Број 3661  сабота, 20 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter

Саботни муабети

„Камен е чупено - не ја бидва!“

Огнен Јанески

Си седам јас така, понеделнички, чмаејќи на ФБ и сосема случајно (како и секогаш) окцево ми „забега“ на едно видео поставено на профилот кај еден пријател, на кое Коралина Гоцева имаше свое музичко претставување на Ем-Ти-Ви филмските награди. Настап што се случил во февруари годинава, но јас сум го „промашил“.

Нејсе, го прегледав, зашто соработката на Коралина Г. со една наша еминентна музичка гр��па (којашто најдлабоко ја почитувам) ми е „музитастично“ (зборот е преземен од блог) добро направена. Се разбира, уште повеќе ми се допадна моментот што ја натерал некој Коралина да настапува со тенџериња, мијалник, ѓезвиња и слично, како права слика и прилика на насловот на песната (отсликувајќи модерна домаќинка – шпараџика), притоа облечена во пепито-измислица на нашата Саси Саковска, „стилисткиња“ блиска до миланската висока мода.

Но, ова досега е мое мислење, коешто не ми е споделено, па не знам дали е општо. Но, знам дека не знаев оти за Коралина Гоцева постоело општо мислење дека има проблем со комуникација со публиката. И во случајот, не целам на нејзините скудни изјави за ТВ, ни, пак, за нејзиното одлично „познавање“ на српскиот јазик, зашто во тој сегмент, освен мама Есма и тетка Опи, никој друг од нашето ѕвездено небо не се покажал, миЛо, дека го вЛадее овој некогашен „матерни језик“.

Но, да се вратиме на случајот.

„Па добро бе, мајка му стара! Камен е чупено – не ја бидва! Значи, не се научи да комуницира со публика и да се однесува на сцена - и не се научи. Па пенушка да беше - досега ќе научеше. А(!) застана на сцена, адушко, „сама себе го пее“. Како да е празна публиката. Како да нема никој. Ќе цитирам коментатори од Фејсбук!

Знам дека некој сигурно и' има речено да се обиде да искомуницира, но кога нешто не се носи во себе, нема ни корен за проникнување кон подобро. Затоа отсекогаш сум велел, па уште и на времето кога бараше дозвола од „мама да ја пушти“ – Коралина Гоцева е да ја слушаш - без да ја гледаш. Освен, ако не ти е „Плејбој“ на ум. Иако и таму не' зафркна! Фино и отмено, си остана по долна облека, на насловна, па ти потоа „радувај се“!

Јас кога го поставив видеото на мојот ѕид на ФБ, мислев дека сум еден од ретките што има такво мислење, но кога се изредија коментарите, неизбежно беше да го споделам тоа и во овој саботен муабет, зашто сфатив дека многумина си молчеле, а сепак повеќето го делат мислењето. Голем дел од коментарите не се баш најфини, па затоа нема да ги пренесувам интегрално, но, накратко, заклучокот беше дека К.Г. заслужува да биде една од водечките пејачки имиња во Македонија, зашто има фантастичен глас, којшто знаат како да и' го искористат, и во тоа нема дилема. Но, дека на која било српска турбоџанк-фолкерка може вода да и' носи за комуникација со публика – е тоа е вистина. А тоа го воочивме со компарирањето на некоја си „Новела из Босне“ и К.Г. И секако дека „Новела“ победи во категоријата. Иако односнава нема долги и убави нозе, вито тело, комплет убаво лице, а за глас да не правиме мангал-муабет.

Ајде, порано, додека беше помлада Коралина – велевме, ќе се научи, има време, ќе се искалеми. Но, ништо од калемењето. Си остана студена и со високо поставен ѕид меѓу неа и публиката.

Можеби и затоа на изборот на Агенцијата за млади и спорт на „Најдоброто од Македонија – музика“ – категорија „забавна“ се наоѓа на 10. место (до петок, проверени резултати). Иако има песни што се квалитетни.

Но, овој избор останува за во некое следно издание на саботните муабети со Огнен од Јаневци, зашто има материјал за пишување еден тон. Се разбира, почнувајќи од тоа дека песната (ако е тоа воопшто песна) „Комуњари и патриоти“ на Тоња Дрндуловска е меѓу топ-трите песни, иако е лансирана во македонската вселена годинава. А одбираме песни од изминатите 20 години!

Патем речено, нема „лутиш“ К.Г.! Сите сме во очекување на нешто ново од тебе, зашто ова досега што го направи, последните години, е квалитет што ќе ни остане.


#
Статијата е прочитана 2919 пати.

Испрати коментар

Од: mene
Датум: 20.08.2011 00:12:09
Го МОЛАМ Утрински Весник да се врати на ова ниво што беше и да не дозволува вакви анонимуси да пополнуваат страници. На "авторот" попаметно ќе му било да продолжел да мудрува на ФБ, и за него и за нас. Џабе потрошени бајти, време и струја. ПС Поради такви како тебе "Коралина" не комуницира со публиката. Целосно ја оправдувам.
Од: bt
Датум: 20.08.2011 01:50:24
Utrinski so vakvite tekstovi si go spusti nivoto. Ova e mizerno sto se objavuva.
Од: Aна
Датум: 20.08.2011 07:23:54
Огнен друже, во овој весник некако си ми непотребен, ке издржиме ние читателите и без тебе. Без лутење ;)
Од: Tome Stojanovski,dipl.el.ing.62god.
Датум: 20.08.2011 09:30:39
A da go ostaese cupeto namira !! Toa e edno od naiubaite nesta od nasava crna Makedonija !! A Ti ako nemas druga rabota pogledni se samiot pa ke Ti stane jasno kaj Ti e mestoto !! Vo novinjevo ne !! Samo lais ,lais,ama nisto pametno ne prais !!
Од: cece
Датум: 20.08.2011 10:34:02
gluposti so ovaa kolumna ni pokaza deka ti si dus debidus a karolina
Од: kikimakedonski
Датум: 20.08.2011 12:26:24
Ognen ne tropaj gluposti
Од: Ne e bitno
Датум: 20.08.2011 12:31:21
Ognen, ne e vazno sto kazuvaat drugite, bas mestoto ti e tuka (odnosno nekade podaleku kade sto vo celost ke gi izrazis svoite kvaliteti). Pa ova e demokratska drzava, sekoj si pravi sto saka. A, vas ako tolku vi smetaat negovite kolumni ne go citajte... by the way sekoj si ima pravo na svoe mislenje, ali deka devojceto e tapa so odnos na pubilkata tapa e skroz :)
Од: Alek®
Датум: 20.08.2011 14:31:07
Додека сум дошол јас да прочитам, текстов е прочитан 1526 пати. Се’ ми се чини дека читателите очајно се обидуваат да принајдат нешто вредно, ама не им успева. Гледам по досегашниве коментари, еден нема позитивен. Точно е, Каролина на почеток кон своите обожаватели и медиумите настапуваше со одредена доза на ароганција, но со своите 30 години сфати дека не е тоа начинот на комуникација со никого. Што се однесува до убавината и гласот, неспорни се, таму нема што не може да понуди. Иако не видов да алудираш на нејзиниот настап на 8 Септември, без оглед што реално мислам за тоа, ќе кажам дека таа живее од своите настапи. Ако некој (во случајов власта) така го осмислил настапот и за тоа е спремен солидно да плати, и таа ќе го одработи својот дел. Ама ти нешто не се поправаш во своите писанија. Комплексни наместо лефтерни, примеси на прилепски и скопски сленг, изнасилен избор на темите, крадени идеи за склопување пасуси. Промени нешто клучно или да отстапи го просторот. Пријателски поздрав!
Од: MJ
Датум: 20.08.2011 18:49:15
Teska mizerija,neznae deka ja pljuka najgolemata aktualna muzicka zvezda kaj nas,koja ima dueti i pesni od najgolemite muzicki iminja na balkanot i koja neodamna ja napolni arenata "Boris Trajkovski" . Bruka,kakov narod sme...nikogas neznaeme da go cenime toa sto go imame ,Blagodarenie na voditelov od ZVON !

Најди! во Утрински
Насловна
Стил
Печатено
Паника и страв на берзите
Рецесијата ги избрка метросексуалците
САД го поздравија гестот на Бесими
Лососот ќе почека за да плива во македонските рибници
Сендвичи со домашен шмек
Прстот на Хилари
Само леб и вода за синот врзан со синџири
Пожарот на Пелистер утрово изгаснат!
„Гугл“ ја купи „Моторола“ за 12,5 милијарди долари
Бело како сонот на невестата
Независноста и кичот
Ќе летаме во Истанбул за викенд
Одбележана 30-годишнината на персоналниот компјутер
Голема лекција за децата од паркот
Долги нозе за домаќински муабети
Дванаесет загинати во авионска несреќа во Канада
Домашен хеликоптер, ловиште за „порше“, магаре ТВ-ѕвезда...
Липите курбан, на тополите
Саудиска Арабија и Арапската пролет
Ѓоковиќ против Мареј во финалето на Синсинати
Опозиција за мерак
Жестоки судири меѓу бунтовниците и силите на Гадафи
Огнот во кој гориш

"""