Број 3661  сабота, 20 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter

Голема лекција за децата од паркот

Работнички убедливо поразен од Лацио на „Олимпико“ со 6:0 во првиот плеј-оф меч за Лига Европа

Сашко Ѓ. Димовски

Непријатен резултат за фудбалерите на Работнички во првиот плеј-оф меч за Лига Европа. На „Олимпико“ во Рим загубија од Лацио со 6:0 што е најубедлив пораз на дебармаалци во клупската историја на меѓународна сцена. Тимот предводен од Горан Петрески ја почувствува сета сила на калчолигашот што ја потврдија головите на Џибрил Сисе (51 мин. и 65 мин.), Ернане�� (20 мин.), Маури (39 мин.), Роки (87 мин.) и Клосе (90 мин.).

„Шестката“ во италијанската престолнина практично значи елиминација на трикратниот македонски првак во ова натпреварување по сите радости што ни ги приреди летово и формален реванш на националната арена „Филип Втори“ во Скопје во четврток.

Поразот е можеби неочекувано висок, но никако не смее да го разбуди инстинктот на хиените и да се тргне во растргнување на „младото месо“ од Градски парк. Тоа би било многу повеќе поразително и болно отколку самиот резултатски епилог во римската фудбалска арена. Кој како сака може да го толкува, меѓутоа, Работнички замина во Рим без искусните дефанзивци Панче Ќумбев, Игор Стојанов и стандардниот Горан Богдановиќ, иако понесе доволно надеж и верба во сопствените квалитети. Нивните позиции ги пополнија млади момчиња и играч за кого позицијата стопер не е негова природна средина. Во составот Петрески имаше и тројца, речиси, голобради фудбалери кои се свиткаа како ластари пред атмосферата на „Олимпико“. Впрочем како и целиот тим делуваа подисплашено, изгореа во респект кон противникот, како да беа преимпресионирани од ѕвездите на лацијалите и од амбиентот на трибините. Тоа е „болеста на адолесцентите“, кои пред се на физички план во однос на лацијалите беа како да споредуваш мува и слон.

На моменти изгледаа како да играат со врзани нозе стравувајќи од евентуален убедлив пораз што на крајот и се случи. Но, не е грев да се загуби од екипа од светски калибар како Лацио во чии редови има реномирани фудбалски имиња, репрезентативци на своите земји, со стотици истрчани километри во тешки и важни натпревари. Затоа поразот, колку и да звучи нелогично, не треба да се сфати како дебакл и разочарување туку како исклучително добра лекција за „децата на иднината“.

Работнички секоја година успева да искачи ниво. Лани во третото коло беше елиминиран од Ливерпул, годинава ќе заврши во плеј-офот по двомечот со Лацио. По редот на нештата логично е да се очекува, ако не го мине тој праг, барем да го одржи ваквиот тренд во наредните една, две или три сезони и во догледно време да биде учесник и во групи во некој од европските фудбалски купови. Многу нешта во однос на тоа, се разбира, ќе зависат и од политиката на клубот чие раководство не смее да се води само од финансискиот момент кога е играчкиот кадар во прашање и по секое успешно лето да го продава секој оној за кого ќе пристигне понуда за трансфер.

Лацио - Работнички 6:0

Полувреме: 2:0. Стадион: „Олимпико“ во Рим. Гледачи: 30.000. Главен судија: Сергеј Карашев. Помошници: Илја Баришников и Витали Дроздов (сите тројца од Русија). Жолти картони: Најдоски, Петровиќ, Д. Велкоски (Работнички). Стрелци: Ернанез во 20 мин., Маури во 39 мин., Сисе во 51 мин. и 65 мин., Роки во 87 мин., Клосе во 90 мин.

Лацио: Маркети, Раду, Дијас, Бијава, Скалони, Ледесма, Броки (Матузалем во 63 мин.), Маури (Лулиќ во 72 мин.), Ернанез, Клосе, Сисе (Роки во 85 мин.). Тренер: Едуардо Реха.

Работнички: Димитриевски, Тодоровски, Најдоски, Лазаревски, Петровиќ, Мицевски (Настевски во 43 мин.), Муарем (Глигоров во 77 мин.), Д. Велкоски, Вујчиќ, К. Велкоски, Маневски (Петковски во 85 мин.). Тренер: Горан Петрески.

Лига Европа, плеј-оф, први мечеви

Резултати: Легија - Спартак Москва 2:2, Екранас - Хапоел Тел Авив 1:0, Локомотив Москва - Спартак Трнава 2:0, Васлуи - Спарта Прага 2:0, Жестафони - Бриж 3:3, Хелсинки - Шалке 04 2:0, Литекс - Динамо Киев 1:2, Ворксла - Динамо Букурешт 2:1, Алесунд - АЗ Алкмар 2:1, Омонија - Салцбург 2:1, Австрија Виена - Газ Метан 3:1, Макаби Тел Авив - Панатинаикос 3:0, Стеауа - ЦСКА Софија 2:0, Тун - Стоук 0:1, Бешикташ - Аланија 3:0, Бурсаспор - Андерлехт 1:2, ПАОК - Карпати 2:0, Нордсјиланд - Спортинг Лисабон 0:0, Сласк - Рапид Букурешт 1:3, Стандард - Хелсингборг 1:0, Металист - Сошо 0:0, Фулам - Днипро 3:0, Хановер 96 - Севилја 2:1, Црвена звезда - Рен 1:2, Шамрок - Партизан 1:1, Розенборг - АЕК Ларнака 0:0, Слован Братислава - Рома 1:0, Диферданж - ПСЖ 0:4, Хартс - Тотенхем 0:5, Марибор - Глазгов Ренџерс 2:1, Национал - Бирмингам 0:0, АЕК - Динамо Тбилиси 1:0, Атлетик Билбао - Трабзонспор 0:0, Лацио - Работнички 6:0, Селтик - Сион 0:0, Риед - ПСВ Ајндховен 0:0, Атлетико Мадрид - Виторија Сетубал 2:0, Брага - Јанг Бојс 0:0.

Реваншите ќе се одиграат на 25 август.

Македонија Ѓ.П. со највисок пораз досега

Екипата на Македонија Ѓ.П. е со највисок пораз од сите македонски екипи на европската сцена досега. По минималната победа во Скопје против Бастија со 1:0, ѓорчепетровци загубија во реваншот во Франција со 7:0 во второто квалификациско коло во поранешниот Интер-тото куп.

Неславно мина и Милано, клуб кој повеќе не постои, во квалификациите за Купот на УЕФА во 2009 година Кумановци загубија во Копривница, Хрватска, од тимот на Славен Белупо со 8:2. Тежок пораз во Европа има и Беласица. Струмичани во квалификациите за Купот на УЕФА во 2003 година загубија во Целје со Публикум со 7:2.

Пет гола на домашен терен прими Вардар во средбата со Легија од Варшава (0:5) во 1999 година, со идентичен резултат и Беласица во 2003 година беше поразена во Струмица од Публикум (0:5), како и Башкими, клуб кој исто така денеска не постои, од израелската екипа Макаби Петах Тиква (0:5). Пораз со пет гола разлика на гостувањата во европските купови претрпеа уште Цементарница на средбата со Ленс (0:5) во 2003 година, Вардар кај Шалке 04 (0:5) во 2004 година. Црвено-црните примија пет гола и во 2006 година во мечот со белгиски Роселаре (1:5). Пораз со четири гола разлика има и Работнички. Во 2006 година дебармаалци загубија од Базел со 6:2. (М.М.)

Два дерби-меча во Скопје

Прва лига, 4 коло

Сабота: Тетекс - Силекс, Брегалница 2008 - Охрид 2004, Хоризонт Турново - 11 Октомври (16:30 ч.).

Недела: Металург - Работнички, Шкендија - Напредок (16:30 ч.), Вардар -Ренова (20 ч.).

 


#
Статијата е прочитана 1210 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Стил
Печатено
Паника и страв на берзите
Рецесијата ги избрка метросексуалците
САД го поздравија гестот на Бесими
Лососот ќе почека за да плива во македонските рибници
Сендвичи со домашен шмек
Прстот на Хилари
Само леб и вода за синот врзан со синџири
Пожарот на Пелистер утрово изгаснат!
„Гугл“ ја купи „Моторола“ за 12,5 милијарди долари
Бело како сонот на невестата
Независноста и кичот
Ќе летаме во Истанбул за викенд
Одбележана 30-годишнината на персоналниот компјутер
Долги нозе за домаќински муабети
Дванаесет загинати во авионска несреќа во Канада
Домашен хеликоптер, ловиште за „порше“, магаре ТВ-ѕвезда...
Липите курбан, на тополите
Саудиска Арабија и Арапската пролет
Ѓоковиќ против Мареј во финалето на Синсинати
Опозиција за мерак
Жестоки судири меѓу бунтовниците и силите на Гадафи
„Камен е чупено - не ја бидва!“
Огнот во кој гориш

"""