16.10.2011, 17:48 Си велам
Абре, Македонче
Ерол Ризаов
Умберто Еко: не треба да чекаме некој јавно да каже дека сака да отвори нов Аушвиц за да сфатиме дека парафашизмот е секогаш возможен
Будењето по долга амнезија е шокантно. Додека пациентот лежел во кома времето течело без него, се менувале многу работи, се случиле крупни историски настани, се смениле и луѓето. Враќањето во нормален живот по долгогодишно бессознание е долга и тешка стручна работа исполнета со трауми и драматични изненадувања од новиот свет кој ве опкружува. Промените се некогаш толку големи, несфатливи и неприфатливи што долго отсутниот не ја разбира и не ја прифаќа новата реалност, просто посакува повторно да западне во длабок сон. Деновиве, одбележувањето на 11 Октомври, 70 години од Денот на Востанието, нешто најсвето во историјата на Македонија, кога нејзините граѓани земале пушка во рака да се борат против фашизмот, за слобода, за своја држава, ми заличи на шок терапија по тешка кома. Еднодневното будање, да се чуе првата пушка, повеќе наликуваше на сквернавење на голема Револуција, отколку искрена почит кон 25.000 жртви и кон страдањата на народот под фашистичката окупација.
По помпезната и спектакуларна прославата на 20 годишнината од независноста на Македонија пред еден месец, Денот на востанието на Македонскиот народ и на народите што живеат во Македонија, осамна мошне скромно. Сите тие дешавки организирани волонтерски без учество на државата, ми заличија, на бедно лицемерие на македонските званичници, великодостојници и властодршци на кои им се гледа од лицето дека ова повеќе им преставува товар и обврска да се појават заедно со малкуте преживеани борци, колку да не се рече, отколку одраз на вистинска оценка за вредноста на големата антифашистичка епопеја. Едноставно, не сакаат да слават нешто што потсетува на првата голема победа, на првата национална современа македонска држава и на најголемите достигнувања на македонската нација и нејзините граѓани, на времето на најголемата афирмација на Македонија и на периодот на најквалитетен живот на граѓаните. Тоа премногу мириса на црвените ѓаволи со кои уште го плашат народот.
Грандиозната преродба на Македонија од сиромашна и репресирана Вардарска бановина до современа федерална држава во рамките на Југославија се' уште не е надмината. Вистина е дека независноста на Македонија од 8 септември 1991 година е највисокото достигнување на вековните стремежи на Македонскиот народ. Но, потврдена историска вистина е и тоа дека не ќе беше можна независна Македонија ако не беа 11 Октомври 1941 и АСНОМ 1944 година. За тоа Македонија плати со големи страдања и река крв. Првата своја држава стекната во антифашистичка војна граѓаните ја оправдаа со големи достигнувања во сите сфери на животот.
Притоа се правени и грешки и злоупотреби на власта кои историјата ги сместува каде што им е и местото. Но рака на срце вистина е и тоа дека во изминатите 20 години се' уште не е оправдана независноста на Република Македонија. Очекувањата на граѓаните од Третиот Илинден беа далеку поголеми. Огромното мнозинство уште живее под нивото на 1989 година. Во овие 20 години демократска прерордба не е остварена ниту една стратешка цел. Стандадрдот и квалитетот на живеење се полоши отколку пред 20 години. Невработеноста драматично поголема. Баснословното богатство на малкумина и сиромаштијата на армија гладни никогаш не биле посрамни во државата која уставно се определила за социјална.
Демократијата по првичната еуфорија во новиот систем, е во длабока стагнација. Членството во НАТО и во ЕУ практично е блокирано на вчудоневидувачка рамнодушност на светот. Европеизацијата на Македонија се' уште нема кој да ја одработи.
Она што е болно и опасно за поттикнување на меѓусебната омраза е што одбележувањето на 20 години од независноста на Македонија и 70 години од Востанието против фашизмот, за слободна и сопствена држава се само видливи манифестациони последици, идеолошки и партиски разлики, додека вистинските причини се' многу подлабоки во историските наслаги на вечните македонски делби и страдања кои лесно се разрануваат кога тоа и треба на политиката. Затоа амнезијата на Антифашистичката војна во Македонија не е случајна. Таа е чиста како солза. Платена со крв. Тука нема историски дубиози за различни толкувања. НОБ и АСНОМ се дело на македонската војска, на Македонскиот народ и другите националности што живееле во Македонија и кои учествувале во антифашистичката војна и затоа уште од АСНОМ, па наваму постојано се конститутивни народи на првите македнски држави и 1944 и 1991 година.
Амнезијата на оваа грандиозна Револуција е можна само со политичка потрага по уште пославно минато, по античките империи и по Александар Велики. Ги заборавивме нашите таковци и дедовци кои се бореа и гинеа за слобода, за на македонските плоштади денес највиско да се вишнеат спомениците ��а безимениот воин на коњ и на безимениот негов татко исто на коњ, антички јунаци 300 години пред Христа. Го заборавивме таткото на современиот македонски јазик, лицемерно борејќи се за него, а го славиме новиот безимен татко на нацијата чиј јазик никој не го знае на светот.
Оваа работа служи за потсмев во целиот научен свет.
Бадијала се фрлаат големи народни пари на сиромашна Македонија, дури и на славниот Си-Ен-Ен да ја разубави сликата за Македонија. Таа слика не се разубавува со козметика и со шминка и со скапи платени репортажи. Таа слика се разубавува со успех како што беше оној на кошаркарите и каков што граѓаните со децении очекуваат од економскиот и демократскиот развој на Македонија. За 20 години слобода и независност се' уште го чекаме првото големо научно достигнување, првиот голем македонски бренд познат во целиот свет, реализацијата на првиот стратешки приоритет.... подобар и поквалитетн живот. Тоа е единственото мерило за успешноста на едно општество, а не бројот на споменици по глава на жител.
Денот на Востанието по 70 години е добра лекција уште денес да почнат сериозни подготовки за достојно одбележување на 70 годишнината од АСНОМ во 2014 година. Тоа е добар период од цели три години да се остварат барем две - три стратешки цели на Република Македонија.
Она што прво треба да се направи е практично во Македонија да завладее демократија. Таа борба не е завршена. Треба да се порази дефинитивно новата авторитарност на нашето време која е се' поприсутна и во Европа и во светот.
Ова генијално го разработува славниот италијански писател и мислител Умберто Еко. Уште пред 20 години Умберто даде одговор зошто зброт „фашизам“ стана синоним на сите тоталитаризми иако според него фашизмот беше нејасен, збркан тоталитаризам. Тој никогаш не бил монолитна иделогија, туку повеќе колаж од различни политички и иделошки идеи, кошница на противречности. Умберто Еко го состави списокот на обележја карактеристични за „вечниот фашизам“. Тоа се: култ кон традицијата, отфрлање на модернизмот и враќање на класиката, култ кон акцијата поради акција, неподнесување на критиката, несогласувањето е предавство, страв од различно и поинакво, апели и повици до фрустрираната средна класа, опседнатост со завера, ксенофобија, прогласување на непријатели наизменично, еднаш како преслаби, еднаш како пресилни, прогласување на перманетна борба и кампања, елитизам во парадоксален облик, „народен елитизам“, лажно херојство, мачизам, медиумски популизам, „новоговор“.
Умберто Еко заклучува: „не треба да чекаме некој јавно да каже дека сака да отвори нов Аушвиц за да сфатиме дека пара фашизмот е постојано возможен“. |
|
Статијата е прочитана 3335 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 17.10.2011 00:15:03 | Враќањето во нормален живот по долгогодишно бессознание е долга и тешка стручна работа исполнета со трауми и драматични изненадувања од новиот свет кој ве опкружува. Ova e tocno, no vrakanjeto vo realnosta i nejzino prifakanje e uste potesko. |
| valentin, 17.10.2011 02:52:28 | Штом толку ви се мили востанијата и штом веќе ја споменавте Вардарска бановина, треба да ги споменете и Тиквешкото и Охридско-Дебарското востание од 1913 година. И штом толку сакате да славите востанија, како уредник на весник следната година иницирајте официјална прослава на Тиквешкото востание.
|
| respekt, 17.10.2011 04:12:15 | Оваа Колумна која е слик--отслик на состојбите во Македонија, за мене преставува и апел(help)до сите грагани на Македонија а особено до интелектуалците, да се здружат за да се спречи општото ЛУДИЛО кое е на повидок. Ова го велам зашто медицината утврдила дека АМНЕЗИЈАТА е симптон на лудило. А до каде е амнезијата на оваа власт покажува и фактот, ТИЕ го избришаа од историјата на ДПМНЕ, ТАТКОТО на ДПМНЕ. На истите тие речиси до вчера, им беше чест да се сликаат со Љубчо. А пак на овие апологетиве, што се јавuvaат по Колумнава(како феликс, димо и слични на нив) им беше чест да му ги исчистат чевлите на Љубчо. П.С. Лектира за оваа недела. ,,Водач,, од Р.Домановиќ. |
| Ljubotan-Trade Name, 17.10.2011 06:16:34 | Грандиозната преродба на Македонија од сиромашна и репресирана Вардарска бановина до современа федерална држава во рамките на Југославија се уште не е надмината. PS Mozebi Jovan i Erol ce trebaat da ja prosesljaat ;SPOMENICA JUZNE SRBIJE 1912-1937 Skoplje 1937 ,ako nee zabraneta ili otisla na Lomaca! |
| Nikola, 17.10.2011 07:33:41 | Poveke za NOB - http://en.wikipedia.org/wiki/Metodi_Shatorov |
| грешка, 17.10.2011 08:54:42 | Ова што денес ВМРО е на власт,е најголемата грешка на комунистите кои ја организираа Народно Ослободителната Борба и ја создадоа првата национална држава на македонскиот народ и на другите народи кои живеат во неа и кои учествуваа во таа борба.Најголемата грешка беше што уште тогаш не се кажа вистината за ВМРО,дека тоа беше организација која не ги признаваше Македонците како посебен народ,туку како Бугари,и во сите војни за Македонија ВМРО (Балканската,Првата и Втората св.војна) се бореше на страна на Бугарија.Дека ВМРО во минатото,како и сега,е најголемото зло за Македонија. |
| ONil podrzhuva strategija na prof. Igor Janev, 17.10.2011 08:59:08 | По 20 години, период во кој името Република Македонија не предизвика меѓународни или домашни проблеми со Грција или со други земји, зошто да не се бара резолуција и потврда од ОН за користењето на името. Ова го истакна вчера амбасадорот Робин О Нил, првиот медијатор во грчко-македонскиот спор, во интервју за МТВ. |
| Mirko, 17.10.2011 09:14:53 | Odlicna statija! Do Ljubotan-Trade Name. Sto bese pred Vardarska banovina i porano? Dali znaete koga i kako nastanale drzavi na ovie prostori?G.Rizaov znae i zato taka pisuva. |
| od ostrijot, 17.10.2011 09:38:16 | bravo erol kako i sekogas super kolumna samo
date dopolnam oti makedonija e zarazena od
tri bolesti falbolizam lazovizam i nacijolizam
sedodeka od ovije bolesti nese izlecime zanas
nema daima napredok i demokratija. |
| pameten, 17.10.2011 09:44:31 | ВМРО,дека тоа беше организација која не ги признаваше Македонците како посебен народ,туку како Бугари,и во сите војни за Македонија ВМРО (Балканската,Првата и Втората св.војна) се бореше на страна на Бугарија.... Tochno e. Ama togash VMRO bile ednistvenata organizacija za otpor na okupatorite (Turski, Grchki, Srpski). Ochigledno ne samo VMROvci, no i glolemoto mnozinstvo od narodot se soekjale del od Bugarskiot narod. Budenje denes navistina ima. Jasno e deka zhivotot po 1944 bil son, a antikvizacijata e delirium po koj narodot kje mora da se soochi so svojata vistinska istorija. |
| navI, 17.10.2011 09:50:24 | Uste edna enigma vo kontekst: Zasto site borci na UCK se sega ministri i direktori, a ovie od drugata strana se site vo zatvor? |
| wd40, 17.10.2011 09:51:12 | A bre Turce sto pa ti ni solis pamet nas Makedoncite .... dosta slusame malcinstva ili ke ziveete kako saka mnozinstvoto a ako ne aj mars od kaj ste dosle.... |
| posmatrac, 17.10.2011 10:19:34 | abe ve vidovme vas, trgnete se od taa partija, ostavete im go mestoto na nekoi mladi koi ne ucestvuvale vo krazbata i unistuvanjeto na Makedonskata ekonomija, da znaevete ke ja vodevte pravilno drzavata ko bevte na vlast. Bree lesinari |
| Исправка, 17.10.2011 10:21:01 | ... а го славиме новиот безимен татко на нацијата чиј јазик никој не го знае на светот.
Па, не е дека никој не го знае. По историчарите,
за едни, тоа е дорски дијалект на старогрчкиот, по други, јазик многу сличен на тој. |
| Janakiev Nikola, 17.10.2011 11:09:06 | Kole.17.10.2011god.Do Greska.
Greska.Sto mislete nie ne zna koj koj gi pomagaja srpskite okupatori od 1918 do 1941g.i go ubja Kosta Racin i namestija ubistva na nasi partizani.Zatvorija M.A.Cento vikaja dole Kapetaliz dole Burzuazija i po Tito Tito ja privatiziraja oplacaja Makedonija sega se za menane na Makedonsko ime.Sto vie mislevte deka Todor Aleksandrov Stipjanec ,Stip okopiran od Srbite dase bore so Bugarite da go oslobode NEGOVIOT NAROD.ZANASATESE. |
| Кољо, 17.10.2011 11:53:04 | А бре еролче!!! Уште не ти е јасно дека македончето прераснува во МАКЕДОНЕЦ!!!
|
| ФЕЛИКС, 17.10.2011 12:02:40 | Написот горе-долу очекуван со некои забелешки,но сето ова да се направи треба да се има алтернатива.Од тука и поаѓа мојот одговор кон Respekt.Инаку амнезијата не е лудило туку времен или траен хендикеп на помнењето,некој ако непомни зарем е луд.Околу алтернативата која е во ликот на еутанизираната опозиција треба да се направи споредба со власта.Ако овие победниците се такви какви што ги перцепираа и авторот и Respektт тогаш какви се губитниците,зарем тие се поарни.Инаку таткото по respekt не е тоа што мисли дека е,таткото се откажа од своето чедо кога прифати друга фамилија,уникатен потез ем на татко ем на премиер.Чистењето чевли не мие фах,токму respekt e таков и покрај сознаниата за неговиот татко кој го напуштил а се прави да не ги знае односно има амнезија.. |
| tihi, 17.10.2011 12:37:47 | Vo megjunarodnata zaednica ,na koja vie chesto se povikuvate,e osuden i komunizmot kako zlo za choveshtvoto isto kako i fashizmot ,koj vie uporno go barate kaj nas. |
| Mite, 17.10.2011 12:54:01 | Liceto n.g. koe za zal vo Makedonija ja igra ulogata na premier (so iskustvo na statist) ima edna edinstvena mala karta kako nadez da dobie nekakva poddrska od Evropa - antikomunizmot. I dobiva poddrska!
Komunizmot kako ideologija koja propagira ednakvost za site i ima sosema sprotiven karakter od fasizmot, za zal mnogu podolgo ke i zadava glavobolki na Starata Dama - orospijata od Vavilon!.
(Ova orospijata so posebno zadovolstvo go pisuvam, samo ne znam zosto e od Vavilon koga e vsusnost od zapad).
Gospodine Rizaov, ostrete go peroto! Ako ne ve ukinat, uste dolgo ke imate sto da pisuvate za antikomunizmot na ovaa vlast.
|
| bhc, 17.10.2011 13:27:36 | Do Greska
Se slagam so tebe deka na komunistite toa im bese,ako ne najgolema, ama sigurno golema greska.Koga ke go pobedis nepriatelot,treba i da go unistis.Ako ne go storis toa,koga togas ke ti se vrati i skapo ke platis.Vistinata za VMRO trebase da se kazuva jasno i glasno,deka e toa pro bugarska organizacija od nejzinoto formiranje, deka nikogas ne se borela za formiranje na makedonska drzava tuku za formiranje na golema bugarija.
Sekoe prepravanje na istorijata, bilo toa dobronamerno(kako vo slucajot so komunistite koi so dobri nameri ja pravea VMRO promakedonska),ili zlonamerno( kako sto toa se pravi od denesnata nonenklatura so kradenje i prepravanje na tuga istorija), nema dolga trajnost...koga togas ke im se vrati i skapo ke platat. |
| Vasil, 17.10.2011 15:09:45 | A bre Erolche, samiot fakt deka mozes da kazuvas vakvi chudni zaklucoci od tipot muv-gluv, znachi deka vo Makedonija demokratijata ide po nagorna linija. Fashizam vo Makedonija zatoa sto nekolku novinari ne mozat da prodadat veter i magla na narodot, e paradoksalen zaklucok i elementarno nepoznavanje na rabotite. Ovaa tvoja logika ako ja proektiras vrz zapadnite opstestva , ke dojdes do zaklucok deka site se fashisti. Elitizam na narodot. Mislam deka pogolema glupost ne sum slusnal vo zivot.
A za da te oslobodam od stravot koj ochigledno go imas, ne beri gajle, so dva milioni luge fashizam ne biduva. |
| Mapkoc, 17.10.2011 16:43:36 | Благодарен сум му на г. Ризаов што ни го пренесе кусиот „елаборат„ за фашизмот од Умберто Еко. Најпредупредително е во него што фашизмот не е ишчезнат, што се негови видови многубројни. Па без многу труд можеме да го препознаеме и кај нашите познајници, дури пријатели, и самите несвесни што застапуваат. Токму затоа во демократскиот свет има се’ повеќе дела кои укажуваат на фашистички појави. По тој терк пред некој ден во Белград беше промовирана книга „Мајн кампф„ (по истоимената книга на Хитлер - „Моја борба„), во која авторот Светислав Басара во бурлескно-сатиричен манир го разгледува денешниот фашизам во Србија. Би ја спомнал неговата фигура (шега) дека српскиот фашизам сепак бил помалку опасен од германскиот - поради германската организираност. |
| nacional-patriot, 17.10.2011 16:50:36 | Ispravka.Koneski ne e tatko na makedonskiot jazik,tuku toj ja rasporedil makedonskata azbuka.Makedonskiot jazik se zboruval dolgo vreme ,uste koga Koneski ne bil roden.Vo istorijata imalo razni krila na VMRO.Nekoe krilo bilo prosofisko,ona na Vanco Mihajlov,no imalo krila vo istorijata koi bile samo makedonski kako VMRO(obedineta) koja se borela vo prvata polovina na 20 vek.Imala podrska od golem del od Makedoncite,a nikogas narodot ne bil del od vestackiot bugarski narod. |
| neopredelena, 17.10.2011 18:33:45 | Hi Grujo, Hi Mijalkovi - carevi nasi Makedonski! |
| Otode Grupcin nisto novo!, 17.10.2011 20:13:20 | Ubav napis, nema sto. Jas mozebi ne bi bil tolku strpliv vo pisuvanjeto zatoa sto tamu-otode Grupcin kaj sto sum jas prodolzuva da vladee organiziraniot HAOS vo rezija na domasnite fasisti od DPMNE i DUI, i dvete partii sto go prodolzuvaat istoriskoto etnicko cistenje na Makedoncite a za smetka na sosedni drzavi (ALbanija iBugarija). Najmal zaednicki sodrzatel im e omrazata kon Srbite, kako i baranjata kon Grcija koi se odamna dobro podmackani za da mu sluzat na planot DA IM OSTANE SE VO VLADEENJE NA GRCITE dodeka za restoto od Makedonija da se pogrizat ALbanija i Bugarija preku svoite slugi indoktrinirani i upravuvani od centrite na MPO! Koj ne go gleda toa naocari ne pomagaat- Bardovci ili Demir Hisar vo utanova da si odi! Makedonija e nasa vecna tatkovina i ne ja davame na FASISTITE! |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, -2°C
Облачно
|
Среда
Ведро
Макс: 2°C, Мин: -7°C
|
Четврток
Делумно облачно
Макс: 2°C, Мин: -5°C
|
|
|
|
|
|