Број 3661  сабота, 20 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Е��ономија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter

Странски дрвца за домашни булевари

Допрва ќе се одлучува дали новите булевари ќе бидат разубавени со јапонска цреша, шумарест јасен, шпанска или друг вид елка

Деспина Трајковска

Исечените липи и тополи во центар и во Капиштец ќе се компензираат со странско калемено зеленило. Така барем планираат градските власти кои откако ги исекоа децениските дрвја заради проширување на неколку улици наскоро треба да одлучат какви и колку нови стебла ќе засадат по должина на булеварите. Ќе избираат помеѓу јапонска цреша, шумарест јасен, шпанска елка, а во игра се и уште три вида иглести елки.

Од „Паркови и зеленило“, задолжени за одржување на зеленилото, велат дека од Градот се' уште не донеле конечна одлука. Засега, единствено е истрасиран просторот на кој ќе се насади новото зеленило на проширената „Климент Охридски“. Додека се донесе конечна одлука за видот на дрвјата што ќе ги заменат липите, по должина на новиот булевар ќе има само трева.

„Градските власти се' уште не одлучија какви дрвја ќе садиме на посочениот потег. Единствено добивме налог во средишното зеленило, кое е широко околу 5 метри, да засадиме трева и тоа го завршивме неделава. Какви дрвја ќе има таму, не можеме да одлучиме, единствено ги препорачавме странските садници, претежно холандски, кои се калемени и ќе даваат посебен декор на новата улица“, вели Душан Авировиќ, директор на ЈП „Паркови и зеленило“.

Тој објаснува дека иако улицата е речиси готова, сепак, дрвјата ќе бидат засадени за не помалку од два месеца. Не само што од Градот допрва треба да одлучат дали сакаат таму да има јапонски цреши, шпанска елка, или некое друго од понудените странски дрвца, туку, како што посочува Авировиќ, дури наесен времето ќе биде погодно за садење. Единствено сигурно е дека дрвјата ќе бидат први од таков тип во Скопје. Кој вид и да се избере, ќе им дава специфичен изглед на улиците. Овие садници за разлика од досега садените по булеварите се поскапи и чинат околу 100 евра.

Од „Паркови“ гарантираат дека садниците ќе успеат на нашите климатски услови, а информираат дека ќе бидат засадени веќе оформени дрвца, што значи нема да биде потребно време да пораснат за да се добие саканиот ефект.

Инаку, освен по булеварот „Климент Охридски“, во план е со странски дрвца да се разубави и булеварот „Теодосиј Гологанов“, кој веќе се проширува, како и „Првомајска“, која допрва ќе се раскопува.

Липите курбан, на тополите

Од ЈП „Паркови и зеленило“ тврдат дека само исечените 70 липи кои неколку децении го красеа центарот по должината на „Климент Охридски“ отишле курбан на сметка на проширувањето на улицата. Иста судбина имаа и оние по должината на „Илинденска“.

Исечените тополи, пак, тврдат надлежните, секако, ќе биле исечени независно од проектот за ширење на „Теодосиј Гологанов“. Им минал векот. Освен во Капиштец, повеќедецениски тополи се исекоа и во делови на Карпош и во некои други населби. Сечата започна уште минатата година, но ретко на некое од оголените места во меѓувреме се засади ново зеленило.

им минал векот


#
Статијата е прочитана 1688 пати.

Испрати коментар

Од: Bit
Датум: 20.08.2011 08:08:27
Ova mi lici isto kako vo 48 koga togasnite vlasti razrusija dobar del od bitolskata charsija , za da napravat prostor za mitinzi. Ili pak koga go srusija domot na kulturata vo bt za da napravat pomoderen. Ili vo kraen slucaj koga gi unistija site kozi. Jas sum od bt, ama zalosno e da se unistuvaat lipite po koi Skopje bese prepoznatlivo nasekade i da se nosat novi sadnici od cisto pomodarstvo. Dali postojat ekoloski zdruzenija vo ovaa drzava ili tie se samo na hartija i dobivaat debeli provizii od vlasta?
Од: Nikola
Датум: 20.08.2011 10:17:02
Lipi i samo lipi! Skopje mirisase na lipi, mirisase na sebe..
Од: skopj
Датум: 20.08.2011 11:17:12
Abe bitolcanec, pa prosta matematika.liptie gi isekoa posto bea stari, a sega mnogu pobrzo se dvizis po ovaa ulica, znaci pomnalo zagaduvanje od avtomobili. Drivata pak ke bidat zasadeni!!!!
Од: jas
Датум: 20.08.2011 12:11:22
Ua za DOM-zelenata partija, ua za site ekoloski zdruzenija, ua za site nas makedonci koi samo sedime doma i kukame kolku e loso a ne izleguvame na protesti nitu pravime pritisoci od bilo kakov tip vrz instituciite. Sramota. Prosetaj po zatrueniot centar na Skopje i ke vidis i toa sto go ima e ostaveno na pekolov da se isusi, toa sto e iskrseno ne se presaduva. Nie sme narod bez svest za ekologija, i kultura voopsto.
Од: Tina
Датум: 20.08.2011 12:31:22
Zimzelenite drvja se po dobri na takvi patove, oti nema da se shmgat kolite na dozd, koga lisjata se na patot truli. Mi tekna taka, pa da kazam.
Од: demokrat
Датум: 20.08.2011 15:14:29
Najpoznatiot bulevar vo Berlin se vika "Unter den Linden" (Pod Lipite) koj datira od 16. vek.
Од: maja
Датум: 20.08.2011 16:43:18
na zapad postoi moznost drvata od edno mesto da se izvadat i da se presadat na drugo mesto..znaci nemora da se unistuvaat...zalno e za lipite sto se unistija na bulevarot sv Kliment...proektantite na ovoj prosiren bulevar imaat napraveno seriozna greska imeno trotoarite od dvete strani od potego na crkvata sv kliment do raskrsnicata kaj studentski dom kuzman se mnogu tesni sto ke predizvikuva pesacite da se dvizat po kolovoznata lenta..na toj nacin nitu vozilata nitu pesacite ke mozat da se dvizat komotno..alepiram do tie sto go realiziraat ovoj proekt da gi prosirat trotoarite za 70cm do 1m i ova prosiruvanje da ima smisla..vaka e cisto promasuvanje
Од: Go sakam Skopje
Датум: 20.08.2011 17:10:29
Nikola, mozebi novite skopjani i nesakaat "Skopje da mirisa na sebe", odkako sé sto mozea da urnistat,sekakov skopski beleg da zbrisat, pokrvnicki i od katastrofalniot zemjotres i poplavite na Vardar... Skopje so svojot "miris i boja"za novodojdenite bilo "selendra" ama so DUSHA koja poleka mu ja zimaa, za poslednive godini, napolno mu ja izvadija. So Lile od placev koga se zboruvase za regionalnata podelba,a sega placam poradi nejzinoto molcenje. Na Skopje ne mu trebat tugi sadnoci i dekori kako sto ne mu trebat i onie tugi i grdi gradbi,so koi ni go negiraat imakedonskiot indentitet kako da im e toa celta. A lipite so nimniot bozestven nezamenliv miris, go simboliziraat nasiot grad, zaedno so topolite koi neznam komu mu precea. Za zal,nie skopjanite, so naseto dobro srce, nemame kuraz da izlezeme na bulevarite i da kazeme NE, na smamovolieto na raspasanite arambasi koi ni go unistija gradot,zaedno so negovite stari ziteli, raseleni negdei po periferijata na gradot koi e n
Од: sadime za
Датум: 21.08.2011 10:46:29
Ne znam dali toa e pomodarstvo..vo Skopje bezmilosno onaka cinicki pod kauza za podobar saobrakaj se sece se sto e zeleno...Prvin masovno otidoa prekrasnite kosteni na plostad...sega kurban otidoa lipite ...denovive masovno se kastrat drvjata kako priprema za dvokatnite avtobusi...a se sadi se ona sto ne virae...neka gradonacalnikot Koce dojde kaj SAVA Kranj da vidi toa sto posadi se se isusi kaj mu bese pametot da sadi kaj nema hidrant..tamu nitu treva ne virae ako gospod ne se pogrizi samiot...Prubavi elki se isusija a vo dvorot site rastenije kako seno stanaa...Sekoja cest za zelbata ...ama koga ne biva ne biva...!!!
Од: Jelena
Датум: 21.08.2011 12:27:26
Nasito slaven gradonacalnik treba vednas da dobie novo prezime i toa Koce Drvoseca ili mozebi podobro Koce Asfaltovski. Im se nameraci na site drva i ulci, ednite bezmislosno gi sece, drugite bezmislosno gi prosiruva i asfaltira. No, najstrasno od se e sto ne e ni sevesen sto sboruva. Vcera izjavi deka so prosiruvanje i asfaltiranje na ulicite se podobruvala ekologijata. Da umrev nemase da znam deka toa e ekoloski. Ne mi se veruva sto se moze da se izjavi i da se ostane ziv.

Најди! во Утрински
Насловна
Стил
Печатено
Паника и страв на берзите
Рецесијата ги избрка метросексуалците
САД го поздравија гестот на Бесими
Лососот ќе почека за да плива во македонските рибници
Сендвичи со домашен шмек
Прстот на Хилари
Само леб и вода за синот врзан со синџири
Пожарот на Пелистер утрово изгаснат!
„Гугл“ ја купи „Моторола“ за 12,5 милијарди долари
Бело како сонот на невестата
Независноста и кичот
Ќе летаме во Истанбул за викенд
Одбележана 30-годишнината на персоналниот компјутер
Голема лекција за децата од паркот
Долги нозе за домаќински муабети
Дванаесет загинати во авионска несреќа во Канада
Домашен хеликоптер, ловиште за „порше“, магаре ТВ-ѕвезда...
Саудиска Арабија и Арапската пролет
Ѓоковиќ против Мареј во финалето на Синсинати
Опозиција за мерак
Жестоки судири меѓу бунтовниците и силите на Гадафи
„Камен е чупено - не ја бидва!“
Огнот во кој гориш

"""