Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
21.10.2011, 13:22

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Брилијантна увертира за јубилејот




Извонреден концерт ни приреди живата легенда, саксофонистот Вејн Шортер и неговиот влијателен ѕвезден бенд со Данило Перез на пијано, Џон Патитучи на бас и Брајан Блејд на тапани, на синоќешното отворање на реномираниот фестивал

Тина Иванова

Фото: Киро Попов

Вејн Шортер не вовлече во еден свет во кој не само што органски се спојуваат џезот, рок музиката и класичната, онаа на 20-от век, туку во свет во кој како да се собрале сите звуци на тридецениското концертирање на разно-разни состави овде во Скопје, во склоп на „Скопскиот џез-фестивал“. Извонреден концерт ни приреди живата легенда, саксофонистот Шортер и неговиот влијателен ѕвезден бенд со Данило Перез на пијано, Џон Патитучи на бас и Брајан Блејд на тапани, на синоќешното отворање на реномираниот фестивал. Присуството на овој извонреден џез-автор уште еднаш го потврди значењето на „Скопскиот џез-фестивал“, неговото реноме кое го гради триесет години наназад и заради кое светот не бележи на високото место на културната мапа. Неподелени беа реакциите и овациите на многубројната п��блика присутна во Универзалната сала за настапот на оваа исклучителна џез-четворка. Увертирата за јубилејното издание на СЏФ, со еден збор, беше брилијантна.



Официјалното отворање на „Скопскиот џез-фестивал“ (официјално, зашто тој имаше и две предфестивалски вечери), почна всушност со концертот на бразилското дуо Алесандро Пенеци на гитара и Алешандре Рибеиро на кларинет, како загревање за она што следуваше понатаму, за настапот на долгоочекуваниот Шортер. Пенеци и Рибеиро се млади музичари кои се бават со изведба на дела од за нас познати и помалку познати бразилски композитори, но кои ги пакуваат во свои аранжмани. Тоа, како и авторски творби на Пенеци слушнавме вчера во Скопје. Претежно, Пенеци се бави со интерпретација на т.н. шоро музика која е ламентозна и која инструментална форма на бразилската популарна музика од 19 век. Брзиот ритам и веселиот карактер на мелодијата, импровизациите со голем број на синкопи итн., е дел од музиката и на Пенеци. Нивниот концерт, од една страна, делуваше како навежбана читанка, научена напамет, можеби заради прецизната „комуникација“ на двајцата музичари што е својствено повеќе кај класичната музика, но од друга, пак, поседуваше скриен интензитет кој на моменти возбудуваше.



Сосема очекувано, Шортер и неговата ѕвездена придружба со која заедно функционира веќе десет години, направија крајно возбудлив концерт за кој некои од публиката го коментираа како „тотално лудило“. Тоа и се очекува од такви големи луѓе, од врвни креативци кои се револуциониери, визионери, автори и музичари што ја поместија сликата на светската џез-историја. Секој засебно, е врвен мајстор не само на својот инструмент, туку и како композитор, па не може во случајов да се каже кој завчера на сцената во Универзална најмногу фрапирал, изненадил, возбудил, кој брилјирал. Заедно, поседуваат исклучителна телепатија. Кај нив, не се знае кога импровизираат, кога и се враќаат на темата, кога ја свират музиката од ноти, навидум е се хаотично, но толку добро конципирано, што занесува, и ве тера да фантазирате. Кога 78 годишниот Вејн Шортер, со специфичен став на сцената, потпирајќи се на пијаното на Перез, свиреше тивко и затворено, тогаш Брајан Блејд се наметнуваше со нескриен интензитет, па дури и, што е реткост, му се скина бас тапанот кој мораше да го смени сред концерт. Додека Данило Перез, инспириран и од Скрјабин, беше на моменти романтичен и милозвучен, Џон Патитучи си играше со фуриозно темпо... Сите теми кои почнаа да ги свират, во кои се вмиксани повеќе звучни стилови изнедрени од класичниот џез, доживуваа невидена градација која се распламтуваше во огнени искри. Едноставно, не можете да знаете до каде можат овие луѓе да одат во импровизацијата. До каде ќе стасаат и како ќе тргнат на својот комплексен пат повторно.





Статијата е прочитана 381 пати.

Испрати коментар



Од сабота до сабота
Филмот е најмоќното невидливо оружје
Спомен куќата на Тоше меѓу трите најдобри светски објекти на интернет
Таблетот „Самсунг Галакси Таб 10.1“ во понудата на Вип
Легендата Чарлс Лојд, Мирослав Витоуш и „Фајр“ на Скопски Џез-Фестивал
На „Браќа Манаки“ по 2.500 гледачи дневно
Вејн Шортер вечерва го отвора „Скопски џез-фестивал“
Карла Бруни роди девојче
Бугарски медиуми - „Трето полувреме“ ја извртува вистината
3Д киносала во Скопје
ДНК со „Дада“ на Ем-Ти-Ви
(ВИДЕО) Претставени „Андроид“ 4.0 и Galaxy Nexus
Стоби на листата World Monuments Fund за 2012 година
„Панкот не е мртов“ награден на Фестивал во Копер
Неновски, Гилевски и Манев добитници на државната награда „23 Октомври“
Нови европски имиња вечерва на „Скопски џез-фестивал“
Сузан Сарандон го нарече папата нацист
(ВИДЕО) HTC го претстави новиот смартфон Sensation XL
Полскиот режисер Лех Мајевски воодушевен од „Браќа Манаки“
Ван Гог не се убил, туку е случајно убиен?
„Сетстат“ и Васил Хаџиманов Трио вечерва на Скопски џез-фестивал
Четири години од трагичната смрт на Тоше
Единаесетто издание на Недела на италијанскиот јазик во светот
Мики Манојловиќ добитник на „Златна камера 300” на „Браќа Манаки“
„Панкот не е мртов“ дефинитивно ќе се бори за „Оскар“
Тридецениски јубилеј со вонсериска програма
Мајкл Џексон самиот не ја проголтал смртоносната доза пропофол
„Унгарска есен“ утре и задутре во Скопје
Документарецот „Меџик Хил“ на фестивал во Милано
Писмо од Ајнштајн продадено за 14.000 долари
Завршува фестивалот на класична музика „Интерфест-Битола 2011“
Македонски режисер сними филм во Холивуд
Денеска почнува 7. фестивал на новиот германски филм
Гоце Мојсоски на „Менхант“ во Сеул
Биографската книга за Стив Џобс на водечката позиција на „Амазон“
Пол Макартни се жени по третпат
Ќерката на Били Боб Тортон осудена на 20 години затвор
Награда за македонскиот сатиричар Васил Толевски
Фрик фестивал по трет пат
Ларс Фон Трир повеќе нема да зборува јавно
Томас Транстромер добитник на Нобеловата награда за книжевност
Фестивалот „Браќа Манаки“ се отвора со „Крвта што проштава“
Нема случајност, туку лош однос кон филмот
Трајче Кацаров е добитникот на наградата „Григор Прличев“
ФОТОГАЛЕРИЈА - На снимањето на „Трето полувреме“
Продолжуваме да го одиме патот на сонцето
Кандидатурата за Оскар на „Панкот...“ ќе биде прифатена
Две меѓународни награди за проектот „Amazing Macedonia“
„Епл“ го претстави најновиот iPhone 4S
Поемата „Ако“ ја освои наградата „Григор Прличев“
(ЕКСКЛУЗИВНО) Сите детали за утрешниот концерт за Тоше
„Мајки” и Манчевски на филмскиот фестивал во Варшава
„Дијалог“ ќе им подари книги на десет библиотеки
Википедија на македонски јазик надмина 50.000 статии
Премиера на новиот проект на Драган Даутовски
Да го направиме одново ѕвезденото небо за Тоше
Култното германско дуо „Маус он Марс“ вечерва на „Десонанз“
„Панкот не е мртов“ денеска премиерно во Лондон
Фестивал на занаетчиите во Старата скопска чаршија
Густав Малер за старт на сезоната на Филхармонија
„Маус он Марс“ главни ѕвезди на „Десонанз“
Весна Јакимовска на Мис на светот во Лондон
„Амазон“ го претстави својот таблет Kindle Fire
„Ромео и Јулија“ најдобра на 36. МОТ
Наградата на „Екс понто“ ни отвори многу перспективи
Полански ја прими наградата за животно дело
Македонски стрип меѓу најдобрите на Салонот во Белград
„Епл“ на 4. октомври ќе го претстави iPhone 5
ФОТО - Катарина во сета своја раскошна убавина
МОТ завршува со две претстави и концерт на „Биоскопија“
„Гугл“ денеска го слави 13. роденден
Цела недела дизајн во Скопје
Литванската „Ромео и Јулија“ вечерва на МОТ
Маја Лазаревска на „Мис бикини интернационал“ во Кина
Почина Серџо Бонели - авторот на Загор, Мистер Но и Дилан Дог
Професорка, докторка и стујардеса му вадат душа на Тони Зен
Два филма на Киро Урдин премиерно во Кинотека
Парис Хилтон ги шокираше Индијците
Хит-претставата „Господа Глембаеви“ вечерва на МОТ
Веста Вилијамс пронајдена мртва
Две претстави и концерт денеска на МОТ
„Пета“ со порно сајт за заштита на животните
Дали Ајнштајн згрешил?
„Фејсбук“ го претстави новитетот „Тајмлајн“
Гитаристот Владимир Четкар го освојува и Лондон
Тенорот Благој Нацоски ја почнува новата концертна сезона



Jazz, 21.10.2011 14:12:06
Беше навистина фантасти~на,незаборавна ве~ер за на љубителите џез музиката,дотојна за овој голем јубилеј.Големо БЛАГОДАРИМЕ до Белопета и неговата екипа!

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 9°C

Претежно облачно

Сабота
Ситен дожд
Макс: 19°C, Мин: 6°C

Недела
Обилни врнежи
Макс: 19°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |