|
|
|
|
|
|
ЕДИТОРИЈАЛ
Прстот на Хилари
Слободанка Јовановска
Прстот станува симбол на македонската политика. Откако Антонио Милошоски им го покажа средниот прст на Грците за да им објасни која е целта на мегаломанијата во Скопје, одговор стигна од Вашингтон преку писмото на државната секретарка Хилари Клинтон. Во него таа го впери прстот кон Владата обвинувајќи ја со пософистициран јазик за селективно гонење, присила, притисок врз судството и непочитување на човековите права. Една��ва правда, беа двата клучни збора на Клинтон што кажаа за Македонија многу повеќе од сите извештаи на ЕУ досега и сите критики на САД преку јавните соопштенија. Пораката е дека одговорностите за се' што се случува негативно паѓаат директно на грбот на премиерот и на водечката партија. Две недели пред голем јубилеј за независност на една држава, кога треба да се зборува за успеси и за постигнувања, никој не испраќа писмо со ваква содржина и на ваква адреса ако за тоа нема сериозна причина. Тоа не само што значи дека никој од САД нема да дојде со нас да ја прославува независноста, туку и дека Вашингтон не гледа толку причини за славење колку за грижа околу состојбите во Македонија.
Писмото на Клинтон е последното од серијата писма за кои јавноста успеа да дознае и да им ја прочита содржината. Четири со остар јазик испрати претставничката за медиуми на ОБСЕ, констатирајќи дека по секое наредно писмо состојбата во Македонија е уште полоша. Неофицијално, на едно од нив нашиот одговор бил полн со ароганција, што во ОБСЕ го сфатиле како порака дека државниот врв нема намера да престане со притисоците врз новинарите. Реагираа и Репортерите без граници и меѓународните новинарски асоцијации, а по подолг период извештај за состојбите во земјата напиша и Меѓународната кризна група со една главна реченица - дека Македонија и нејзините институции се заложници на ВМРО-ДПМНЕ и на премиерот Никола Груевски. Стигнаа и новите услови на Брисел, па некои побрзаа да протолкуваат дека во пресрет на извештајот за прогресот на Македонија од ЕК, како и претходните години, ескалира притисокот врз власта да се реши името. Дали и овој пат е така?
Колку и да им е битно на САД и на ЕУ да се реши спорот со Грција , Владата си стави политичка јамка со сеопфатниот удар врз слободата на медиумите, толкав што ни САД ни ЕУ веќе не можат да ги пренесат своите пораки во земјата додека се соочуваат со купишта антиамерикански и антиевропски трендови. Минатата недела власта почна да се коцка и со втората светост на ЕУ и САД, Рамковниот договор, со политички инспирираната кампања и надуени тврдења дека Грција е таа што ни го скроила Уставот и дека целта била да се создаде правен темел да се распадне државата. Директно во таа дебата се замеша претседателот Ѓорге Иванов, а сето тоа со нападното отсуство на македонските политичари од прославата на Рамковниот договор, пушти сигнал дека се проблематизира уште еден темел на македонската држава за некаква краткорочна цел што не може да се дефинира во моментов.
Додека во центарот на Скопје секојдневно се трупа цемент и се градат нови поголеми и поцврсти темели на музеи и споменици, на политички план продолжија да се уриваат сите што правеа Македонија да биде една од демократиите во Европа. Големината на прославите, сепак, не доаѓа од величината на објектите, туку од чувството внатре и надвор дека Македонија е нова европска вредност на мапата. Според писмото на Клинтон, тешко дека е така во моментов. |
#
|
Статијата е прочитана 2431 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: makedonce |
Датум: 20.08.2011 01:44:37 |
|
na site tie im e zal sto ne mozat da ne prekrstat...neka se nosat vo pm, nie si ostanuvame makedonci od makedonija |
|
|
|
|
|
|
Од: Tina |
Датум: 20.08.2011 06:24:05 |
|
I vo seto toa zboruvanje na Klinton, nikogas ne gi imenuva Makedoncite po nacionalno pravo, bas oti e Amerikanka i Amerikanci ne priznavat naciji, samo ako se po silni od nih, ili ako se Grci, oti taka im bilo skolovanje so lagi. Klintonovci ne se pametni ili fer.
Taa im e nasledno pravo veke 600 god.
Deca da pripovedat na roditeli, ne e pravilno.
Nijn nepocit na Makedonskata antika e uvreda. |
|
|
|
|
|
|
Од: Македонец до „македончето“ |
Датум: 20.08.2011 09:27:10 |
|
Со тој ум што го имаш ќе останеш засекогаш мало и просто“македонче“,никогаш нма да стигнеш до големо „М“! |
|
|
|
|
|
|
Од: Red e za nesto poostro |
Датум: 20.08.2011 10:07:32 |
|
Ti " makedonce" vo koja toa Makedonija ce zivees, vo Grujomakedonijsa? I vece dosta so pisma Grujo i takvikako nego( Gadavi, Asad i Lukasenko), razbiraat samo pocvrsti raboti. Vreme e zapoostri merki i javno demaskiranje na ovaj nedemokratski sistem graden vrz kult na licnosta( firerceto) .populizam,, kontrola vrz mediumite , propaganda, kako i represija na site neistomisleniciRde e za nesto drugo. |
|
|
|
|
|
|
Од: Ozi |
Датум: 20.08.2011 12:49:08 |
|
I Milosevic "uspesno" gi matkase glupite amerikanci.... |
|
|
|
|
|
|
Од: USA |
Датум: 20.08.2011 14:19:04 |
|
Dodeka Makedonija se bori da stane pravna drzavaa kade vladeat zakoni, vo USA se slucuva obratnoto. Bez odobrenie na Kongresot se odi vo Libija (toa ne bilo voena akcija), sprotivno na zakon, ne se deportiraat ilegalni emigranti, drzavata deli oruzje na meksikanski narko grupi koi ubivaat granicni agenti, ministerstvoto za pravda osloboduva kriminalci zatoa sto se crnci...... nikogas ne e ispitano kako Obama ja kupil svojata kuka za mali pari (toj sto mu ja prodal (Tony Rezko) e vo zatvor............... |
|
|
|
|
|
|
Од: Marija |
Датум: 20.08.2011 15:59:15 |
|
Nitu "RED" si nitu znaes nred ni ke go razberes, za tebe podobro e da vladeat udbasite otkolku reformatorite, za sto i Klintonovka se buni se sto e progresivmo vo Makedonija, koja samo ja zaobikoluva makedonija, zasto znae deka ne e dobrodojdena,iako nejzinata zemja ja prizna Makedonija, kakva ironija i licemetie, gonete ja nejze podobro makedonce otkolku AMERIKANEC koj na site im e odvaraten, zasto TOj e najgolemiot krivec za siot haos vo svetot , zar ne go dgledate toa, otvorete oci ne robuvajte na nekoi koi poteknuva od zemja od pred 200 godini, DA ZIVEE NASATA MAkedonija. |
|
|
|
|
|
|
Од: do Red |
Датум: 20.08.2011 22:15:54 |
|
Sto ti smeta,sto se bunis?Toa sto ne sakame preimenuvanje,toa ti smeta.Preimenuvaj se i obezlici se samiot ti licno i takvite kako tebe.Dobro e sto Hilari,sopruga na preljubnik ne doagja vo Makedonija.Sto korist da doagja,pamet da ni soli?Ne ,ne doagjaj. |
|
|
|
|
|
|
Од: poglupi tesko |
Датум: 21.08.2011 15:24:06 |
|
pa poglupi od ova tesko od site raboti sto ne cinat kaj nas sto gi posocila klintonka vie site ste se fatile za toa kako ne imenuva (ne deka mi se dopaga kako ne imenuva bas naprotiv) samo poveke me nervira koga glupaci kako vas ne znaat ni dva zbora da kazat za ona sto go posocila kako problem, se cini za vas selektivno gonenje kriminal nikakvo sudstvo nepocituvanje na covekovi prava ne se problemi za vas problem e samo kako ne imenuvale |
|
|
|
|
|
|
|
|