Број 3661  сабота, 20 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Хороскоп

Хороскоп

 

Овен

Многу претставници од овој знак ќе се вљубат или ќе ја зацврстат врската со саканото лице. Поволниот финансиски извештај ќе ве поттикне на акција што долго ја планирате. Заштитени сте од непријатности и здравствени пречки. Контролирајте ја бунтовноста.

Бик

Постојат некои ситуации од вашето минато што не ви даваат мир. Соочете се со нив. Пред да се зафатите за работа испитајте дали ги имате сите потребни услови. Поспаноста лечете ја со работа. Измерете го притисокот. Внимавајте кому се доверувате.

Близнаци

Одличен ден за нов почеток. Покажете што чувствувате. Приближете се еден кон друг. Ќе удрите темели на еден нов проект. Самодовербата ви расте. Вашиот енергетски потенцијал е висок. Почнете да се занимавате со вежбање. Покажете иницијатива.

Рак

Една личност ќе ви испраќа тајни сигнали. Можна е средба со стара љубов. Работата ви цвета. Една нова понуда ќе ви отвори можност за патување. Не носете тешки предмети. Внимавајте на синусите. Не се откажувајте без борба.

Лав

Можни се неочекувани промени во вашата врска. Нешто наеднаш ќе се преврти. Ќе биде подобро ако прифатите совет или да почекате некое време со одлуката. Преполни сте со енергија и оптимизам. Ги привлекувате туѓите погледи. Внимавајте на паричникот.

Девица

Вашиот шарм ќе биде фатален за едно лице што веќе долго време ве набљудува. Поради финансиските промени ќе мора да ја смените деловната тактика и да заземете порешителен став. Препорачлива е прошетка покрај море или езеро. Не ги предизвикувајте нервозните личности.

Терезија

Пријателите ќе ви помогнат да пребродите некои недоумици и да сфатите што сакате. Во разговор со блиска личност ќе откриете некои нови деловни можности. На вашето расположение ќе влијае и однесувањето на блиските. Проверете ја состојбата на сметката.

Скорпија

Однесувањето на едно блиско лице ќе ве принуди да го дигнете гласот и да го кажете она што инаку не би го кажале. Ако работите со луѓе, имајте повеќе трпение за жалбите и рекламациите. Би можеле да почувствувате болка во грбот и во мускулите. Покажете колку сте толерантни.

Стрелец

Една ситуација ќе мора да ја свртите во своја корист. Бидете итри. Се' уште со своето знаење и познавање можете да ја смените постојната ситуација. На несоницата ќе влијаат нерешливи проблеми. Другите премногу се потпираат на вас.

Јарец

Љубовниот партнер ќе ве изненади со подарок или идеја што ќе ве восхити. Во вашата работна средина ве очекува неизвесна ситуација и неодредени односи. Водете сметка за исхраната. Не се лекувајте сами. Не претерувајте со самотијата.

Водолија

Емоциите ќе ве оневозможат правилно да ги процените намерите на блиските луѓе. Ништо не земајте за сигурно. Ситуацијата се менува од ден во ден и тоа сосема неочекувано. Чувајте се од удари во нозете. Не се откажувајте без борба.

Риби

Деловните проблеми ќе ви ја одземат смислата за романтика. Ќе го посакувате невозможното. Постојат лица што се подготвени на се', па и на матни работи. Под стрес сте. Потребен ви е долг одмор. Послушајте го внатрешниот глас.


#
Најди! во Утрински

"""