Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
14.10.2011, 12:54
Мики Манојловиќ добитник на „Златна камера 300” на „Браќа Манаки“




Српскиот актер Предраг Мики Манојловиќ е добитник на специјалната награда „Златна камера 300” за особен придонес во светската филмска уметност на 32. издание на „Браќа Манаки“, објавија денеска во Битола организаторите на фестивалот.

Мики Манојловиќ е еден од најискусните и најангажирани актери од Србија и поранешна Југославија, со филмографија од речиси сто наслови во различни категории и добитник на низа високи награди и признанија.

Сите национални кинематографии на Балканот се обележани од неговите богати актерски перформанси. Покрај српски, на филм говорел и македонски (Како лош сон), албански (Беса), бугарски (Светот е голем а спасението демне отсекаде), хрватски (Нека остане меѓу нас), ромски (Џипси меџик). Манојловиќ е омилениот лик на најголемите режисерски брендови од регионот, Кустурица, Грлиќ, Карановиќ, Паскаљевиќ, Бајиќ, Тановиќ, помладите Матаниќ, Драгојевиќ, Кољевиќ и нашите Попов и Митриќески.

По распадот на Југославија почнува и неговата интензивна кариера на меѓународен план, играјќи во огромен број француски и италијански наслови. Се одвојуваат впечатливите и забележани улоги во Ослободи ме (1998) на Леа Пул, Криминални љубовници (1999) на Франсоа Озон, Земи ме (2000) на Ариет Мари, Смртен трансфер (2001) на Жан Жак Бене, филмот за стрип јунакот Ларго Винч (2008) на Жером Сале, хит-комедијата Ирина Палм (2009) на Сем Гарбарски. Има глумено покрај сите најголеми имиња од поранешните југословенски простори, но и покрај Емануел Беар, Одри Тату, Чулпан Кхаматова, Винсент Перес, Мишел Сера, Валерија Бруни Тедески, Мариен Феитфул, а во Битола пристигнува од сетот на Бурманска завера, филм во кој главната улога ја толкува Шерон Стоун.

Генерации гледачи ќе го паметат и по улогите во популарните серии Отпишаните и Бос по трње (Грлом у јагоде), незаборавниот лик на Мики Рубироза. Светски познатиот театарски режисер Питер Брук во 1987 година доаѓа во Југославија специјално да го сретне со него.

Во чест на Мики Манојловиќ, на 21 октомври на церемонијата на свечено затворање на Фестивалот ќе биде прикажан контроверзниот филм Беса. Освен Манојловиќ, на затворањето ќе присуствува и режисерот Срѓан Карановиќ, култен автор на просторите на екс-Југославија кој го потпишува овој филм.









Статијата е прочитана 336 пати.

Испрати коментар



Четири години од трагичната смрт на Тоше
Единаесетто издание на Недела на италијанскиот јазик во светот
„Панкот не е мртов“ дефинитивно ќе се бори за „Оскар“
Тридецениски јубилеј со вонсериска програма
Мајкл Џексон самиот не ја проголтал смртоносната доза пропофол
„Унгарска есен“ утре и задутре во Скопје
Документарецот „Меџик Хил“ на фестивал во Милано
Писмо од Ајнштајн продадено за 14.000 долари
Завршува фестивалот на класична музика „Интерфест-Битола 2011“
Македонски режисер сними филм во Холивуд
Денеска почнува 7. фестивал на новиот германски филм
Гоце Мојсоски на „Менхант“ во Сеул
Биографската книга за Стив Џобс на водечката позиција на „Амазон“
Пол Макартни се жени по третпат
Ќерката на Били Боб Тортон осудена на 20 години затвор
Награда за македонскиот сатиричар Васил Толевски
Фрик фестивал по трет пат
Ларс Фон Трир повеќе нема да зборува јавно
Томас Транстромер добитник на Нобеловата награда за книжевност
Фестивалот „Браќа Манаки“ се отвора со „Крвта што проштава“
Нема случајност, туку лош однос кон филмот
Трајче Кацаров е добитникот на наградата „Григор Прличев“
ФОТОГАЛЕРИЈА - На снимањето на „Трето полувреме“
Продолжуваме да го одиме патот на сонцето
Кандидатурата за Оскар на „Панкот...“ ќе биде прифатена
Две меѓународни награди за проектот „Amazing Macedonia“
„Епл“ го претстави најновиот iPhone 4S
Поемата „Ако“ ја освои наградата „Григор Прличев“
(ЕКСКЛУЗИВНО) Сите детали за утрешниот концерт за Тоше
„Мајки” и Манчевски на филмскиот фестивал во Варшава
„Дијалог“ ќе им подари книги на десет библиотеки
Википедија на македонски јазик надмина 50.000 статии
Премиера на новиот проект на Драган Даутовски
Да го направиме одново ѕвезденото небо за Тоше
Култното германско дуо „Маус он Марс“ вечерва на „Десонанз“
„Панкот не е мртов“ денеска премиерно во Лондон
Фестивал на занаетчиите во Старата скопска чаршија
Густав Малер за старт на сезоната на Филхармонија
„Маус он Марс“ главни ѕвезди на „Десонанз“
Весна Јакимовска на Мис на светот во Лондон
„Амазон“ го претстави својот таблет Kindle Fire
„Ромео и Јулија“ најдобра на 36. МОТ
Наградата на „Екс понто“ ни отвори многу перспективи
Полански ја прими наградата за животно дело
Македонски стрип меѓу најдобрите на Салонот во Белград
„Епл“ на 4. октомври ќе го претстави iPhone 5
ФОТО - Катарина во сета своја раскошна убавина
МОТ завршува со две претстави и концерт на „Биоскопија“
„Гугл“ денеска го слави 13. роденден
Цела недела дизајн во Скопје
Литванската „Ромео и Јулија“ вечерва на МОТ
Маја Лазаревска на „Мис бикини интернационал“ во Кина
Почина Серџо Бонели - авторот на Загор, Мистер Но и Дилан Дог
Професорка, докторка и стујардеса му вадат душа на Тони Зен
Два филма на Киро Урдин премиерно во Кинотека
Парис Хилтон ги шокираше Индијците
Хит-претставата „Господа Глембаеви“ вечерва на МОТ
Веста Вилијамс пронајдена мртва
Две претстави и концерт денеска на МОТ
„Пета“ со порно сајт за заштита на животните
Дали Ајнштајн згрешил?
„Фејсбук“ го претстави новитетот „Тајмлајн“
Гитаристот Владимир Четкар го освојува и Лондон
Тенорот Благој Нацоски ја почнува новата концертна сезона



petko od sofija, 14.10.2011 15:03:14
У Светот е голем а спасението демне отсекаде Мики бе уникат!!! Филмот е топ! Ви го препорачам.

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 12°C

Облачно

Сабота
Претежно облачно
Макс: 13°C, Мин: 1°C

Недела
Ведро
Макс: 12°C, Мин: -1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
 
Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |