Број 3661  сабота, 20 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економиј��
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter

Мислења

Опозиција за мерак

Ѓорѓи Спасов

Опозицијата се однесува како статистичко биро што само ги брои жртвите на власта

Политиката во Македонија по изборите се одвива како во вицот за силеџијата и двајцата браќа. Во тој виц помалиот брат му се пожалил на поголемиот дека го тепа некој силеџија, а поголемиот брат постојано му говорел на силеџијата – „Ај, удри го уште еднаш ако смееш!“ И силеџијата ќе го удрел помалиот брат. Помалиот брат по многу удари од сил��џијата, кон братот кој гледал само сеир, почнал да вика: „Аман бате, веќе не ме брани!“

Во нашиот „виц“ опозицијата прво му рече на Груевски: Ај затвори ја телевизијата А1 ако смееш. И овој ја затвори. Потоа, ај затвори го Велија сосе сето семејство ако смееш. И овој го затвори. Ај затвори го Љубе Бошкоски ако смееш. И овој го затвори. Ај прогласи ги за кодоши Трендафил Ивановски, Угриновски и Владе Милчин ако смееш. И овој ги прогласи. Ај замолчи го Фрчкоски ако смееш. И овој го замолчи. Ај сруши му го станбениот комплекс на Фијат Цаноски ако смееш. И овој му го урна.

Веќе голем број бизнисмени, интелектуалци и обични луѓе што имаа симпатии за опозицијата и кои придонесоа на последните избори таа да добие толкав број гласови, викаат на цел глас: „Аман бате веќе не не' брани! Не' утепаа“. Конзервативците од Македонија, кои вака го разбираат конзервативизмот, веројатно, се задоволни од ова и сметаат дека во земјата, конечно, со „божја и со нивна помош“ се воведуваат ред и дисциплина. А на изразеното чудење од некои новинари и аналитичари за пасивноста на опозицијата, по сите овие случувања, нејзиниот лидер заклучува мудро:. „Ако не' бараат да бидеме поприсутни, поактивни, тоа значи дека јавноста заклучила оти ситуацијата е таква што опозицијата мора да биде поактивна (!!!)“.

Но, поставува и реторичко прашање - што значи пожестока реакција два месеца по парламентарните избори? Треба да се земе предвид дека се наоѓаме во период три недели по формирањето на Владата. Со други зборови. Полека, бре. Што се нервирате. Ќе реагираме и пожестоко кога ќе дојде време за тоа. Си го чуваме кубурот за не дај Боже.

Лидерот на опозицијата на кого му доцнат поканите за учество во дебата за Рамковниот договор, но не и поканите за коктели, како да не забележува дека власта систематски се пресметува со оние што на последните избори го презедоа најголемиот ризик за јавно да и' се спротивстават. Тие очекуваат солидарност, разбирање и помош од опозицијата што вети дека „сега со толку голема парламентарна група веќе нема да и' било лесно на власта како порано“. А ако опозицијата покажува рамнодушност и се однесува како статистичко биро што само ги брои жртвите на власта, тогаш таа може да биде сигурна дека веќе на следните избори никој нема да ризикува да се жртвува за неа.

Опозицијата како да не ја гледа својата одговорност за случувањата во Македонија кои Меѓународната кризна група ги нарекува драматични, но ја гледа одговорноста на ДУИ, за која вели дека таа како дел од Владата им дава легитимитет и е одговорна за сите постапки на Владата во областа на кршењето на на човековите права, на гушењето на слободата на медиумите и на кочењето на процесот за интегрирање на Македонија во НАТО и во ЕУ.

Но, ако ДУИ со своето учество во Владата им дава легитимитет на овие процеси, тогаш зошто не би било точно дека СДСМ со своето учество, на пример, во Комисијата за лустрација им дава легитимитет на сите постапки на таа Комисија. СДСМ ниту еднаш не се закани дека нејзините членови ќе ја напуштат оваа Комисија која се претвора во „орган на власта за јавна дискредитација и селективен прогон на лица исклучително од опозицијата“. Опозицијата не се закани дека ќе го направи тоа ако не се престане со монструозното монтирање нови политички процеси од оваа Комисија во соработка со некои од провладините медиуми, кои ги задоволуваат љубопитноста и крвожедноста со објавувањето приказни за „откриените кодоши меѓу академиците за кои се' уште не се знаело дали биле кодоши или били жртви“ и за некаков си кодош под псевдонимот „Атататурк“ со јасни асоцијации на кого се мисли.

Опозицијата не побара ниту список за да знае по кој редослед оваа Комисија го прави „утврдувањето на фактите“ и како таа скока од претседатели на уставни судови до опозициони политички лидери, па до водачи на невладини организации. Таа само гледа како Комисијата ликвидира опозиционери по список и некако мошне е сигурна дека и нејзините најистакнати дејци не се на тој список. А тоа ја прави соучесник и тоа не може да и' се прости. За време на летните одмори можеше барем со намера да го покаже апсурдот на ваквата лустрација да формира своја Комисија за утврдување на фактите околу лудилото на власта. Зарем не е лудило да постои закон според кој секој што не поднел „изјава за невиност“ до комисијата, по автоматизам се смета за кодош и го исполнил дополнителниот услов за забрана за извршување јавна функција, а името ќе му го објават сите весници.

Опозицијата го одмолчи и случајот со апсењето на Љубе Бошкоски. Во некои други времиња итно ќе побараше список на сите што се прислушувани од власта за време на изборната кампања или ќе излезеше со таков список. Ќе направеше од тоа скандал за да дознае светот за методите со кои се служела власта за да ги добие овие избори. Но, молк ја залеа опозицијата. Со Љубе постапи и постапува како да е еден од „нивните“. Нека си ги вадат очите. Што ти е гајле. Го искористивме за антикампања.

Власта мошне веројатно од чиста одмазда го урива објектот на Фијат Цаноски. Тоа е колку да испрати порака како ќе поминат „предавниците“ што го напуштиле победничкиот табор. Опозицијата само се појави во неколку жолти маички пред уривањето и замолчи. Не се појави со анализа колку отстапувања во другите градби има во Македонија. Фијат Цаноски е оставен сам да ја бара својата правда и да објаснува дека поводот за ваквиот акт на власта, можеби, е неговата политичка определба, неговата вероисповест или бизнис-интереси на оние бизнисмени блиски до власта на кои со својот проект им ја снижува високата цена на градба на станови во Скопје. Опозицијата не понуди анализа што ќе покаже кон кој друг градежен објект слично постапила општината Гази Баба. Колку ќе чини ова уривање и оваа одмазда ако Цановски го добие спорот пред судовите. Но, на барање (добро што не рекоа „молба“ од Цаноски), се состанаа опозиционите лидери и градоначалници за да ја разгледаат состојбата и додека телевизијата го прикажуваше минирањето на бетонското здание, го повикаа градоначалникот на Гази Баба да не прави така. Немало смисла. И не било според законот.

И на крај. По затворањето на телевизија А1 опозицијата како да се помири со фактот дека нема веќе опозициона телевизија во земјата. Граѓаните се изложени на силните документарци на националната телевизија за „жртвите на комунизмот“, оставени се на коментарите од телевизијата Сител, на мудростите од шоуто на Канал 5 и на штосевите во „Јади бурек“ на Наша ТВ, каде што домаќините и нивните гости имаат само избрани зборови за Владата и црнила за опозицијата. Многумина мислеа дека мудреците од опозицијата имаат некоја алтернатива во ваков случај. Дека имаат некоја макар локална телевизија во Скопје што ќе го одржува опозиционото расположение. Но, изгледа дека немало. Нема место за оние новинари што жртвуваа се' за да се крене рејтингот на опозицијата пред изборите. Тие се на Заводот за вработување заедно со својот синдикален лидер. И во такви услови, од лидерот на опозицијата разбираме дека „предвремените парламентарни избори не се случиле затоа што ги барала опозицијата туку затоа што власта била сигурна дека одново ќе победи“. А што ли бараше опозицијата, веќе не можам да се сетам. Да не бараше само да провери дали е Груевски маж, кога му викаше „Ајде биди маж и излези на избори“.

(Авторот е универзитетски професор)


#
Статијата е прочитана 2878 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 20.08.2011 00:17:55
Ima i eden vistiniti "vic".Eden totalitaren rezim osnoval nekoja"tajna partija/organizacija"koja bila neprijatgelski nastroena kon rezimot, pa sekoj koj se uclenil tamu, vednas go lovele.Vaka nekako mi lici Brankovoto SDSM.Partija koja mu ovozmozuva na Latasovoto VMRO da si vladee bez opozicija,a onoj koj ke se osmeli da bide "vistinska"opozicija, go apsat vednas.Dosega ne nastrada ni eden vistinski SDSM-ovec.Nastradaa samo onie koj se najglasni protiv ovaa vlast, a SDSM go smetaat kako"prijatel". No.... vednas gi "snemuva". Sega skoro vo "Fokus" imase nesto za "tajniot brak" na SDSM i VMRO.Mozebi i ima nesto. Uostalom od koga toa najgolemite prijateli na SDSM, Socijalistot Zingo,stanaa najgolemi VMROvci?A tokmu tie denes se i glavni vo VMRO.Pa i Velija nastrada otkako pocna na A1 da pravi celi emisii za Kratovo i vladeenjeto tamu.Denes nikoj ne smee da pisne za Zletovica,Sileks,Kratovo,Mafijaskata banka.Ke go zatvortat preku nok,a SDSM kao ke go"brani".
Од: todor
Датум: 20.08.2011 00:47:51
ne treskaj gluposti
Од: Нели ти реков
Датум: 20.08.2011 00:52:14
Браво професоре. Со ваква опозиција Грујо ќе победува на уште 5 наредни избори.
Од: ја
Датум: 20.08.2011 01:16:52
Г-дине Спасов,а што вие сторивте кога бевте во врвот на СДСМ?Јас ќе одговорам наместо вас, ЈА УНИШТИВТЕ партијата т.е. членството и затоа немате никакво право да коментирате на оваа тема.
Од: milko
Датум: 20.08.2011 04:09:03
Tesko na na tie studenti sto mu predavate i go podrzuvate kriminalot vo makedonija.Site primeri vi se kriminal do kriminal i mesto da se zastramite vie javno go podrzuvate. E bas vakviprofesori im trebaat na makedonija.poz,
Од: lustracija
Датум: 20.08.2011 04:09:49
Iako za nekoi raboti ne se slozuvam so vas, vo oci mi padna vasiot predlog sto da napravi SDSM so svoite clenovi vo komisijata za lustracija zatoa sto vlasta lustrira samo pripadnici na opozicijata, a slucaite kako na Boris Stojmenov ekspresno gi zatvara. Moe mislenje e deka SDSM ne moze da im naredi na nejzinite clenovi da ja napustat ovaa komisija, ednostavno tie ne gi fermaat Branko i SDSM ni dva posto, a ne da napustat funkcii koi se dobro plateni. Sto se odnesuva za premolcuvanjeto na kaznite na nejzinite clenovi i razmestuvanjata vo administracijata, sdsm ne reagirase, ama aj sega neka zakazi protest protiv vlasta pa ke vidite kolku ke im izlezat, ne poveke od 2000. Se e noz so dve ostrici, a Branko neka ne se ponasa arogantno, oti negovoto clenstvo strada, da ne se sluci da go isfrlime na kloci od partija zatoa sto familii stradaat a ne da mi veli deka pominale samo 2 nedeli od glasanjeto na vladata. Branko! Nas ni go gnetat 6 godini dodeka tvoite milenici gi debelat zadnicite.
Од: zrak
Датум: 20.08.2011 05:59:31
bideki utrinski nema sistem za glasanje za komentarite[pr kurir-srbija] jas potpolno se slozvam so jovan samo ke dodadam deka i vmro ne go goni b.c. i tie sto gi zastituva.A na drug komentator ke go popravam deka Spasov molcese koga b.c,ja pustese drzavata i partijata...
Од: Stojce
Датум: 20.08.2011 06:42:47
So takva opozicija i takov narod,vlasta netreba da stravuva za svojata idnina!
Од: Do ja
Датум: 20.08.2011 07:22:12
Iako voopsto ne gi prifakam ideite i metodite na ova SDSM za segasnosta i idninata na RMakedonija,potpolno si vo pravo za avtorot na tekstov.No bi te nadopolnil deka slichni,ili isti kako avtorot i den denes sedat pri vrvot na SDSM.Mirno si cutat i gi aminuvaat glupostite na liceto B.C.So takvi bezlichni edinki liceto B.C.ke si manipulira uste dolg period,no gubime nie gradjanite bidejci od takvi kako ovie,makedonecot nemoze da ja sprovede vistinskata Socijaldemokratija.Site ovie do sega ja izberbatija.SDSM,fakt e,treba da dade novi lica za dobroto na site nas.
Од: ne e vazno
Датум: 20.08.2011 08:43:56
A vie gospodine Spasov kakva rabota napravivte da go iscistite paritskoto vodstvo od gvozdot Branko? Emi sega??? Nema kade. Ke si pisuvate kolumni i ke podripnuvate cat-pat od nervoza, svesen deka uste doooolgi godini ovoj mal Stalin nema da si zamine.
Од: Tome Stojanovski,dipl.el.ing.62god.
Датум: 20.08.2011 09:20:21
" Tako ti je mala moja kad ljubi B(a)C(a)nac!!!"
Од: zik
Датум: 20.08.2011 09:48:03
PINK FLOYD imaat izdadeno album,,animals,, vo nego se obraboteni temi za svinji,kuchinja i ovci.ima neshto zaednichko so makedonija...
Од: Стојко
Датум: 20.08.2011 10:01:27
На Македонија и треба сплотена и силна опозиција. Лесно е да се покажува со прст кон другите, прашајте се самите себе што сторивте за да се постигне таа цел. Со разединета и уплашена опозиција, како што е сегашната, ќе трпиме уште долго време.
Од: PAVLE
Датум: 20.08.2011 10:23:05
Во врска со рушењето на комплексот КОСМОС ОД Фијат Цаноски.На 31 јули 2011( ВО НЕДЕЛА ) во ПРИЛЕПСКОТО СЕЛО ПЕШТАЛЕВО ,ДПМНЕ без претходно обезбедена градежна документација изрежира „ ЖЕЛБА „ за градење црква на игралиштето во центарот на селото при што беше викнат на набрзина испланираниот свечен чин и ГГ ПЕТАР.Не беше тоа желба за градење црква ,тоа е фарса и демагогија ( при ова можеше да дојде и до катасрофални последици меѓу припадниците на двете религии - православната и торбешката во таа непромислено создадена тензична ситуација исклучиво од лудите глави на ДПМНЕ,кои припадници на религиите инаку воглавном живееја во добри меѓучовечки односи).Целта на оваа ДПМНЕ овска АКЦИЈА ,однапред осудена на неуспех,беше да се исценира повод за рушењето на КОСМОС од Фијат Цаноски ,кое почна веднаш наредниот ден на 1 август,кој наводно или сигурно инвестирал во новоизградената џамија во истото тоа село ПЕШТАЛЕВО.Инаку , рушењето на КОСМОС и на врапчињата им е јасно од кои побуди се прави и
Од: Mark
Датум: 20.08.2011 11:02:45
Vi teknuva li na slavnata izjava na vojnikot na JNA vo vojnata vo Slovenija-"Oni nas kao napadaju, a mi se kao branimo"! Antologija!!! Nekako mnogu zalicuva na toa..Eve denes Vmrovecot-gl.urednik na Dnevnik GO FALI BRANKO deka ti bil RACIONALEN!?!? More SMRDI NESTO, kako vo narodnata "VRANA NA VRANA NE I GI VADI OCITE". Jovan e sosem vo pravo...
Од: canko
Датум: 20.08.2011 11:21:43
profesore.!.zosto takvi analizi za opozicijata a ne za vlasta????Generalen sekretar bevte vo naj dobrite vreminja..vie gi popolnuvavte rabotnite mesta po izborite 2002 ta,nezadovolstvo megu clenstvoto napravivte,Ako ste mislele za se ,kade vi e mediumot koj trebase partijata da go ima..od pisanoto proizleguva deka va ve nekoj iskoristil i otfrlil...kako da ne ...obratno e....i sega ako ste zagrizeni tolku za opozicijata mozete toa da go soopstite direktno a ne preku mediumite...tink tenk gluposti sakavte rastur...ne uspesen...sto ne tnkaate pred izborite....edno e jasno profesore....vie ne ste bile vo sdsm,vie ne poteknuvate od tamu,BC vi e golem neprijatel,vie treba da pisuvate za vecer ,i da ste zadolzeni da go brukate sdsm,,,toa e vas sram.....znate so ste stanale Bocevski ili on gorgi...
Од: b5l2
Датум: 20.08.2011 11:45:53
Spasov, vo pravo si ama i ti si eden odtie sto partijata ja imavte poveke za biznis takvi kako tebe seuste gi ima ama Branko ne se svestuva i ke bidi vcudoneviden koga poveke nema da go sledime nie sto sega go jadime stapot od pocetokot pa do denes.
Од: Petar
Датум: 20.08.2011 12:39:08
I avtorov ne e cvecka za mirisanje, ama za mnogu raboti e vo pravo. Na krajot ce ispadne kako sto velese VMRO - so Crvenkovski nema da ima reformi vo opozicijata
Од: Oskar
Датум: 20.08.2011 12:41:13
Bravo g. Spasov, opozicijata zasluzi vakva kritika, za razkika od DPMNE, SDSM pokazuva strav od otvoreno i kategoricno razresuvanje na problemite sto gi imate navedeno. Prepukuvanjeto vo Parlamentot, cesto za neznacajni prasanja, so mnogu zestoki zborovi bez rezultati, ne rezultira so soznanie deka nesto treba da se smeni vo strategijata. Ne uspejava ni za dlaka da go smenat odnosot na vlasta za: Proektot Skopje 2014, za podelbite megju Makedoncite, okolu kvalifikaciite za predavnici i patrioti, za antikvizacijata i menuvanje na istorijata, za atakot vrz neistomislenicite, za partiziranje na administracijata, za izmeni vo Zakonite koi se pravat isklucivo za eliminiranje na neistomislemicite, za za.
Од: Трпе
Датум: 20.08.2011 13:46:20
Се гледа дека на овие години и професорот Спасов решил нешто да научи.И тоа тој учи од коментарите по весниците и гледајки телевизиски емиси познати од кој калибар.Се гледа дека нешто е уплашен професорот па затоа дава жмигавец десно.Па многу е посигурно да се врти десно отколку лево.Ако врти лево може да направи несреќа без разлика што саклата да се прикаже дека е на раскрсница со семафори.Човек кога не го бидува за возач никогаш нема да биде возач,затоа ке врти само во круг десно па десно,глумејки дека сака да оди лево.Сека се виде колкав ќар имал СДСМ кога тој се претставуваше со неговите способности и титула.Џабе кога правел штета на другите поспособните.А мора да си го чува задникот да не излезе и тој кодош,
Од: USA
Датум: 20.08.2011 14:43:54
Na sekoj udar vrz opozicijata nema povraten odgovor. Toa e rezultat na nelegalni aktivnosti vo koi e vpletkana pa ostanuva argumentot deka ova e REZIM. Primer: A1, Velija, Ljube, Canoski, finansiranje na SDSM i nevladinite.........Ova ne e vic.
Од: sdsmovec
Датум: 21.08.2011 01:12:37
Господине Спасов ја имавте највисоката функција во партијата кога народот одлучи да има промени , а што направивте вие како секретар ве немаше никаде да ги слушнете потребите и мислењата на членовите , вие ја практикувавте власта мислејќи дека вечно ќе бидете таму. А сега коментирате како не реагирала опозицијата уште што не и давате аплауз на власта , па ако сега Бранко не чини за вас како ви одговараше тогаш кога ги имавте неговите привилегии.....
Од: jas
Датум: 21.08.2011 08:15:51
Stojce, vaka trebase da kazis: So vakva opozicija i vakva vlast, narodot ne treba da se plasi za svojata idnina, bidejki narodot veke nema idnina.
Од: Graganin citatael od Makedonija
Датум: 21.08.2011 11:11:46
BRAVO za tekstot bez razlika koj e i sto napravil koga bil na vlast sdsm i ostanatata opozizija treba UBAVI da go procita tekstot i da razmislat nejzinite celnici. Zosto jas kako neutralen graganin za slednite izbori ke glasam tokmu kako faktite vo Teksto dragi sdsmovci !!!!!!!!
Од: Do Tome Stojanovski,dipl.el.ing.62god
Датум: 21.08.2011 11:43:36
Tome,ti li si onoj istiot inzener koj na 62 godini, sto pred nekoe vreme se izvinuvase sto docna si sfatil deka si ovca za strizenje? Izgleda volnata pak ti potporasnala, pa se redis za nozicite na Pastirot? Ocekuvam posle novoto strozenje,pak da se kaes!
Од: Acko
Датум: 21.08.2011 12:55:27
Alal da ti e profesore me iznasmea :))))
Од: citac
Датум: 21.08.2011 14:32:15
abe trgnete go Branko za vase dobro(sdsm) , za dobroto na Makedonija i secie, ako ima nekoj despot prvo barajte go vo vasata partija pa posle megu drugite
Од: ne e vazno
Датум: 21.08.2011 15:31:08
Ај замолчи го Фрчкоски ако смееш. И овој го замолчи. Ај сруши му го станбениот комплекс на Фијат Цаноски ако смееш.И овој му го урна. Ај речи му на Ѓорѓи Спасов да почне да тагува за времето кога бил лидер. И овој цел век само тоа работи
Од: Veselin
Датум: 21.08.2011 15:38:42
Do Oskar i slicnite.SDSM e vsusnost anarholiberalna partija.Setete se na privatizacijata i denacionalizacijata.VMRO-DPMNE e vsusnost poveke socijaldemokratski.I kratko-sekogas glasam za VMRO-DPMNE.Ne zatoa sto se tolku dobri,tuku deka drugite se mnogu pobeter.Antikvazicijata ja izmisli SDSM.Vo komunizmot bese zabraneto izucuvanje na makedonskoto drevno minato.Moravme da bideme (jugo)sloveni.Istoricarite i politicarite od toj kalap,sakaat se da ostane isto.A vie ako ne se cuvstvuvate makedonec,izjasnete se za sloven,ako najdete deka imalo navistina takov narod vo drevnosta.I lugeto od vasiot soj se bez nacionalno cuvstvo i lesno ke ne izbrisete od kartata na narodite.

Најди! во Утрински
Насловна
Стил
Печатено
Паника и страв на берзите
Рецесијата ги избрка метросексуалците
САД го поздравија гестот на Бесими
Лососот ќе почека за да плива во македонските рибници
Сендвичи со домашен шмек
Прстот на Хилари
Само леб и вода за синот врзан со синџири
Пожарот на Пелистер утрово изгаснат!
„Гугл“ ја купи „Моторола“ за 12,5 милијарди долари
Бело како сонот на невестата
Независноста и кичот
Ќе летаме во Истанбул за викенд
Одбележана 30-годишнината на персоналниот компјутер
Голема лекција за децата од паркот
Долги нозе за домаќински муабети
Дванаесет загинати во авионска несреќа во Канада
Домашен хеликоптер, ловиште за „порше“, магаре ТВ-ѕвезда...
Липите курбан, на тополите
Саудиска Арабија и Арапската пролет
Ѓоковиќ против Мареј во финалето на Синсинати
Жестоки судири меѓу бунтовниците и силите на Гадафи
„Камен е чупено - не ја бидва!“
Огнот во кој гориш

"""