15.10.2011, 13:00 Отворени граничните премини кон Грција
Грчките цариници го прекинаа штрајкот, по што патничкиот и товарниот сообраќај на граничните премини Дојран, Богородица и Меџитлија се нормализирани и се одвиваат без застои.
Грчките погранични власти доцна синоќа почнаа повторно да ги пропуштаат возилата на своите премини, иако претходно граничната линија со Грција можеше да се мине само пеш.
Грчките цариници најавија дека стапуваат во штрајк кој ќе трае се до 24 октомври.
Засега сеуште останува непознато дали станува збор за целосен прекин на штрајкот и до кога ќе може граничните премини да се минуваат и со возила.
|