Број 3661  сабота, 20 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
3661

Мислења

Бранко и Али бегаат од тигарот

Васко Евтов

Прашањето од кое ќе зависи разврската во Македонија е какви ќе бидат идните односи на Црвенковски и Ахмети

Не е вистинското прашање дали Никола Груевски и Али Ахмети ќе можат да издржат цел мандат во заедничка коалиција. Такви какви што се, како политички петок и сабота, тие ќе издржат ако треба 20 години во коалиција. Вистинското прашање од кое ќе зависи п��литичката разврска во Македонија е какви ќе бидат идните односи меѓу Бранко Црвенковски и Али Ахмети. Секое натамошно опстојување на стојалиштето: Али Ахмети никогаш ме нема излажано, може да биде многу штетно за политичката кариера на Бранко Црвенковски, но исто толку опасно за политичката кондиција на СДСМ, а јас би рекол и за самата македонска држава. Секое натамошно опстојување на црно-белата политичка приказна дека Никола Груевски е лошиот, а Али Ахмети е добриот во македoнската власт, може да биде драматично опаснo за СДСМ. Како стожерна опозициска партија, СДСМ мора, конечно, да сфати дека Али Ахмети и Никола Груевски се подеднакво виновни за лошата крвна слика во која денес се наоѓа македонската држава.

Во политиката е многу важно кога да скокнете од бродот што оди во погрешен правец. Ако скокнете, прерано ќе ве прегази, а ако скокнете предоцна, ќе потонете со него. Антонио Милошоски скокна од бродот и времето ќе покаже дали го направил тоа прерано или токму навреме. Гордана Јанкулоска не собра храброст да се симне од „тигарот“, бидејќи се плашеше дека ќе биде „изедена“ и сега и' останува да се надева дека нема да биде однесена во некоја политичка недојдија, така јавната на „тигарот“.

Али Ахмети со целата своја композиција составена од стари команданти, тендери, хашки случаи и што ли уште не, сака да се протне меѓу тие две крајности: Онаа на Гордана и онаа на Антонио. Притоа, очекува неговиот стар пријател Бранко уште еднаш да му служи како гума за спасување во резерва. Али Ахмети би сакал да биде и власт и опозиција, би сакал и тендери и демократија, би сакал и јавно да се кара, но и да коалицира со Грујо, а тајно да соработува со Бранко. Би сакал и натаму Теута Арифи да дава изјави што ќе бидат привлечни за СДСМ, но и Абдулаким Адеми да дава изјави што ќе бидат привлечни за слушање за ВМРО-ДПМНЕ. Али би сакал да биде и власт и опозиција во исто време или што би рекле злонамерниците, да има и име и прекар во досиејата.

Можат ли таков Али Ахмети и ДУИ да бидат стратегиски партнер на СДСМ и македонската опозиција? Од одговорот на оваа дилема ќе зависи политичката разврска во Македонија.

Али Ахмети и ДУИ испратија две многу јасни пораки, кои македонската опозиција и Бранко Црвенковски треба уште појасно да ги прочитаат. Во 2008 година кога Македонија не стана членка на НАТО, ДУИ (врз основа на претходен договор со ВМРО-ДПМНЕ ) како опозиција поднесе барање за предвремени избори. Пред три месеци, ДУИ отстапи од својата тврда позиција дека не може да се оди на избори без претходен политички консензус меѓу власта и опозицијата. На тој начин, ДУИ му обезбедува перфектно алиби на ВМРО-ДПМНЕ, а СДСМ со лошата процена дека треба да инвестира во јакнење на политичката позиција на Али Ахмети, му дава секогаш одлично алиби на ДУИ дека е тоа партијата што е разумниот и демократскиот дел од власта. Во политиката тоа се вика даден кредит на невидено.

Затоа на СДСМ денес му се потребни две многу важни работи. Прво, голема политичка приказна каква што немале во последните пет години. И второ, драматично редефинирање на своите односи со ДУИ врз поинакви основи. Јасно и гласно кажано: СДСМ треба самиот да побара распишување референдум за името. Самиот да ги собере потписите, самиот да го состави референдумското прашање и самиот да ја води кампањата за тоа. На тој начин стожерната партија на македонската опозиција ќе постигне најмалку пет битни работи:

Прво, ќе ја зачува партиската кондиција на многу високо ниво. За една и пол година, СДСМ го очекуваат многу важните локални избори за партиската иднина и за кариерата на Бранко Црвенковски. Референдумскиот влез во тие избори може да биде одлична работа за СДСМ.

Второ, го носи Али Ахмети и неговата конгломерација на политички интереси наречена ДУИ до ѕид - ќе мора да избираат што сакаат: да делат тендери со ВМРО-ДПМНЕ или да ја внесат Македонија во ЕУ и НАТО со СДСМ и останатата опозиција.

Трето, со таквиот притисок врз ДУИ и Али Ахмети да создаваат кризи во владината коалиција.

Четврто, да ги бетонираат своите односи со меѓународната заедница.

И петто, во водењето на референдумската кампања да ја формираат и да ја тренираат новата македонска демократска опозиција (составена од коалицијата на СДСМ, но зајакната и со македонската и албанската парламентарна и вонпарламентарна опозиција) која би можела да победи на следните локални избори.

СДСМ во својата изборна програма ја вгради можноста ако ја формира идната влада да распише референдум за името. Во изборната кампања тоа прашање беше многу небитно третирано, како приближување на СДСМ до референдумските позиции на ВМРО, или пежоративно кажано, страница 146 од „Преродбата во сто чекори“. Во основа, СДСМ прифати референдум за името поради стравот дека ако ВМРО биде опозиција ќе може самата да ги собере потписите, самата да го состави референдумското прашање и самата да ја води кампањата за тоа. На тој начин ВМРО како опозиција ќе можеше да ги потопи сите преговори за името водени од евентуалната влада формирана од СДСМ. Нема ниту една причина зошто сега како опозиција СДСМ да не го направи истото сценарио - самата да ја води играта за распишување референдум за името. И самата да го состави референдумското прашање: Дали се согласувате за име со географска одредница со кое ќе биде заменета референцата ПЈР Македонија, а притоа да биде зачуван македонскиот идентитет и јазик. Или нешто слично на тоа.

На тој евентуален референдум опозицијата ќе треба да освои само еден глас повеќе од Никола Груевски. Ако агитира за референдумот Груевски ќе води заедничка кампања со предавниците. Ако остане референдумски пасивен, ќе може да остане изолиран на политичката сцена. Но, клучното прашање ќе биде што во таква ситуација може да прави Али Ахмети. Да остане референдумски пасивен заедно со Груевски. Односно, да остане на истиот брод заедно со човекот кој 2004 година референдумски воскресна водејќи политика против Али Ахмети.

Има еден виц за тројцата патници во авион, кои паднале во џунгла. И како што е редот во тие вицови, биле нападнати од тигарот. Во тој момент едниот од нив почнал да ги врзува своите патики. „Зошто го правиш тоа кога и така не можеме да му избегаме на тигарот?“, го прашале другите двајца. И следува познатиот одговор: „Јас не сакам да му избегам на тигарот, јас само сакам да бидам побрз од вас двајца“. Во овој период сите ќе ги врзуваат своите патики за да можат да му избегаат на тигарот, кој на 5 јуни вечерта беше пуштен од синџирите и уште првата вечер уби едно дете.

(Авторот е политички аналитичар)


#
Статијата е прочитана 16071 пати.

Испрати коментар

Од: Viktor KUMANOVO
Датум: 09.07.2011 00:43:21
Ne tropaj gluposti ''politicki analiticaru''.
Од: pece
Датум: 09.07.2011 00:50:49
ovoj ''POLITICKI ANALITICAR'' e mnogu ocaen, tolku negativen naboj vo negovite taka nareceni kolumni e nisto drugo osven da pravi razdor vo makedonskoto politicko tkivo.od sekogas te smetam za LUZER i toa ke ostanes.
Од: makedonec
Датум: 09.07.2011 01:40:24
Oti be tebe mora da te chita voj napaten narod makedonski be toa be ne mi e jasno!!!! Pa ti choveche samo gluposti pishuvash be pishi ednash neshto pametno be!!!!!!!! Ne tuku treskaj zeleni!!!!
Од: SOKOLOVSKI RATKO
Датум: 09.07.2011 01:56:58
A zasto deckovo ako e tolku fraer (mislam na Efotv ) ne napravi nekoja emisija vo zivo so gosti kako sto si gi vika kaj nego vo centarot i da vodi tamu emisija.Bez secenje i montazi kako bi bilo a :))))
Од: Михајло Апостолски
Датум: 09.07.2011 02:06:34
Како основач на СДСМ добро се сеќавам дека на големата победа 2002 и претходеа победи на претседателските 1999(украдена) и на локалните 2000год.За да стигнеме до тој резултат 2002 год. ,бевме тепани од Тачи,па од лавовите на Бошкоски,па во струшките села на Фијат...Ама имавме верба,се боревме до крај.Сите тие Бранко(ај што не остави2004 во немилост без да не вработи) ни ги донесе за коалициони партнери на овие избори,и логично никој не мрдна со мал прст машки да се спротивстави на власта.Второ,1999 Тито во првиот круг освои 520 000 гласови,10 месеци после катастрофата на парламентарните избори 1998.Вистинско чудо.Ама тогаш Латас беше со нас,а сега си ти Васко.Тогаш ги имавме Иљо и Бузле,сега ги имаме Јани,Шема и Андреј...Тогаш имавме идеологија,план,служба позади нас и цел...Сега ја имаме Рада...
Од: prilep
Датум: 09.07.2011 02:31:47
Ako seto ova go napravi SDSM,vednas po izborite neka se raspusti kako partija. Kakov analiticar si ti koga SDSM 15 godini se pravi da im udovoli na strancite od referendumot za opstinite, ramkovniot do povikot za vitkanje na kicma za imeto, VMRO 6 izbori dobiva kontrajki se i krevajki go rejtingot so patriotizam i TI sugeriras SDSM sama da pocnela da sobira potpisi da se smeni imeto eeej. SDSM ne treba ni da ucestvuva na lokalnite izbori bez da e del od vlasta pa makar i siroka koalicija oti i taka sekade ke izgubi, batkive od VMRO pokazaa kako se koristi administracija i pari od budzzet vo kampanja. SDSM treba da se radikalizira a ne da glumi konstruktivna opozicija dodeka ovie im go gnetat na site sto se od SDSM, zarem ne gledas deka napravija rsum od kazni i premestuvanja na nepodobni sluzbenici uste vlada ne napraveno, ti mi kazuvas SDSM da go drzelo vo kondicija clenstvoto so potpisi za promena na imeto, za grevota ste.
Од: neificiran
Датум: 09.07.2011 02:32:42
"за лошата крвна слика во која денес се наоѓа македонската држава." - Se soglasuvam so Vasko deka krvnata slika vo Makedonskata drzava e losa. Premnogu e inficirana so kancerogeni kletki sozdadeni od isti izvor - SDSM.
Од: Политолог
Датум: 09.07.2011 03:28:34
Хефталица и колумни - магаре и музика. Откако ги погреши сите анализи за изборите и тие пред нив а и комбинаториките за нова влада се обидува да сее магла преку Утрински. Му прави бесплатна реклама на Бане Црвенко, од пусти инает кон Груевски.
Од: VMRO
Датум: 09.07.2011 05:04:46
I taka Vasko stana najgolemiot sovetnik na SDSM...Ti Vasko si dobar da davas besplatni soveti za na hipodrom(konjski trki)...
Од: Igor
Датум: 09.07.2011 06:18:14
Uveren sum vo edno, Vasko Eftov ke bese daleku podobar izbor za generalen sekretar na SDSM od Andrej Petrov. Shteta !
Од: euro
Датум: 09.07.2011 07:46:55
pa ovoj odlepil totalno,pa kade se interesite na Makedonija na makedonskiot narod na albancite.Pa ovoj cica krv bre samo da bide na vlast.Pa ovoj preferira matni igri,destrukcii,destabilizacii pa ovoj e isfrustriran do daska.
Од: Ван ден Прц
Датум: 09.07.2011 07:52:43
Кога ќе пропадне весникот друг ќе биде крив а не оној што дозволува да има вакви глупости.Овој промашен ви е врвот.
Од: tomce
Датум: 09.07.2011 08:46:57
Sakam vakvi otvoreni komentari makar i vo golem del da ne se soglasuvam no sakam da slusnam mislenje na partiski novinari od dvete strani. Eve jas kako neutralen kandidat + 100,000 drugi sto mu ja donesovme pobedata pobedata na Gruevsk a ne partisikite clenovi. Eve ja mojata zamisla za vrakanje na SDSM na vlast. Znam deka ke boli no vistinata boli. 1. Celosno da se trgne Branko Crvenkovski od SDSM. 2.Dve godini SDSM ke bide vo haos dodeka ne se pojavi nov harizmaticen lider. 3.Da se trgne arogancijata i ciniznot vo sekoj nivni nastap kade i da se. 4.Da predlozat koncenzus za imeto+referendum 5.Da ja isvrlat taa negativna energija vo nivnite nastapi. 6.Niz carsiskite muabeti da ne preovladuva razgovorot , koga ke dojdeme na vlast site ke gi zatvorime,treba da se zatvorat tie sto pravele kriminal a ne site. I na kraj da vi kazam deka ne go pisuvam ovoj tekst sto tolku gi sakam SDSM ili VMRO-DPMNE tuku sto ja sakam mojata familija i poradi niv sakam podobra idnina
Од: grujo grujo le
Датум: 09.07.2011 09:21:22
odlicna kolumna sekoja cest prodolzite samo taka napred g_ne Vasko Eftov vreme e vo makedonija da mu se stavi kraj na tiranijata od vmro dpmne
Од: mornar
Датум: 09.07.2011 10:04:24
"Во политиката е многу важно кога да скокнете од бродот што оди во погрешен правец" ВАСКО. АМАН СКОКНИ ВЕЌЕ ЕДНАШ. Килумна е серизна работа, колку и да лепиш монтираш делчиња (ко у твоите емисиии) не ��ожеш да скриеш дека ти и не знаеш што зборуваш... Бранко, Али, патики, референдум, врвки...
Од: makedonec
Датум: 09.07.2011 10:08:43
Dali na nekoj mu se dopaga ili ne kolumnata na Vasko E. toa e realnosta vo Makedonija.Onoj sto ne go sledel dosega analiticarot V.E moze da tropa gluposti.Ve pocituvam gospodine Vasko i stalno gi citam vasite kolumni i vasata emisija sto se emituvase na kanal 5 prodolzete da ja kazuvate vistinata vo MK.Vasite mislenja se sekogas nezavisni i kriticki nastroeni bez razlika za bilo koja politicka partija vo MK.Pozdrav.
Од: д-р
Датум: 09.07.2011 10:13:35
Не обрнувај внимание на злобните коментари, Васко! Штом толку луѓе ја прочитале колумнава, значи твојот збор има тежина.
Од: bitola troa skolovan
Датум: 09.07.2011 12:24:47
Ne znam zosto komentiraat ludje koi ne se celna grupa na ovaa kolumna ocigledno nepara go razbiraat avtorot i site komentari se kako kon drug upateni.Zalosno,sto vo nasiot sistem na obrazovanie predmetot filozofija ne postoi vo prava smisla na zborot.Za avtorot samo prodolzi kako sto i dosega znaes .
Од: Unikkatil
Датум: 09.07.2011 12:31:23
Vasko najdobar si:) Odlicna kolumna a gledam e za kratko vreme premnogu procitana toa znaci deka ova kolumna ima svoja tezina. Pozdrav samo vaka prodolzi.
Од: Влад
Датум: 09.07.2011 12:53:44
Znaci definitivno UZASNO! Abe dosta veke ovoj onoj nekoi glupi teorii i filozofiranja. Rabotata e EDNOSTAVNA Ova e Makedonija, poradi takvi kako ovoj denes sme pod razni pritisoci kako vnatresno albanski taka i nadvoresni. Se blamirate i osuduvate Antikvizacija??? ZAREM ne se osvestivte deka komunistite ne lazea celo vreme i ni izrabotuvaa ucebnici po istorija vo koi imase mnogu nejasnotii za toa deka sme dosle od Karpatite a pri toa nemase objasnuvanje kade sme bile pred KARPTITE? Lugje ova e Makedonija.... nie sme Makedonci..... Ne proterale Ne rasparcile i ni pravat celo vreme se so edinstvena cel da proizvedat vnatresno nezadovolstvo i podelbi kako shto vo slucajov politicloot analiticar podpadnal..... Nie sme Makedonci i treba da bideme edinstveni... imame priroda ubavini, zdrava voda, vozdug..... i se mozeme so ovaa zemja da pravime... dosta veke barame kako plackovci EU, NATO i ne znam shto.... Se nadevam analiticarot ke go procita ova i ke svati shto sakam da ka
Од: Alek
Датум: 09.07.2011 13:07:31
Lele Vasile treasenje gluposti do daska,pa ti ke me nateras i emisijata da ne ti ja gledam,epten si bil za grevota
Од: SONJA
Датум: 09.07.2011 13:42:16
OCIGLEDNO E DEKA NE IM E JASNA POZADINATA NA VISTINATA NAPAD E NAJDOBRA ODBRANA NAPRED VASKO ,,,,,,,:)
Од: Istocna Makedonija
Датум: 09.07.2011 14:02:36
Bes sodrzinska analiza na kolumnata na g-din Eftov, oti sekoj ima pravo da naviva za nekoi!.Najzalni se onie,koi po,,sluzbena dolznost,,vo veriga gi frlaat stre lite.No,,,pred faktite i bogovite molcat,,.Kolumnata vo momentot,okolu 14 casot,ja procitale okolu 7500! konsumenti.Brojka se sekakov respekt,pocit,a komen tarive se IRELEVANTNI!
Од: Gorazd
Датум: 09.07.2011 14:04:29
Читајќи ги коментарите доаѓам до заклучок дека весникот опасно му се доближува на зидниот весник наречен Дневник. Момче младо ако се нашле толку „прочитатели„ значи дека сепак во четивото има нешто што ги привлекло.Не се давај немора сите да ги сакаат твоите коментари па нели живееме во демократска земја.Само напред.
Од: Bojan
Датум: 09.07.2011 14:07:07
Odlicna kolumna Vasko. Samo prodolzi taka
Од: kompetenten citac na kolumni
Датум: 09.07.2011 14:32:32
Dobre dojde na mestoto na zlocinot...dobro e za zurnalizmot sto se vrati..loso e za Holivod sto ne si tamu.Neverojatna fantazija i darba za politicka melodrama. Eve angedota za razmisluvane. Na Deve bair od Bugarska syrana vo kafeanceto ako poracate kafe prasuvaat - kakvo kafe iskate gorcha livo iil kato za prostaci? Dilema vo vas stil kako vo kolumnata. A kakvo e toa kafe za prostaci..ke doznaes na krajot na filmot
Од: Zare
Датум: 09.07.2011 14:50:01
А бре ефтов се читаш ли бе човеку што трескаш???
Од: NIKOLA
Датум: 09.07.2011 14:51:08
Deckite od vladata znat da igrat "sah", vakov tim ne se porazva so tim kako so go ima vo protivnicite " prodaeni dusi" bez svoe jas . Mozebi si kriticar i treba da ja kritikuvas vladata no izborov ne ti e realen poz
Од: milan -skopje
Датум: 09.07.2011 15:14:19
Ova sto si go napisal e kako zadaca za pismena rabota sto treba da se resi za preodna ocena ! Neznam zosto nekoi luge ocekuvaat site da se privrzanici na VMRO DPMNE ? Ima samo eden problem ona komu mu ova mu e nameneto ne ke moze da go prifati oti toa bo go smenilo tolku sto toa ne bi bilo ona sto e . Volkot (B.C) vlaknoto go menuva ama tabietot ne.Ke ima li koj da te slusne vo taborot kogo ispravno go sovetuvas .Konecno nekoj Makedonec da se odvazi i da kaze dva tri zbora kritika za Ali Ahmeti (i za nekoj albanec politicar voopsto ) me raduva sto toe si ti moj prijatele ... Moram da ti prigovoram na poslednata recenica za pocinatiot (ubieniot) Neskovski. Tocno se znae koj go ubi covekot ne ja pumpaj rabotata za toa NEMA POTREBA !!!!!!!
Од: atanasie tane iloski( debrcki)
Датум: 09.07.2011 16:08:13
Odlicna analiza osobeno sto se odnesuva za povolnata klima za SDSM,..i ona sto tie treba da go prevzemat.Inaku ali Ahmeti moze da bide mnogu komoten vo bilo koja situacija i vo bilo koja kombinacija ,..zatoa sto sega za sega DUI nema opozicija vo Albanskiot blok. Site vidovme kako gi zbrisa, zatoa sto Ali Ahmeti znae da se pazari i dobiva,i toa dobar del od ona sto go bara , atoa e najbitno.Poz.
Од: sashe kostur
Датум: 09.07.2011 16:16:14
e vasco vascoooo,do kade stasa.da pisuvas takanareceni MISLENJA po vesnicite!sekoe evro zemeno od SOROS company sega moras da go obrabotis,kade si sega javno da izlezis pred camera i da objasnis na makedonskiot narod deka za tvoite procenki za izborite ti bese debelo plateno od SDSM.sto stana so procenkite deka VMRO ke osvoi edvaj 42 pratenika???Mizerija si bre covece,intelegencijo nevidena dosega. pozzd od tvojot prijatel Sashe Kostur!!
Од: Vasko
Датум: 09.07.2011 16:55:49
Ve mislev deka ste nezavisen jurnalist no sega vidov deka vie spieto vo eden krevet so Branko Crvenkovski. Vasata takanarecena analiza ne zboruva dobro za idninata na Makedonskata drzava tuka za vrakanje na sdsm vo vlasta po sekoja cena pa makar ako treba i imeto da go nema. zalosno
Од: Picasso`
Датум: 09.07.2011 17:33:00
Децата на Изродбата непрејстајно ги читаат колумните на В.Е., непрестајно ги гледаат емисиите на В.Е., и непрестајно кевкаат по форуми на фан клубот на МРЗАЧИ на В.Е., поради личните и Изродбеничките нереализираности како во етичка, така во програмска, а богами и во политичка смисла. Епа Изродбо, време е да разбериш дека не поседуваш ни 10% од капацитетот на Васко Ефтов со се цел твој „интелектуален“ сервис по сите телевизии што си ги купила. Така изродбо ќе се восхутуваш на капацитетот на овој човек, и така изродбо ќе се лигавиш пред излогот, сакајќи да еден ваков човек влезе во шемата на мегафонската роља, твоја.
Од: Баба Ката од Секулица
Датум: 09.07.2011 18:02:05
Сине Васко терај си ја работата како до сега.На овие сироти и неибањати ММРОВЦИ е невозможно да им докажеш каде се наоѓаат,на небо илина зенја? Можеш ли на недоветниот да му докажеш дека е тоа што е/?
Од: Petroski
Датум: 09.07.2011 18:18:03
Од ваков народ, немае држава. За пусти инает кон Груевски ќе изеде вреќа сол, само да му умре на комшијата козата од отровната трева, и ако и неговата коза јаде од истата. Наместо да даде предлози да се зацврсти ЕКОНОМИЈАТА И МАКЕДОНШТИНАТА тој цело време дава интриги глупости, е така не се победува. По 4 години Греуевски ќе создаде уште една јака лева партија која ќе колаицира со ВМРО, а ќе земе скоро исто пратеници со СДСМ.
Од: Kice
Датум: 09.07.2011 18:26:22
Vmrovci, posto ne znae Vasko da napravi analiza, zosto negovata kolumna e najcitana od site kolumni na site veb izdanija od dnevnite vesnici? Za pola den 10.000 pogledi :) Bravo Vasko. Od ko go snema Frcko (zaedno so Vreme) , kaj mene Vie izbivte na prvoto mesto za najocekuvana nedelna kolumna.
Од: dragan
Датум: 09.07.2011 18:27:13
Само Чак Норис може да заврши реченица во твоја наместена емисија...толку !...за твоите аналитички видувања, бог да чува...новинарски очај и промачување...човек кој прави емсии по нарачка па и уценува ако некој не му ја спонзорира емисијата...толку за ова пионче кое со една емисија во која ретко некој завршил реченица, мисли дека е новинарско име..катастрофа...!!
Од: sime
Датум: 09.07.2011 18:39:47
Bravo doktore i jas go imam istoto mislenje deka Vasko e kliker i treba da prodolzi da komentiraa bez obzir sto mislat protivnicite.
Од: Gerapau
Датум: 09.07.2011 21:08:45
I ti se narekuvas novinar? Koj ja brani drzavata? I glumis nepristrasen i objektiven? C c c begaj Vasko, prodaden si do gusa. Ne mozam da ti ja docitam uzas statijava, isto ko na site drugi `nepristrasni` novinari, bez razlika dali za ednite ili drugite
Од: Betoven
Датум: 09.07.2011 22:33:24
Ah be VMOROVCI nemieni, kako ste zakrveni beter ste od ovie na vlast. Ama vam ke vi dojdi na glava toa go zaboravate. Ziveete kako hipnotizirani idioti a nemate leb da jadete. Ve slusam sekoj den samo se zalite, nema rabota, nemozeme familiite da gi prehranime i red drugi raboti, arno ama koga ke gi spomnat ovie lopovive sto se na vlast kako vo srce da ve pogagaat. Sto vi zasmeta mislenjeto na Vasko, procitaj pa razmisli so svoja glava. Se peckate ko nebare familiite vi gi spomenuva
Од: neutralen
Датум: 10.07.2011 00:20:36
vo emisijata na V.E ako pratite na site lideri prashanjata im gi postavuvase V.E, a koga trebase na B.C da mu gi postavi prashanjata i da go prekinuva dodeka odgovara, pokani mladi studenti da mu postavuvaat prashanja....od toj moment prestanav da go pratam inaku go pochituvav maksimalno....za zal i toj e mozebi proizvod na tranzicijata.....sakam neutralni novinari no lagata porano ili podocna se otkriva....
Од: nacional-patriot
Датум: 10.07.2011 03:37:48
Na Vasko izgleda ne mu se poznati nekoi raboti.Na referendumot dokolku ima potreba da se odrzi,za da se prifati dodavka na imeto na drzavata treba da glasaat poveke od polovinata od zapisanite na izbirackiot spisok.Znaci treba da glasaat povekje od 900 000 glasaci za dodavka,a tolku da glasaat za dodavka e naucna fantastika.Vasko duri i sovetuva kakvo da bide prasanjeto i so takvo prasanje pokazuva kolku e politicki nepismen.Eve zosto e nepismen.Ne moze dodavkata da se koristi ograniceno kako sto sega se koristi BJRM.Referencata ne e konecno ime na Makedonija,tuku privremeno i zatoa 132 drzavi ja priznaa Makedonija pod imeto Macedonia.Dodavka ke znaci novo konecno ime,a ne referenca i nelogicno ke bide da se koristi ograniceno.Dodavkata bi se upotrebuvala sevkupno.Zatoa nikogas nema da se prifati dodavka na imeto,a dodavkata(novo ime) i direktno bi go zagrozila identitetot.SDSM neka go poslusa tvojot sovet i potoa ke gi izgubi glasacite od neopredelenite sto glasaa za niv na 5 juni.
Од: Трпе
Датум: 10.07.2011 09:24:25
Со овој текст,почитуваниот Ефтов,дпмне-овците директно ги удрил во петата(некои ја нарекуват ахилова пета).Иако тие одамна се прочитани каде е нивната слабост,поради нивниот интелект.За нив најдобри новинари се платениците како што се Лактасович,тезгаџиката Мирка,луди Миленко,Бурекџијата, овој кој сака да има пастир пошто сам не разбира што е за човек а што за овци.Драги мои вистината боли.Иако вие многу се перчите на украдени повеке од 20 пратеника.Не е работата само да ја земеш власта во свои раце.Треба да ,се знае и што со неа.Власта не е само за личен интерес.А колкав интерес имате и фнуците ке ве осудуват и ке ви пресудат.
Од: Билјана
Датум: 10.07.2011 09:49:12
Уште една причина повеќе за да почнам да купувам утрински весник,одлична колумна господине Ефтов.најдобар сте
Од: Mark
Датум: 10.07.2011 10:38:26
YeSS!! Vmro- OVCITE gubat nervi, se vraka VOLKOT! Kolumnava, citanosta i komentarite jasno ja odrazuvaat promenata na atmosferata vo opstestvovo i noviot pat po koj ke se trgne!!
Од: od mene
Датум: 10.07.2011 12:37:09
more tebe u centar!!!
Од: Politiko
Датум: 10.07.2011 16:03:18
Krajot na ovaa kolumna e ziva perverzija, nema nikakva vrska so kolumnata i e samo evtin obida na tetralnost...deluva duri smeshno...iako nastanot so tigarot e grozomoren, ova gledanje na nastanot e tolku trapav sho e zalno..
Од: vace
Датум: 10.07.2011 16:49:55
Vasko edna molba do tebe da ne preteruvas vo tvoite navodni analizi i da ne pravis mnogu filmovi.Ti ja pocituvam tvojata emisija i redovno ja gledam i moram da priznaam deka si ednistven moze i na balkanot so vakva emisija.No kolumnite se druga rabota tuka ako ispustis zapirka odma ke ti progledaat niz prsti. Sve se cita niz rengen i treba da bides malku po kultiviran so poseriozni analizi a ne paushalni stavovi. So sekoja pocit i golem pozdrav

Најди! во Утрински
Македонска верзија

ЕДИТОРИЈАЛ
Слободанка Јовановска
Поглед
Деспина Трајковска
СМЕНИ ГО КАНАЛОТ
Јасминка Павловска
Анализа
Бернар Хајкел
Мислења
Ѓорѓи Спасов
Саботни муабети
Огнен Јанески
Повеќекатна Америка
Велибор Педевски

„Пепер“
Сендвичи со домашен шмек

Свадби
Бело како сонот на невестата

Голема лекција за децата од паркот

Странски дрвца за домашни булевари

"""