Број 3661  сабота, 20 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter

Анализа

Саудиска Арабија и Арапската пролет

Бернар Хајкел

Саудиска Арабија, самопрогласен бедем на исламскиот конзерватизам, е поагресивна во некои арени отколку во други

Саудиска Арабија општо се смета за водич на контрареволуцијата против бунтовите на Арапската пролет. Реално, реакцијата на кралството е центрирана, како што одамна е неговата надворешна и внатрешна политика, за „стабилноста“. Саудијците не сакаат антисаудиски сили, вклучувајќи непријатели, како што се Иран и Ал Каеда, да го зголемат своето влијание на Блискиот Исток.

Некои од постарите саудиски лидери го гледале овој филм претходно. Националистичките револуции од 50-тите и 60-тите години, инспирирани и поттикнати од Египет на Гамел Насер, речиси ја соборија саудиската династија. Сепак, денешните саудиски принцови се чини дека признаваат дека нешто навистина се смени на Блискиот Исток: помладата генерација Арапи веќе не е подготвена да прифати неодговорни, корумпирани и брутални влади.

Саудиска Арабија, самопрогласен бедем на исламскиот конзерватизам, каде што народната демократија никогаш не се сметала за легитимна форма на владеење, е поагресивна во некои арени отколку во други. На домашен план кралското семејство реагираше брзо, усвојувајќи забрана за јавни демонстрации и акти на граѓанска непослушност. Традиционалната интерпретација на исламот од кралството толкува политичка легитимност во однос на соодветната примена на исламскиот закон од владетелот. Во замена, неговите поданици му должат покорност во рамките на ограничувањата на шеријатскиот верски закон.

Разидувањето, доколку се појави, мора секогаш да има форма на добронамерен совет што му е даден на владетелот во приватно опкружување. Јавни демонстрации на разидување се сметаат спротивни на исламот, бидејќи тие поттикнуваат поделеност и водат до граѓански раздор. Највисокиот совет на саудиските верски стручњаци неодамна прогласи дека демонстрациите се категорично неисламски. Соочени со можноста за масовни демонстрации на 11 март – т.н. Ден на гневот на една „Фејсбук“ страница – саудиските владетели ја применија таа одлука со распоредување на голем број безбедносни сили на улиците.

Тие, исто така, играа на картата на шиитите, ефективен адут во Саудиска Арабија со сунитско мнозинство. Владетелите тврдеа дека јавните протести во регионот се организирани од шиитски Иран и дека се антисунитски и секташки. Заканата за хаос сега е евидентна во Либија, Сирија и во Јемен, исто така, беше во полза на кралското семејство. Саудиската династија има долги историски претензии за власта во Арабија, а нејзиното ветување за стабилност е клучно за нејзината издржливост.

Голем пакет владини субвенции, исто така, се објаснување за внатрешниот мир. Ненадејно, околу 130 милијарди долари беа додадени во предвидувањата за трошоци во наредните пет години. Платите на сите јавни службеници, мнозинство од националната работна сила, беа зголемени, како и вкупниот број работни места во јавниот сектор. Кралот Абдулах вети голем број нови сместувачки капацитети, што е важен гест во земја каде што млади луѓе, особено млади венчани двојки, не можат лесно да пристапат до пазарот за сместување.

Во соседен Бахреин, Саудијците, исто така, брзо реагираа да го зајакнат режимот со сунитско малцинство, од се' поголемиот бран протести, предводени од шиитското мнозинство во островското кралство. Саудиските единици влегоа во Бахреин под знамето на Советот за соработка во Заливот (ГЦЦ), а саудиските владетели упатија јасни инструкции да се усвои политика со железна тупаница за демонстрантите, повторно тврдејќи дека злобната рака на Иран е во игра за поткопување на државата. Без сомнение, Саудијците веруваат дека Бахреин, предводен од шиитите, би довел до иранска доминација на нивниот праг. Тука, повторно, кралството ја искористи својата политика на дарежливост преку ГЦЦ, ветувајќи му на Бахреин 10 милијарди долари во следната деценија. Други финансиски заложби од голем обем им беа дадени на Оман и на Јордан, двете држави саудиски сојузници што успеаја да ги замолчат првите гласови за масовни протести.

Подалеку, во Либија и во Сирија, Саудијците малку реагираа, можеби, за да избегнат избирање на губитничката страна во несигурни околности. Кралството не го сака либискиот лидер Моамер ел Гадафи, кој се обиде да изврши атентат врз кралот Абдулах и водеше усогласена антисаудиска пропагандна кампања најмалку една деценија. Саудијците со сигурност би сакале Гадафи да биде соборен, но тие немаат реален удел во исходот од либискиот бунт.

Поблиску до дома, кралството го презира сирискиот претседател Башар Ал-Асад поради неговото сојузништво со Иран и дволичноста во Либан. Но, неговото паѓање би ги соочило Саудијците со ризикот една земја да биде предводена од Муслиманското братство. Уште полоши се изгледите Сирија да западне во хаос, вовлекувајќи го Либан, можеби, поширокиот регион - во ��оа. Употребата на прекумерна сила од режимот на Асад, особено смисленото убиство на илјадници, главно, сунитски цивили, неодамна поттикна построг став. Кралот Абдулах ги опиша убиствата како неприфатливи, и го повлече амбасадорот од Дамаск. Сепак, останува да се утврдат актуелните политички импликации.

Соседен Јемен е многу понепосредна закана. Опозицијата е безнадежно поделена, а племенското и военото раководство е целосно загрозен. Застрашувачки, југот го преземаат тврдокорни исламисти, некои во сојузништво со Ал Каеда. Расфрлањето со пари наоколу нема да функционира во Јемен, кој е премногу голема и комплексна земја за да воспостави мир. Всушност, земјата е на работ на тотално пропаѓање.

Денес, Саудијците се сведоци како 24 милиони Јеменци - гладни, силно вооружени и завидливи на саудиското богатсво - гледаат од другата страна на границата. Ако избувне граѓанска војна, Саудијците не ќе можат да ги запрат брановите бегалци. Но, кралството останува парализирано, се' уште двоумејќи се дали да дозволи претседателот Али Абдулах Салех, кој закрепнува во Ријад од повредите здобиени во бомбашки напад, да се врати во Сана за да го продолжи владеењето.

Поради целото богатство и планирањата, Саудијците остануваат чувствителни на превирањата околу нив. На домашната сцена, наследството од владеењето на саудиското семејство, стравот од хаос, зголемените јавни трошоци и многубројните безбедносни сили создадоа мир. Но, се жртвуваат скромно политичко отворање и економска разновидност далеку од државната индустрија. Во Бахреин сега се смирени работите, но шансите за натамошна радикализација на шиитското мнозинство во земјата се зголемуваат, веројатно, во полза на Иран во долгорочни рамки.

На Блискиот Исток доаѓа голема промена. Далеку од јасно е дека саудиската политика на стабилност по секоја цена ќе го зајакне режимот.

(Авторот е професор по блискоисточни студии на универзитетот „Принстон“

и пишува за „Проект синдикејт“. „Утрински весник“ е дел од мрежата на „Проект синдикејт“)


#
Статијата е прочитана 849 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Стил
Печатено
Паника и страв на берзите
Рецесијата ги избрка метросексуалците
САД го поздравија гестот на Бесими
Лососот ќе почека за да плива во македонските рибници
Сендвичи со домашен шмек
Прстот на Хилари
Само леб и вода за синот врзан со синџири
Пожарот на Пелистер утрово изгаснат!
„Гугл“ ја купи „Моторола“ за 12,5 милијарди долари
Бело како сонот на невестата
Независноста и кичот
Ќе летаме во Истанбул за викенд
Одбележана 30-годишнината на персоналниот компјутер
Голема лекција за децата од паркот
Долги нозе за домаќински муабети
Дванаесет загинати во авионска несреќа во Канада
Домашен хеликоптер, ловиште за „порше“, магаре ТВ-ѕвезда...
Липите курбан, на тополите
Ѓоковиќ против Мареј во финалето на Синсинати
Опозиција за мерак
Жестоки судири меѓу бунтовниците и силите на Гадафи
„Камен е чупено - не ја бидва!“
Огнот во кој гориш

"""