Број 3661  сабота, 20 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter

„Пепер“

Сендвичи со домашен шмек

Моето бурито, свиткано во тортилја, беше многу вкусно и, уште поважно, ептен тазе. Јадејќи го, имав чувство за домашно приготвена храна

Валентина Тодоровска

Познатите готвачи, оние што успеале да направат совршен баланс помеѓу изјавите - да се живее за да се јаде и да се јаде за да се живее, знаат кои се стапиците и опасностите на брзата храна и сендвичите купени „од зад агол“.

Одрекувањето или правилата за здрава исхрана станаа еден од најважните проблеми на човекот денес. Тоа во превод би значело да се заборави на брз оброк направен врз база на „фаст или снек фуд“ што претставува калориски вишок, а за многумина и Ахилова петица. Разновидни крекери, чипс, стапчиња и други производи од целофански ќесички ја расипуваат воспоставената рамнотежа, а грицкањето „снек“ е мал оброк, а не „каснување“. Со други зборови, т.н. снек-производи не треба да ги решаваат психолошките, туку прехранбените проблеми. Тие се замена за времето што ви недостасува.

Не сум зависна ниту од хамбургери ниту од помфрит, уште помалку од шушкавите ќесичиња, а спомените од детството со нераскинливи синџири ми се врзани за „нешто“ - намачкано на леб. Го знаете Марфиевиот закон за паѓањето токму од намачканата страна? Значи, го истестирав Марфи многупати и секогаш имав мерак да пробам нешто „поинакво“.

Таа идеја ме носеше низ актуелното Дебар Маало, а сидрото го спуштив на самиот ќош на „Илинденска“- под една стара липа каде што се наоѓа сендвичарницата „Пепер“. Изборот за појадок е сосема нетипичен - внимание ми привлекоа невообичаени интегрални лепчиња, во форма на џепчиња, што се полнат со најразлични филови, потоа бурито свиткано во тортилја, сендвичи со туна, пченкарник, тост со четири вида сирење...

Се одлучив за бурито со тортилја. Бидејќи „Пепер“ работи на база на самопослужување, си ја одбрав најубавата тортилја, претходно од љубезниот персонал слушајќи за нејзиниот состав - има пилешко месо, зелена салата, морков и пиперка. Сето тоа свиткано во тортилја, која во нивната татковина Мексико е замена за леб.

Всушност, тортилјите се присутни во сите прехранбени трендови, омилени меѓу различни генерации и во нив може да се стави се' и сешто.

Тортилјите имаат стар багаж - потекнуваат од 16 век, за време на шпанскиот освојувачки поход на Америка, народот на Мексико или Астеци, како што денес ги нарекуваме, својата исхрана ја базирале исклучиво на пченка, што им обезбедувало големо количество енергија преку шеќерот.

Денес тортилјата има широка примена, се користи како sine qua non

и без неа не може да се замисли ниту еден оброк, бидејќи ги замени лажиците, чиниите, се користи како предјадење, главно јадење и десерт.

Моето бурито свиткано во тортилја беше многу вкусно и, уште поважно, ептен тазе. Јадејќи го, имав чувство за домашно приготвена храна.

Патем, предноста на сендвичите е времето на подготвувањето. Овој типично нетипичен сендвич беше вистински десерт и добра цел.

П.С. За Џејми Оливер, подготвување сендвичи е синоним за среќни денови.

Тие одат рака под рака.

Бурито

Пилешки стек сечкан на ленти се пропржува со сол, црн пипер, оригано, кари, зачин, се додава кечап, малку кафеав шеќер, а пред крај се става сечкана пиперка, морков и кромид. За бурито ви е потребна тортилја, пред да ја завиткате ставете неколку листа зелена салата.

Сос за сендвичи

За облагородување на вкусот на сендвичите, во „Пепер“ се користи сосот што го приготвуваат од павлака, мајонез, малку пармезан и мирудии - оригано, копар, ноктец, црн пипер, сол и мешан сув зеленчук.


#
Статијата е прочитана 1471 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Стил
Печатено
Паника и страв на берзите
Рецесијата ги избрка метросексуалците
САД го поздравија гестот на Бесими
Лососот ќе почека за да плива во македонските рибници
Прстот на Хилари
Само леб и вода за синот врзан со синџири
Пожарот на Пелистер утрово изгаснат!
„Гугл“ ја купи „Моторола“ за 12,5 милијарди долари
Бело како сонот на невестата
Независноста и кичот
Ќе летаме во Истанбул за викенд
Одбележана 30-годишнината на персоналниот компјутер
Голема лекција за децата од паркот
Долги нозе за домаќински муабети
Дванаесет загинати во авионска несреќа во Канада
Домашен хеликоптер, ловиште за „порше“, магаре ТВ-ѕвезда...
Липите курбан, на тополите
Саудиска Арабија и Арапската пролет
Ѓоковиќ против Мареј во финалето на Синсинати
Опозиција за мерак
Жестоки судири меѓу бунтовниците и силите на Гадафи
„Камен е чупено - не ја бидва!“
Огнот во кој гориш

"""