година со улогата во данскиот филм „Дилер“.
Играше и во голем број домашни остварувања, а имал и впечатлива улога во тв шоуто „Рејсеголдет“, кој е награден со Еми.
Својот холивудски деби го има во 2004 година во улогата на филмот „Крал Артур“ каде партнер му беше Клајв Овен.
Во моментот може да се види во улогата на Рошфор, десна рака на кардиналот во филмот „Тројца мускетари“.
Наградата на Микелсен ќе биде врачена на свеченоста на доделување на Европските филсмки награди на 3 декември во Берлин.
Меѓу претходните добитници на ова признание се Изабел Ипер, Морис Жар и Лив Улман.
|