Број 3661  сабота, 20 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter

Свадби

Бело како сонот на невестата

Еден од трите метонимиски знаци на невестата е токму белиот фустан, покрај превезот и цвеќето. Невестинската облека и модните додатоци можат да раскажат за социјалниот и за историскиот контекст, преку фотографиите од периодот од кој потекнуваат

Јасминка Павловска

Приказната на предметите повечни од луѓето понекогаш знае да биде затурена од времето, секојдневјето, новите нешта... Но, најубавата вредност на нивното постоење, па дури и кога се подјадени од молците и од заборавот, е тоа што од таквите фрагменти извираат нови претстави за минатото и за спомените, кои се темел на сегашноста.

Невестинската облека и модните додатоци можат да раскажат за социјалниот и историски контекст, преку фотографиите од периодот од кој потекнуваат.

Навраќајќи се во историјата на желбата за невестински фустан кај жените што стапуваат во брак во Македонија, се стигнува (за почеток) до фустаните во а ла турка стилот, т.е. од втората половина на 19 век, кога Скопје постепено излегува од рамките на турско-ориентален град и станува важно трговско средиште. Во градот се создава моќен граѓански слој што сака да ја истакне својата нова позиција, имитирајќи го начинот на облекување на владејачката класа, со многу ориентални карактеристики, познати како а ла турка стил. Таква била и невестинската облека: шалвари, блуза, елече, минтан, салтамарка или антарија. Но, веќе кон крајот на 19 век во Скопје се чувствува влијанието на европската мода, која од Запад ја носат печалбарите, трговците, новата интелигенција. Тој стил се нарекува а ла франка. Интересно е што тој стил најпрвин го прифаќаат мажите (кои, всушност, и го носат во овие краишта), додека жените, кои се' уште живеат во една затворена патријархална заедница, се облекуваат во комбинација од а ла турка и а ла франка стил.

Еден од трите метонимиски знаци на невестата е токму белиот фустан, покрај превезот и цвеќето (подоцна добива форма на бидермаер). Овој знак на невестите, белиот фустан, го воведува британската кралица Викторија, облекувајќи го на својата свадба во 1840 година, кога ја прекинала дотогашната кралска традиција на син невестински фустан. Оваа промена била речиси истовремено распространета низ светот.

Веќе во 20 век трендовите доаѓаат многу побрзо, а со појавата на филмот, засиленото навлегување на модните магазини меѓу двете светски војни, Скопје на свој начин го држи чекорот со модата, создавајќи своја урбана модна култура. На фотографиите од 20-тите години од 20 век е забележливо влијанието на модата чарлстон, во 30-тите години невести-сирени, а и војната не го уништува духот на невестите.

По Втората светска војна, и покрај „модификациите на трендовите“ што ги носи револуционерниот занес, сепак, белиот фустан го задржува својот „невестински статус“, иако често затскриен под грубото војничко палто.

Потоа, речиси секоја деценија си има своја приказна: 50-тите - меѓу реалноста и филмскиот гламур; во 60-тите - мини и миди, 70-тите - макси и хипи, 80-тите - новите принцези и девојките од спотовите, 90-тите - креатори ВС турбофолкери, но и денешницата на новиот век што ја создава својата приказна.

Белото и неговите варијации се' уште не отстапуваат од „метонимијата“ на невестите, а сите отстапувања кон другите бои од спектарот, кои може да се толкуваат и како „бунт кон традицијата“, всушност, се само „сон за белото, сонот на невестата“.

(За текстот е користен материјал од Музеј на град Скопје)


#
Статијата е прочитана 1242 пати.

Испрати коментар

Од: Go sakam Skopje
Датум: 20.08.2011 12:14:12
Od sekoghas,so vekovi nanazad, "sonot na nevestata" bil, nevestinskiot fustan! Na vremeto, " sonot "bil CRVEN neestinski fustan, od skapata pusrpurna boja, do koja mnogu tesko se dovagjalo.( da se setime na finicanite)Poradi toa, crveniot nevestinski fustan,mozele polesno da si go dozvolat kralskite semejstva i onie od "visokoto opstestvo", a mnogu retko obicnite gragjani koi za nego "pristanuvale" i da se ruinirat...Od taa pricina,belata boja na nevestinskiot fustan postanala neizbezna moda i son,se rasirila niz celiot svet i ne samo sto se socuvala do deneska, tuku i se poveke e neguvana. Denes za nevestinskiot fustan,samo ednas upitreben,se davaat i po nekolkumesecni plati,za najsrekniot den; sonot na devojkata....

Најди! во Утрински
Насловна
Стил
Печатено
Паника и страв на берзите
Рецесијата ги избрка метросексуалците
САД го поздравија гестот на Бесими
Лососот ќе почека за да плива во македонските рибници
Сендвичи со домашен шмек
Прстот на Хилари
Само леб и вода за синот врзан со синџири
Пожарот на Пелистер утрово изгаснат!
„Гугл“ ја купи „Моторола“ за 12,5 милијарди долари
Независноста и кичот
Ќе летаме во Истанбул за викенд
Одбележана 30-годишнината на персоналниот компјутер
Голема лекција за децата од паркот
Долги нозе за домаќински муабети
Дванаесет загинати во авионска несреќа во Канада
Домашен хеликоптер, ловиште за „порше“, магаре ТВ-ѕвезда...
Липите курбан, на тополите
Саудиска Арабија и Арапската пролет
Ѓоковиќ против Мареј во финалето на Синсинати
Опозиција за мерак
Жестоки судири меѓу бунтовниците и силите на Гадафи
„Камен е чупено - не ја бидва!“
Огнот во кој гориш

"""